Што читате во моментов? (со краток коментар)

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.522
Поени од реакции
33.704
Ja docitav denes Zlatniot Paviljon od Mishima.
Ne znam so koj um ja zemav za na odmor, ama toa e druga tema
Mi ima smisla koga covek e najsloboden togas da dade sansi na teski knigi, koga nema obvrski niz den
OCIGLEDNO WOT NE E TAKA
Dali ke znaes za drug pat koga ke ides na planina ili more, praznici ili zemes nekoj sloboden den za onaka, kako i obicno - ne.

Mishima pak dava primer za povreduvanje na mache, nesto sto go sretnav i vo prvata procitana kniga od nego, The sailor who... i za malku ke ja ostavev, pa si rekov iako ocigledno odlicen avtor sledno druzenje pak posle nekoja godina. Taka nekako mislam deka mu se odmazduvam, toa cancel kulturata mislime deka ni dava nekoi prava da mislime deka sme bitni nesto.

Knigata e fikcija bazirana na vistinski nastan, spoiler uste u description, za Zlatniot Paviljon (almost art instalacija) koj izdrzal mnogu vekovi i posteden od mnogu vojni, golem simbol za budizmot za na kraj da bide zapalen od 20nesto godisen monk poradi nezamenliva ubavina sto ja imal hramot. Go sledime zivotot na mladiot budist od negovoto detstvo pa se do samiot cin. Prilicno tesko e da se povrzes so likot bidejki negovata manicna opsesija so hramot pocnuva od mladi godini pa se do stepen sto stiga da hramot mu pravi cockblock. Rastejki bez tatkova figura i neavtoritetna majka, relativno grd i peltecejki ne razviva social skills, neuspesnost kaj zenskiot pol i pogresno tolkuvanje na nekoi zen ucenja - toj unistiva pregolem istoriski beleg vo ime na ubavinata i nejzino spoznavanje. Me potseti na momenti na nekoi muabeti so @DaedaIus za umetnosta i sto e umetnost, sto moze da se smeta za umetnost. Ubavina plus znaenje/spoznanie pravi umetnost. Apparently.

3.5 od 5.
Psiholoskiot profil e macen, likot e tezok a mi precese i mesto da ni opisuva sto mozebi cuvstvuval likot celo vreme toj go pretstavuvase toa kako direktni misli, duri cesto i izusteni. Nikoj 21 godisen ne e tolku self aware, tolku ne se analizira i taka ne realiziran da ja sfati taa bezizlezna besmislenost.
Plus e socna so detali, sekoj del e poeticno raskazen, sozdava fantasticni sliki i pejsazi taka da kombinirano iako e 250 300 strani ne se lista bas brzo i izmoruva. NE JA ZEMAJTE ZA NA ODMOR.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.674
Поени од реакции
13.272
Периодов заглавив низ истанбулските улици. Го започнав Танпинар со неговиот душевен мир, но испадна дека е преголем „залогај“ па се префрлив на Памук со неговите „Мемоари и градот“. Убав опис меѓу неминовното „вестернизирање“ и напорот да се остане автентичен во денешново лудо глобалитичко време. Со доза на реминисценција на загубената некогашна „космополитска“ империја. Топло препорачувам.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.924
Поени од реакции
13.902

Убавото кај Памук е што не се труди да биде пропагатор и да наметнува свои ставови, туку покажува симпатии кон сите свои ликови без разлика на која страна се во тој процес. А во сите книги доминира тој судир на исток и запад, традиција и модернизам, религија и атеизам/агностицизам.

Можеби претпоследната негова книга "Чудност во умот" му е најдобра, затоа што не се труди да докажува колку е талентиран, што некогаш придонесува да биде можеби малку напорен и досаден.

А ако те интересираат таквите теми, можеш да ја погледнеш и серијата Етос.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.121
Поени од реакции
9.977
"Лето во кое те нема" уште едно филмско дело од Петар Андоновски.
Ми лежи перото на Петар.

"Страв од варвари" му е роман-филм што додека го читав посакав некој да го филмува, а добар дел и од овој роман во глава ми се вртеше ко филмска трака, глатко, убаво.

Иако се работи за геј роман, за среќа немаше премногу експлицитни сцени освен еден-два описи. Оцена 4/5.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
"Куќата на гласовите" од Донато Каризи.

Фантастичен трилер, трилер кој ми дава желба да го дочитам сето она што ми остало непрочитано од Каризи на полица. А мислев дека "Шепнувачот" е врв. Книга која ме извади од летаргијата за читање.

Прологот, со кој започнува книгата, е всушност сцената која треба да се разјасни во приказната.

Пјетро, детски психолог, добива порака од своја колешка да прифати пациентка, која доаѓа во Италија со цел да ја открие вистината која се крие зад нејзините први сеќавања (пролог). Истата не е дете, но била сведок на злосторство од своето рано детство и има потиснати мемории кои преку хипнозата се обидува да ѝ помогне да ја разоткрие вистината...

Обично објаснувањето зад логиката во трилерот го остава како последно поглавје. Немојте да ѕиркате. :D

Ми кажаа дека уште една негова книга се преведува. :love:
 
Член од
17 март 2017
Мислења
316
Поени од реакции
513

Оваа е дел од серијалот за Мила Васкез или свештеникот Маркус?Или посебна е?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Во окото на свеста- Хокан Несер

Амнезијата зачинета со некое невозможно убиство ми е веќе клише. Ја пронаоѓа својата сопруга мртва во бањата, заклучена одвнатре, и не се сеќава на ништо од претходната ноќ!

Стигнав до зачетокот на судскиот процес и досега, сем запознавање со сцената на злосторството и со ликовите, нема друга мост идеја која ќе го натера просечниот читател да размислува за оваа книга.

Дури и самото претставување е плитко и штуро. Како писателот едвај да чекал да ни ја претстави идејата која ја родила оваа книга.

Ќе ја смачкам до утре, ама сега за сега не ми остава некој добар впечаток.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.659
Поени од реакции
21.601
Собата затоплена, обврските завршени, какаото до мене - почнувам со голем подвиг да го прочитам серијалот Тркалото на Времето од Роберт Џордан (The Wheel of Time) почнувајќи со првата публикувана книга Окото на Светот (The Eye of the World).
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Нешто во водата- Кетрин Стендман

За промена од лошите трилерчиња од Антолог, ова има многу ветувачки почеток. Дури и наративот и шивописните описи ми се допаѓаат. Пишуван е од женска призма (Ерин).

Пролог: Ерин е во шума, макотрпно копа гроб, а нејзиниот сопруг е мртов!

Ерин и Марк, по нивната венчавка планираат меден месец на Бора Бора.

Стигнав до нивната венчавка. :pipi:

Иако не стигнав далеку во книгата, околу 50тина страни, очекувам да ме држи буден уште неколку часа. :noze:

Оваа ми беше по препорака од @Darklady . Ми се допаѓа тоа што селективно ми ги препорачува книгите, не онака ко тетките од фб каде нема лоши книги и ќе ти подметнат некое отров досадно преку ноќ напишано (љубовно) романче- жали Боже пари!

Повеќе книги да ми препорачуваш во 2022. :backa:
 
Член од
15 август 2021
Мислења
115
Поени од реакции
383

Ја прочита до крај? :D
Кажи крајот како ти се допадна.
Неочекуван.:love:

Фан сум на Фицек но моментално решив да променам во Лиса Гарднер - Јас те сакам повеќе.
Лиса нема промашај и би ја ставила во топ 5 заедно со Фицек, Каризи, Баркли и Ју Несбе.

Тек сум на старт, ја обожавам ДиДи Ворен.
Всушност, книгата започнува со убиство и до каде би одела мајката за своето дете.
Тек сум на почеток, за повеќе информации следниов период.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
"Морето на изгубеното време и други раскази" од Габриел Гарсија Маркес. :love:

Ја купив чисто компаративно за со другите негови раскази во "Рибата е црвена", книга која ми остави голем впечаток. Содржи историски, политички, биографски раскази, за Куба, за Хемингвеј, за тоа како требало да се однесува еден новинар до тоа на кој начин ги пишувал книгите... Овие повеќе ми се допаѓаат, далеку се посодржински, читателот сам треба да е во потрага по поентите и ме возат напред-назад.

Мало книжуле, го почнав пред малку, ќе го завршам до крајот на денот, но ми се допаѓа. И тука, со оваа книга, ја заклучувам оваа година. Наредната ќе ја започнам со "Терапија" од Фицек (ветив) и со "Филмски клуб" од Дејвид Гилмор, а можеби и со "Хроника на една најавена смрт" од Маркес. Потребен ми е и психички и физички одмор од сѐ, па така ќе одам на нешто полесна литература.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom