„Koko“ на Peter Straub.
Од него ја имам читано уште „Ghost Story“. Двата романи имаат доста заеднички работи. Освен што авторот им е ист, заплетот, ликовите, а по се изгледа и расплетот необично потсетуваат еден на друг, што не баш за машала. Секако, неколку измени - темата, географскиот простор и сл. постојат, ама тоа не е доволно. Ликовите на Straub можеби се реалистични, но се повторуваат и воопшто не ми се впечатливи. А треба кај читателот да се разбудат некакви емоции за нив, позитивни или негативни, симпатија, сочувство или одвратност. Е па, авторот изгледа мисли дека тоа не е неопходно. Слично е и со односите меѓу ликовите. Независно од тоа дали врските меѓу нив се пријателски, љубовни или непријателски, преовладуваат површност, празнина, неубедливост. И сето тоа е фино сместено на неколку стотини страни.
„Приказната за духовите“ е подобар избор меѓу двеве книги.