Што ќе правам во рајот откога ќе умрам

XИкса

Гласник на вистината
Член од
13 август 2015
Мислења
27
Поени од реакции
31
Се додека човекот има вакви желби и мисли дефинитивно нема да замине во рајот. Оние кои се таму воопшто немаат потреба од такви нешта што ќе ги направат привремено среќни.
http://www.spiritualresearchfoundation.org/mk/zivot-posle-smrtta
И ако не верувате не мора да ја тролате темата. 
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Телемитите велат дека после нашата смрт ќе бидеме звезди, какви ќе бидеме ме интересира, дали ке се разликуваме по големина, по старост, по светење во мракот...има ли разлика поради нешто??:)
Погрешно, не велиме дека после смртта ќе бидеме ѕвезди. Секој маж и секоја жена е ѕвезда од моментот кога се раѓа, и не ѕвезди во буквална смисла, туку во алегориска. Во езотеријата "Светлината" не е физичката - видлива светлина, туку есенцијата на божественото. Ние сме "ѕвезди" бидејќи сме свесни битија, дел од божественоста. Секој од нас е дел од Бог а со тоа и самиот Бог.
Рајот или пеколот не се место или дестинација, туку состојба на нашето битие. Секој во себе ги носи и рајот и пеколот, од него самиот зависи дали ќе го искуси едното или другото.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Се додека човекот има вакви желби и мисли дефинитивно нема да замине во рајот. Оние кои се таму воопшто немаат потреба од такви нешта што ќе ги направат привремено среќни.
http://www.spiritualresearchfoundation.org/mk/zivot-posle-smrtta
Шала на страна, темава ја отворив за озбилен моабет сакајќи да видам дали некој знае нешто и дали имате визија воопшто како изгледа рајот.
Досега немам добиено ниеден адекватен одговор дури ни од свештените лица.Што ќе ни е вечен живот тогаш?
Какви се тие луѓе што велиш ти дека немаат потреба од привремена среќа?
Како го замислуваш ти рајот?
Мене некако визијата дека ќе живеам вечен живот ко во Џурасик парк, животни што не се во кафези и да гледам само весели насмејани среќни лица(од што среќни само незнам), нема материјални благодети...не ми е нешто привлечно искрено да ти кажам.[DOUBLEPOST=1469297439][/DOUBLEPOST]
Погрешно, не велиме дека после смртта ќе бидеме ѕвезди. Секој маж и секоја жена е ѕвезда од моментот кога се раѓа, и не ѕвезди во буквална смисла, туку во алегориска. Во езотеријата "Светлината" не е физичката - видлива светлина, туку есенцијата на божественото. Ние сме "ѕвезди" бидејќи сме свесни битија, дел од божественоста. Секој од нас е дел од Бог а со тоа и самиот Бог.
Рајот или пеколот не се место или дестинација, туку состојба на нашето битие. Секој во себе ги носи и рајот и пеколот, од него самиот зависи дали ќе го искуси едното или другото.
Благодарам и извини што згрешив а што се случува после смртта, кои се вашите замисли?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Благодарам и извини што згрешив а што се случува после смртта, кои се вашите замисли?
Смртта е момент или искуство кога индивидуалноста или егото се анихилира или "враќа" во бесконечната божествена суштина. Кога битието станува едно со "изворот", со божественото.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Смртта е момент или искуство кога индивидуалноста или егото се анихилира или "враќа" во бесконечната божествена суштина. Кога битието станува едно со "изворот", со божественото.
И само толку, после тоа нема ама баш никакви замисли , идеи, реинкарнации, рајови, пеколи,:(
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Стварно очекуваш дека ќе добиеш веродостојни податоци за ова?
Кој бил па се вратил за да ти каже што се случува,нешо ако мислиш на тие што доживеале клиничка смрт па им се појавила некоја светлина па биле во рајот па дрн мрн како и да е на ништо неможеш да се потпреш.
Ништо не замислувам нит рај нит пекол.Го замислувам земјениов живот,денес да ми е подобро од вчера и утре да ми е подобро од денес пошто коа ќе умрам нема многу да ми биде гајле дали ќе јадам јагоди со ангелите или ќе идам кај Луцифер коа и таму и ваму ќе ти биде мака за работи што не си ги напраил а си можел и се што си пропуштил и ќе ти фалат сите што не се до тебе а сурово е да сакаш таму некаде горе да дојдат да ти праат друштво.
 
А што да ти одговорам, блазе си ти..јас понекогаш и со страв дури размислувам што ќе биде и како ке умрам, појако е од мене...А зарем само за толку ли е човекот створен, за толку кратко време да му пројде функцијата или задачата на земјата, која е целта тогаш на човештвото??:(
 
XИкса

Гласник на вистината
Член од
13 август 2015
Мислења
27
Поени од реакции
31
Не можеме да си направиме слика за рајот бидејќи нашата свест е ограничена. Но, ни најголемата среќа во физичкиот свет не може да се мери со онаа во рајот. Оние кои се доволно духовно зрели рајот може да го почувствуваат и додека се живи. Ако сакаш да ја дознаеш вистината, поентата на животот на Земјата, најважно е да имаш јака желба. Кога ќе имаш доволно голема желба одговорот ќе го добиеш. Веродостојни информации не барај од едно место. Туку гледајќи од што повеќе агли ти самата можеш да оформиш слика. Под ова се подразбира многу многу читање, разговор со различни луѓе кои подобро ја познаваат темата... Да беше толку едноставно да се пренесе секој ќе знаеше. :)
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
А што да ти одговорам, блазе си ти..јас понекогаш и со страв дури размислувам што ќе биде и како ке умрам, појако е од мене...А зарем само за толку ли е човекот створен, за толку кратко време да му пројде функцијата или задачата на земјата, која е целта тогаш на човештвото??:(
Секое битие си има различна цел во животот за некој деца да напраи некој да биде познат некој пари да има некој да снима порничи некој да се пумпа со силикони...
ти која сакаш да е твојата цел во животот?откриј се сама себе откриј шо сакаш да праиш и праи го тоа не губи време за глупости за нешто бесполезно само тонеш во прашања и нишо не добиваш
живеј го животов шо го имаш а ако тролаш консултирај се со психијатар таму ги имаат сите одговори
 
Краток одговор ќе ти дадам...И психијатарот несака да умре а сака да оди во рајот, и него го интересира како изгледа тану некаде горе(биди сигурна):) И зошто да не прашувам кога верата нон стоп ни проповедува вечен живот?
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Краток одговор ќе ти дадам...И психијатарот несака да умре а сака да оди во рајот, и него го интересира како изгледа тану некаде горе(биди сигурна):) И зошто да не прашувам кога верата нон стоп ни проповедува вечен живот?
Епа неможе да не умреш а да идеш во рај нека си умре психијатарот па ако е чесен нели како што проповеда религијата чесните и добрите одат во рајот можеби ќе отиде.
Ти кажувам џабе прашуваш нема да добиеш веродостоен одговор и иди прашај неколку попови и они немаат благе везе сите различно си кажуваат кој како слушнал кој шо сака да каже.
Не си губи време за џабе тоа од мене ко совет
 
XИкса

Гласник на вистината
Член од
13 август 2015
Мислења
27
Поени од реакции
31
А што да ти одговорам, блазе си ти..јас понекогаш и со страв дури размислувам што ќе биде и како ке умрам, појако е од мене...А зарем само за толку ли е човекот створен, за толку кратко време да му пројде функцијата или задачата на земјата, која е целта тогаш на човештвото??:(
И јас некогаш бев многу љубопитна и сакав да добијам одговор на овие прашања. Овие прашања кој секој си ги поставил, но не секој бил доволно храбар за да го пронајде одговорот. Најчесто заради тоа што се смета дека не е можно да се добие одговор. Околината те прави будала и ти во тоа почнуваш да веруваш, но потајно пак се запрашуваш. Јас бев упорна и ја задоволив љубопитноста. Но, сепак со пронаоѓањето на одговорите на старите прашања, доаѓаат нови прашања. Но, сега се чувствувам многу посмирено, задоволно, гледам од поширока перспектива, нештата ги гледам од повеќе страни. Тоа не се глупости верувај! Нека не те залажуваат, нека не ти ги гаснат искрите на љубопитноста што ја предизвикала твојата душа. Таа чека да ја откриеш! Ти не си само материјално тело. Ти си нешто многу повеќе. Нашиот јазик е сиромашен и ограничен како и нашата свест затоа не може да се опише, туку треба да се почувствува. Не се откажувај, не оддолжувај.
 
Нема да се откажам..само се чудам како овие сезнајковциве на форумов за религија на пр. @MIKI1 и други несакаат да ми ја кажат нивната визија за рајот а библијата ја знаат како оче наш:)
 
Последно уредено од модератор:

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Погрешно, не велиме дека после смртта ќе бидеме ѕвезди. Секој маж и секоја жена е ѕвезда од моментот кога се раѓа, и не ѕвезди во буквална смисла, туку во алегориска.
И во буквална сме.

Секој атом и кварк во нашето тело доаѓа токму од ѕвездите. Полесните елементи настанале при раѓањето на ѕвездата, потешките кога умирала (супернова).

Ама ти то веќе го знаеш ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom