Што слушаме во моментот? (Читај правила)

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Прво и најбитно правило.

Користете само текст линкови, не медиа, поради поголема прегледност и подобра брзина во отворањето на страната.
Медиа линковите ќе бидат отстранети, како и секое мислење кое го надминува дозволениот лимит(3 песни на ден).
Дозволена е дискусија околу песните на членовите.

Освен постирање на линк, мора да се напише и збор два околу песната.Како можности ги предлагам следниве:
1.Оценете ја песната(ова ви е најлесна можност, доколку не сакате да пишувате реченици)
2.Како ја доживувате истата или какви спомени ви буди
3.Како ви се допаѓа доколку прв пат ја слушате
4.Збор-два околу албумот во кој песната припаѓа
Дозволени се и други муабети, но да битното е да не биде постот само текст-линк.

Со помош на оваа тема ќе можеме подобро да се запознаеме со вкусовите на членовите, тука во овој подфорум, да научиме по некоја нова песна, нов бенд, нов правец, да го зголемиме музичкото познавање. Нема ограничување на правци, нека постира секој што му душа сака.

Да го скршам јас мразов.Кај мене моментално во винамп одат King Crimson со албумот Discipline.
Песната е The Sheltering Sky
 
W

Werther

Гостин
Xmal Deutschland - Peel Session

EP-то е издадено 1985 година, на кое се наоѓаат песните, Polarlicht, Der Wind, Autumn, Jahr um Jahr.

A, да, овој бенд ја има најубавата пејачка, Anja Huwe. Барем додека беше млада...

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Тема со ова име сум видел на сите форуми. На Кајгана мислев дека е олицетворена во две посебни теми - Албум и Хит на денот. Сепак немам ништо против и оваа. Само би било пожелно повеќето песните да се ставаат како линкови, а не како медија, за да не бара темава оптимални компјутерски конфигурации од 4 GB RAM. :)

Иначе @turvior, и кај мене тера King Crimson. Албум Red, песна Starless, веќе неколку пати по ред. Уште не сум почнал со Дисциплината... здравје-живот сабота.
 
Сум ја отворил бидејќи од искуство со Фан пејџ на фб, музички фан пејџ, најголемиот интерес за вклучување на членовите во интеракција со страната, потекнувал од ова прашање. Сум сфатил дека народов некогаш како да има потреба да се изјасни што слуша во моментот, а преку тоа да долови и некоја емоција во тој дел од денот (нели така некако оди муабетов со музиката). Како Драга Кајгана, каде зборот дава опис на денот или моментално расположение, па така оваа тема би имала идентична рефлексија само што тука музиката ќе говори :)
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261

Точно некоаш у дено повеќе пати сакаш да постираш ама не личи така у темата, тука може. Али пак може да прерасне у втора верзија на хит на ден..
Може само името на песната и изведувачот, сето тоа линковано и поубава прегледност.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Сум ја отворил бидејќи од искуство со Фан пејџ на фб, музички фан пејџ, најголемиот интерес за вклучување на членовите во интеракција со страната, потекнувал од ова прашање. Сум сфатил дека народов некогаш како да има потреба да се изјасни што слуша во моментот, а преку тоа да долови и некоја емоција во тој дел од денот (нели така некако оди муабетов со музиката). Како Драга Кајгана, каде зборот дава опис на денот или моментално расположение, па така оваа тема би имала идентична рефлексија само што тука музиката ќе говори :)

Темата е одлична, не реков ништо против неа. Само ми беше чудно како од 2005 никој не му текнало да ја отвори.
И да, луѓето сакаат да ги споделат пред се` своите чувства со останатите, а ако би ги споделиле најарно освен преку музика? Впрочем, 80% од мојата активност на друштвените мрежи е токму ова - споделување на мојот музички вкус и моменталното расположение преку него.
Мислев дека тие двете теми беа соодветна замена за истата, но сега кога ја отвори, повеќе ќе бидам активен тука. :)

Andy James - Angel of darkness

Коловрт, стави си flash blocker и раат ти е главата.
Во 10 за еден не ми се влегува во плагински авантури. :D
Утре ќе го пробам тоа чудо. Благодарам.

Он-топик:

Кајгана радио, Pink Floyd - Us and them.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom