Што читате во моментов? (со краток коментар)

P

Patience

Гостин
Гледај го филмот, мене книгата ми летна во два дена. Фина приказна..
Не знаев дека имало филм:toe:
Ќе се потрудам да го гледам, може екранизацијата на приказнава е подобра, бидејќи како што пишав книгава и не ми е нешто нај нај.
Тенкс енивеј.:)
 
Член од
21 декември 2015
Мислења
8
Поени од реакции
3
Шепнувачот - Донато Каризи

Книгата просто остава без зборови.Неизвесност од почетокот да крајот.
Накратко ќе ја објаснам книгата.Во почетокот во парк наоѓаат 6 детски леви раце,и веднаш претпоставуват чии се затоа што имало пријавено за 5 исчекзнати момички.Но не се знаеше 6тата.Подоцна Мила и Горан ( полицајци ) се зближуваат и заедно со тимот решаваат да го откријат овој случај.Почнуваат полека да ги собираат доказите и секоја девојка има различен убиец и тешко е да се поврзат меѓу себе.На крајот се знае кој е тоа - шепнувачот.Прочитајте ја,има 600 страни а јас ја прочитав за 3 дена.Просто е невозможно да ја оставиш.

Оценка 10/10
:cuc:
 
P

Patience

Гостин
Clair de lune - Pierre La Mure

Барав да читам биографија деновиве и ова ми го даде библиотекарката. Биографијата на познатиот француски композитор Клод Дебиси. 500 и нешто страни, плус книгата е на српски, се влечам ко желка со читањето. :ROFLMAO:
Интересна е, Дебиси првите години од животот ги поминал кај тетка му. Таа немала пород и инсистирала Клод да живее со неа. На површина излегува неговиот талент, тетка му го препознава и го поддржува. Но таа умира, па Дебиси се враќа кај неговите родители и тука почнуваат проблемите. Немаштијата ќе го натера Дебиси да работи така што ќе дава часови по музика. Неговите желби за понатамошно усовршување веќе не се во прв план, тој ќе гледа само како да му помогне на семејството...
Ми се допаѓа(y)
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
61
Поени од реакции
64
Парфем од Зискинд. Филмот мнооогу ми се допадна и пред некој ден случајно налетав на книгата. Прекрасна приказна за еден сериски убиец. Името му е Жан-Батист Гренуј и има многу развиено сетило за мирис. Во потрага по совршениот парфем тој убива неколку жени. Дејството е сместено во Франција во осуманесеттиот век. Прекрасно напишана. А вреде и филмот да се изгледа.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Село зад седумте јасени... печат од 1952 година
(и песни од истиот автор...печат од 1948 година)
прв ден и отидова 50 страни... баш ме интересира тој период.
---
Дали ова издание е прво,кое потоа е нешто сменето-препечатено
во една тема за прв македонски роман имаше муабет баш за ова,дека не бил тој прв роман туку оној на Стале Попов.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Москва на солзите не им верува-Валентин Черних

Се раскажува за опстанокот на 3 девојки кои доаѓаат од провинција во Москва ,сите три се борат за иднината на сопстевн начин.За едната не е морално да има љубовник и да растура бракови,за другата е важно да се омажи за Московјанин,за третата најважна е љубовта и разбирањето..
Иако книгава зборува за едно поинакво дамнешно општество за мене овие три девојки и ден денес постојат и можат да се сретнат.Тоа најмногу ми се допаѓа кога ќе пронајдам нешто заедничко на некоја постара книга со денешнинава.
Дефинитно ја читам до крај иако стилот ми е малку поразличен и единствена замерка до сега ми е тоа што авторот открива работи што ќе се случат понатака...а баш сакам во незивеснот да ме држи :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Вишнова хроника - Фросе Пармаковска
По првична препорака на @Zlatikevichius, вчера ја почнав... Наративност во долги реченици кои буквално те носат точно на местото на „злосторот“, лесен концизен стил, баш како што вика „задната корица“ без скриени пораки, едноставно така како што е. Се` уште сум иако при крај на првата третина, но мислам дека ќе летне како алва книгава, иако не е разделена на многу мали поглавја (во некои случаи тоа може да биде и заморно, што тука не е случај). Ќе видиме како ќе се отплетка клопчето storywise, но вака по мене - ветува, и тоа многу.
Прашање - селото што го споменува Фросина е Водоча или јас нешто бладам?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Вишнова хроника - Фросе Пармаковска
По првична препорака на @Zlatikevichius, вчера ја почнав... Наративност во долги реченици кои буквално те носат точно на местото на „злосторот“, лесен концизен стил, баш како што вика „задната корица“ без скриени пораки, едноставно така како што е. Се` уште сум иако при крај на првата третина, но мислам дека ќе летне како алва книгава, иако не е разделена на многу мали поглавја (во некои случаи тоа може да биде и заморно, што тука не е случај). Ќе видиме како ќе се отплетка клопчето storywise, но вака по мене - ветува, и тоа многу.
Прашање - селото што го споменува Фросина е Водоча или јас нешто бладам?
Сеа видов... Слепче е.
Ти`бам ептен се накурчив со дешавкиве. Онака ко луѓево шо гледаат GoT.
 
P

Patience

Гостин
Харемот на Гадафи - Аник Кожан

Вистинска потресна приказна на младата Сораја која на свои 15 години станува дел од најсуровите мисли што излегуваат од болниот и перверзен ум на либискиот лидер Муамер Гадафи за време на неговото владеење.
Постојано силувана, малтретирана од страна на Гадафи смислува начини како да побегне од ваквиот живот.
Нејзината судбина ја делат уште стотици други млади девојки.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Инферно - Ден Браун
Сооглед на позитивните импресии кој ги имав стекнато од претходните дела на Браун (особено од Кодот на ДаВинчи), морам да признаам дека сум прилично разочаран. Претерува со описот на градовите, катедралите, плоштадите и сл. Нешто што го прави романот досаден. Крајот е лесно предвидлив, а текот на настаните ми е постојано ист (Ленгдон шета од еден до друг симбол и се решаваат сите проблеми). Сметам дека и цената за едно вакво дело е висока.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Облечен човек-Игор Џамбазов

10 приказни т.е станува збор за луѓе кои го опкружуваат неговиот живот или некогаш го опкружувале.Пишува за неговиот татко,другарот,остварени и неостварени љубови итн.Има доста смешни настани кај што си го мести другар му и шлаканицата од татко му се изнасмејав солзи ми потекоа.Сега сум напочеток ама значи за таа Џеси ме копка која е кхм :rolleyes:
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Облечен човек-Игор Џамбазов

10 приказни т.е станува збор за луѓе кои го опкружуваат неговиот живот или некогаш го опкружувале.Пишува за неговиот татко,другарот,остварени и неостварени љубови итн.Има доста смешни настани кај што си го мести другар му и шлаканицата од татко му се изнасмејав солзи ми потекоа.Сега сум напочеток ама значи за таа Џеси ме копка која е кхм :rolleyes:
и јас сакам да знам која е џеси :D
а за татко му џамбаз дешавките се закон! човекот цар е, сигурно било чешит да се живее со таков родител хаха

едино во оваа книга од џамбазов уживав... последната не ми се допадна, приказни од мјаукедонија е срање. гол човек е океј, прирачник за антиантиалкохоличари е така така...
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
и јас сакам да знам која е џеси :D
а за татко му џамбаз дешавките се закон! човекот цар е, сигурно било чешит да се живее со таков родител хаха

едино во оваа книга од џамбазов уживав... последната не ми се допадна, приказни од мјаукедонија е срање. гол човек е океј, прирачник за антиантиалкохоличари е така така...
Сите се пожалија за мјаумакедонија ќе ја читам и таа баш да видам.Антиантиалхохоличари и гол човек се за периодот кога е со коцкава и остало а оваа книга е топ да се посмееш и да видиш поинакви времиња и поинакви луѓе :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Moментално Алеф, а претходно Фикции од Борхес. Шо да речам. Како си вези човекон у пизду матер, онака се исклучуваш дури го читаш. Огромни познавања што се однесува до филозофијата, и што е најдобро, важни филозофски целини става на интересни места во неговите кратки приказни. Онака во најпогоден момент што би се рекло, колку за да го остави човек да размислува.

Фикции според мене е на малку повисоко ниво. Малку потешка книга која си бара предзнаења за да му се влези во штосот и суштината. Алеф (скоро при крај сум уште 30 страници) е малку поприземна, пошто си бичи тука одредени настани без многу „фикции" што би се рекло, али тоа е некоја минимална нијанса која прави разлика меѓу овие две дела. Особено интересно ми е што токму во овој автор на неколку наврати ја спомнува Македонија и Ацета (побарав и други верзии шпански/англиски и таму е пишано Македонија/Ацета од Македонија).

Ремек дело. Ги прочитав расказите на Алан По, Гогољ, Кафка и сега Борхес. Сите на свој начин се мајстори. Едниот по мрачноста, другиот по прекрасните описи на Русија и целата таа психологија кај рускиот народ, другиов кратко, јасно, крајно парадоксално и за четвртиов кажав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom