Што се треба да има вашиот велосипед?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
МВР со нови правила и казни во сообраќајот:

Опрема за велосипед и велосипед со помошен мотор.


Светло за осветлување на патот и обележување на возилото.

Едно светло за осветлување на патот на велосипеди и на велосипеди со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на предната страна на возилото. Светлината што ја дава светлото од Став 1 на овој член треба да биде во бела боја, а оддалеченоста на светлечката површина на тоа светло од површината на патот не треба да биде помала од 40 cm ниту поголема од 120 cm.

Едно задно позиционо светло во црвена боја на велосипедите и на велосипедите со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на задната страна на возилото. Оддалеченоста на светлечката површина на светлото од Став 3 на овој член по површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm. Светлото може да биде поставено со катадиоптер.

Катадиоптери на велосипеди и велосипеди со помошен мотор

Еден катадиоптер во црвена боја на велосипедите и на велосипедите со помошен мотор треба да биде вграден и поставен на задната страна на возилото, а по еден катадиоптер во жолта или портокалова боја – на секоја страна на педалот (од предната и задната страна). Оддалеченоста на рефлектирачката површина на катадиопетерот со црвена боја на задната страна на возилото од површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm.

Рефлектирачката површина на катадиоптерот во црвена боја на задната страна на возилото треба да биде најмалку осум cm. На бочните страни на предното и задното тркало на велосипедот и велосипедот со помошен мотор треба да има рефлектирачки тела што рефлектираат светлина во бела или жолта боја.

Сопирачки на велосипед и велосипед со помошен мотор

Сопирачките на велосипеди и велосипеди со помошен мотор треба да бидат вградени и поставени за секое тркало, и тоа најмалку по една сопирачка така што да се меѓусебно независни, со тоа што сопирачката на предното тркало треба да биде рачна.

Механичко или електрично ѕвонче

Механичкото или електричното ѕвонче на велосипедите и велосипедите со помошен мотор служи за давање звучни знаци и треба да биде вградено така за да дава едноличен звук со непроменлив интензитет.

Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор
Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор со која се опремени овие возилата е:

– брзиномер;

– циклокомпјутер и пулсметар;

– носач или ногарки за потпирање;

– пумпа, алат и прибор;

– калници;

– бидони и држач за бидони;

– багажник;

– кошница;

– клучалка, сајла со катинар;

– торбичка за ставање на резервен алат и

– седиште за деца.

Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на возач што постапува спротивно на погоренаведените правила за велосипед.

Link
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор
Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор со која се опремени овие возилата е:

– брзиномер;

– циклокомпјутер и пулсметар;

– носач или ногарки за потпирање;

– пумпа, алат и прибор;

– партиска книшка;

– банана за здрава исхрана

– трето дете

– знаменце со сонцето од Вергина

– барокни калници

– барокно седиште со потпирачка
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
а точаков со сета оваа додатна опрема ќе може да се вози само со вртење педали или ќе мора и плин да му се монтира?

рак да фатат еј, рак. И тоа не еден, на три места да им се формира чвор и од сите три метастази да пушти.
 
Т

Триптико

Гостин
Знам што е компјутерот (виделе тие компјутер). Работава е...уште малку и тахограф ќе бараат. Да видат тие каде се возите по цел ден.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Ленс Армстронг да дојде да вози велосипед во Македонија со неговата опрема, пак би го казниле. Поседува само еднo маде.
 
Последно уредено:

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Реално гледано секој кој вози велосипед треба да ги поседува овие работи секако за безбедност во сообраќај. Доколку возите автомобил и посебно ноќе а налетате на велосипедист кој не е соодветно означен поточно нема светла шансите да го лупне некој се доста големи правиме моабет за улици каде што осветлување и скоро да нема. За кацига во скоро сите европски земји мора да поседува секој велосипедит така да кај нас секој е научен како сака и како му текне да вози и затоа повеќето се смеат на ако пореално се погледне и подобро е што се донесува законов.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
До месечина се оди со велосипед така?

– брзиномер; WTF? Ваљда планираат и казни за брзо возење на велосипед да пишуваат
– циклокомпјутер и пулсметар; Кој кур се овие две работи?
– носач или ногарки за потпирање; Зошто на државата би и било гајле дали јас ќе го потпрам мојот велосипед?
– пумпа, алат и прибор; Алат и прибор? Хебла, лажица и виљушка?
– калници; Повторно, зошто на државата би и било гајле дали јас ќе се испрскам со кал кога ќе возам?
– бидони и држач за бидони; Кој кур се и овие две работи?
– багажник, кошница; Ако точакот ми е наменет исклучиво за планинско возење а не за на пазар што ќе ми се?
– клучалка, сајла со катинар; Повторно, зошто на државата би и било гајле ако некој ми го здипли точакот? По реципроцитет би требало да има закон и за задолжителни аларми во колите.
– торбичка за ставање на резервен алат; Онака рандом торбичка ќе ти виси од точакот :pos:
– седиште за деца. What the fucking fuck?


Бонус глупоќа е ова со ѕвончето. Као демек џандарите со аудио опрема ќе мерат дали звукот е едноличен и со непроменлив интензитет :pos:. Не бе, некој намерно да смислува глупи закони нема вакви глупости да смисли. Не можам ни да замислам што е следно за регулирање со закон: задолжителен фитнес, задолжително будење со патриотски песни, задолжително одење во црква, задолжителна опрема при пешачење? Stay tuned....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom