Plavi orkestar - Odlazim
Моментално оваа, додека завршам ќе почне друга ама нема врска.
Песниве од нив ме потсеќаат на една касета што татко ми ја пушташе нонстоп во кола, претежно кога одевме кај роднини што живеат во другиот дел од државава. Имаше едни многу фраерски црни наочари за сонце, ќе си ги ставеше, пушташе касета и тргнувавме.
Мислам дека ју песниве се први што сум ги слушала, и тоа доста често, зошто Каја и Суада ги знаев напамет после неколку години кога ги слушнав, а не ни знаев кои се песните уствари.
Како и да е, ги сакам ју групиве.