Што се треба да знам за купување плац и градење монтажна куќа

Член од
6 декември 2019
Мислења
6
Поени од реакции
2
Здраво дечки,

Сакав да прашам дали некој ги знае сите процедури и постапки за купување на плац и градење монтажна куќа.
Не знам ама баш ништо освен тоа дека треба продавачот да поседува имотен лист :confused:

Моите прашања:
  • Што се од документација треба да побарам од продавачот на плацот?
  • Каде да се обратам да прашам дали монтажна куќа на тој плац е дозволено да се гради?
  • Доколку плацот нема струја и вода (некои од плацовите што ги гледав немаа), колкави се трошоците за тоа?
  • Како се плаќаат комуналии и што всушност значат тие?
  • Што потоа?
Сигурно има и прашања кои се уште не знам дека треба да ги поставам :D

Ви благодарам на вашето одвоено време :)
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
1.623
Поени од реакции
1.423
  • Што се од документација треба да побарам од продавачот на плацот?
    Имотен Лист.
  • Каде да се обратам да прашам дали монтажна куќа на тој плац е дозволено да се гради?
    Општина.
  • Доколку плацот нема струја и вода (некои од плацовите што ги гледав немаа), колкави се трошоците за тоа?
    Многу, зависи колку си далеку од покриеностa на мрежата, иако ако плацот е во градежен реон со плаќање на комуналиите општината треба да ти осигура вода и струја, но чим нема моментално ќе треба сам да му ја мислиш.
  • Како се плаќаат комуналии и што всушност значат тие?
    Еден дел се плаќа на општина Скопје, и еден друг дел на твојата општина каде сакаш да градиш, со плаќање на комуналиите буквално добиваш дозвола за градба.
  • Што потоа?
    Потоа, ако добиеш дозвола за градба и ги плаќаш комуналиите на општината можеш да почнеш со градба.

ps. Најдобро ти е да се консултираш со архитект/адвокат, он може сите документи да ти ги среди. Инаку без план ништо не правиш првично...
 
Член од
6 декември 2019
Мислења
6
Поени од реакции
2
Фала ти на одговорот.
Имам уште едно прашање. Дали со имотен лист од некоја парцела треба да одам до општината и конкретно само за неа да прашам дали е дозволено да се гради монтажна куќа?
Бидејќи тоа би било најголемо потрошено време доколку барам имотен лист од секој плац што сум го видела, па одам до општина колку да ми потврдат дека е можна таква градба...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.959
Поени од реакции
2.879

Не гледаш ваљда 100 плацеви!
Кај највеќе те интересира?
Инаку ДУП овите на повеќе поголеми општини ги има на нивниот сајт, таму можеш да си ја провериш парцелата која сакаш да ја купиш дали е во опфат!
Помалите општини имаат само опфат и треба да си прашаш! Ама прво направи потесна селекција, внимавај да има пат, вода и струја. Не давај никакви пари додека не се увериш дека имотниот лист е чист.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
1.623
Поени од реакции
1.423
Фала ти на одговорот.
Имам уште едно прашање. Дали со имотен лист од некоја парцела треба да одам до општината и конкретно само за неа да прашам дали е дозволено да се гради монтажна куќа?
Бидејќи тоа би било најголемо потрошено време доколку барам имотен лист од секој плац што сум го видела, па одам до општина колку да ми потврдат дека е можна таква градба...
Се согласувам со @fennel нема сигурно за 100 плацеви да си заинтересирана одеднаш.

Прво и основно што треба да направиш е да си најдеш плац, што ти се допаѓа и што би градела на тоа место, плац кој што ги има елементарните услови како што се пат, струја, и вода. За да не се моткаш по општини за секој плац што ќе бидеш заинтересирана, прво прашај го сопственикот на плацот дали може да се гради, сигурно он знае, но ако вика дека незнае и дека не е сигурен, тогаш со имотниот лист, ќе одиш ќе извадиш извод од план од општината за тој плац, таму многу јасно и прецизно ќе видиш за што е наменет тој плац и дали можеш да градиш и што воопшто можеш да градиш и до која висина.

поздрав.
 
Робсо

вработен во СЗО
Член од
1 септември 2018
Мислења
150
Поени од реакции
466
@Emtree Ако се работи за Скопје и ако дојдиш до некакви цени напиши ги овде. Монтажните се доста евтини, најголемиот влог најверојатно е останатото.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.046
Поени од реакции
798
Ne ti treba imoten list. Baraj brojce od imotniot list ili broj na parcela i na net na stranata na katastar ke vidis dali e gradezno zemjiste ili pa niva. Vo slucaj da ne pokazuva togas odis vo opstinata i si prasuvas. Zavisi od koj grad si, nekogas i geodetskite kancelarii ke ti zavrsat rabota i kazat sho e kako e, ali ova e pretezno za pomali gradovi kade site se znaat.
Jas gledav placevi pred nekoe vreme ali site bea skapi i seuste nemaa komunalii i asfalten pat i na kraj kupiv kuka.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.959
Поени од реакции
2.879
Ne ti treba imoten list. Baraj brojce od imotniot list ili broj na parcela i na net na stranata na katastar ke vidis dali e gradezno zemjiste ili pa niva.
Нива во ИЛ само покажува катастарска култура, а дали е во или вон опфат на урбанистичкиот план тоа не кажува ништо! Освен со контрола на урбанистичкиот план не може точно да се определи, само на основ на ИЛ.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.046
Поени од реакции
798
Нива во ИЛ само покажува катастарска култура, а дали е во или вон опфат на урбанистичкиот план тоа не кажува ништо! Освен со контрола на урбанистичкиот план не може точно да се определи, само на основ на ИЛ.
Mislam deka ako e vlezeno vo urbanisticki plan ke pise gradezno neizgradeno zemjiste ili neizgradeno zemjiste, dokolku ne e ke go pise niva ili kulturata so koja e zasadeno zemjisteto. Nekoi prodavaat 'placevi' u sred niva i jasno go pise deka e niva. Znaci osnovni proverki moze i vaka da se napraat, normalno ako si zainteresiran da go kupis ke si napravis detalni proverki u opstina.
 
Член од
6 декември 2019
Мислења
6
Поени од реакции
2
Не гледаш ваљда 100 плацеви!
Кај највеќе те интересира?
Инаку ДУП овите на повеќе поголеми општини ги има на нивниот сајт, таму можеш да си ја провериш парцелата која сакаш да ја купиш дали е во опфат!
Помалите општини имаат само опфат и треба да си прашаш! Ама прво направи потесна селекција, внимавај да има пат, вода и струја. Не давај никакви пари додека не се увериш дека имотниот лист е чист.
Не гледам 100 :ROFLMAO:
Гледав неколку плацеви во Сопиште. Некои од нив беа "н Нива " некои "гнз Градежно неизградено земјиште ". Како што разбрав, барањето за приклучок на вода и струја си го бараш сам со тоа што има куќи во близина па тоа не било проблем.

@Робсо плацевите во Сопиште се движат од 40-50 евра квадрат (имаше и дури до 100еур), што според мене се прескапи за тоа што го нудат засега.

@galaxys најверојатно и најдобрата опција за сега...
 
Паланчански

ГрЕбач
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.865
Поени од реакции
4.632
Mislam deka ako e vlezeno vo urbanisticki plan ke pise gradezno neizgradeno zemjiste ili neizgradeno zemjiste, dokolku ne e ke go pise niva ili kulturata so koja e zasadeno zemjisteto. Nekoi prodavaat 'placevi' u sred niva i jasno go pise deka e niva. Znaci osnovni proverki moze i vaka da se napraat, normalno ako si zainteresiran da go kupis ke si napravis detalni proverki u opstina.
Можеби е подобра проверка на arec. Истовремено се гледа и локацијата.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.959
Поени од реакции
2.879
Arec( не се ажурира веќе) и OSSP се платформи на Катастарот, убави за гледање и добивање на инфо за катастарската парцела ама околу урбанизмот немаат информации!
Штом е Сопиште само одење во Општината и да се види дали кат.парцела е во опфат. Од друга страна доколку купувате дел од некоја парцела уште пред да купите и направите физичка делба, ви треба потврда од општината дека е во градежен реон. Во малите населени места тоа е решено со општ акт т.е. немаат урбанистички плануви, само опфат!
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.106
Поени од реакции
10.960
Не гледам 100 :ROFLMAO:
Гледав неколку плацеви во Сопиште. Некои од нив беа "н Нива " некои "гнз Градежно неизградено земјиште ". Како што разбрав, барањето за приклучок на вода и струја си го бараш сам со тоа што има куќи во близина па тоа не било проблем.

@Робсо плацевите во Сопиште се движат од 40-50 евра квадрат (имаше и дури до 100еур), што според мене се прескапи за тоа што го нудат засега.

@galaxys најверојатно и најдобрата опција за сега...
Еве ти на сајтот на општината детално што треба да поднесеш за да ти дадат одобрение.

Еве ти и за урбанистички, ако можеш да се снајдеш од сликата кога ќе ја зголемиш ориентационо за парцелата.
 
Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.410
Поени од реакции
29.457
Што е според вас фина локација за викендичка на макс. 30 мин. од Скопје? :)

Близина на река и шума во околина е предност :)
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
31.742
Поени од реакции
45.792
Што е според вас фина локација за викендичка на макс. 30 мин. од Скопје? :)

Близина на река и шума во околина е предност :)
Бродец на Скопска. (шума и поточиња има)
Ја гледав таму и за малку не купив.
20-30k
 
На врв Bottom