Што се случува во Македонија

Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Тоа што се случува во Македонија денес не е ништо поразлично од тоа што се случува во светот. Сигурно сте се фатиле за глава и сте си рекле дека светов забегал. Е па, тоа не е ништо друго освен реакција на, условно речено, најновото светско политичко движење. Под светско подразбирам тнр. Западниот свет.

Станува збор за Културолошкиот Марксизам (Cultural Marxism), во понатамошниот текст КМ.

КМ потекнува од сировиот марксизам. Поради лошиот глас кој го бие марксизмот тој се задскрива зад термини како Мултикултурализам или Политичка коректност. Неговите зачетоци се од 1919 год. иако како политичка активност се забележува во 1960-те. Откако увидоа дека работниците после една голема европска војна (WW 1) не се кренаа против капитализмот, ниту пак ја подржаа работничката револуција во Русија, тогашните марксисти со зачуденост се прашуваа зошто.

Еден марксистички теоретичар од унгарско потекло по име Георг Лукач (Georg Lukacs) дошол до „одговорот“. Западната култура и христијанската религија силно го заслепиле работникот. Затоа тој не може да ги увиди своите марксистичко класни интереси. Значи, се` додека неговата култура и христијанството постојат не ќе може да се да се спроведе комунизам. Затоа кога Георг станал заменик министер во унгарската влада прво нешто што направил беше да воведе сексуално образование во школството на Унгарија. Тој беше целосно свесен дека со уништувањето на сексуалниот морал ќе направел голем чекор во уништувањето на препреките за спроведување на комунизмот.

Во 1923 год. инспирирани од „успехот“ на Георг, група германски марксисти го создале Институтот за општествени истражувања, попознато како Франкфуртското школо. Тоа „школо“ имало за задача терминологијата на марксизмот од економска да ја преведе во културолошка и да најдат „носители“ на новата терминологија. Увидувајки дека работничката класа нема да предводува марксистичка револуција бидејки стана дела од средната класа, односно омразената буржоазија.

Тие процениле дека малцинствата во државите, феминистите, хомосексуалците, студентите и секоја друга помала групација со настрани светогледи се лесна мета за наметнување на чувство на жртва и сите останати негативни емоции кои тоа чувство ги предизвикува. Патем, за да се разбереме правилно, чувство на жртва не е состојба на жртва. Полошо е, затоа што против чувства не може човек да се справи со аргументи бидејки е нереална состојба. Личноста чувствува дека е жртва, не дека е навистина жртва.

За да го спроведат наметнувањето на чувство на жртва ја создале тнр. Критичката теорија (Critical Theory). Накратко кажано, треба да се уништат сите „традиционални“ вредности без исклучок и тоа со суровост ако треба. Треба секој кој се залага за вредностите да се прогласи за ментално болен, полн со предрасуди, фашист или сексистички настроен, односно да се навредува додека не попушти. Значи, преку спојување на Маркс со Фројд и неговата техника на психолошко условување (psychological conditioning), своите цели гледаат да ги спроведат без аргументиран дијалог само со користење на пропагандни шеми.

Таткото на современиов КМ е Херберт Маркусе (Herbert Marcuse), инаку оној што го измислил: Води љубов, а не војна, односно општество без лична одговорност и полн со забава. Истотака, го измислил новото значење на зборот толеранција. Толеранција според него значи дека мора да се прифати се` што е од левичарите (прогресивните сили), а да се отфрлаат сите контра аргументи со навредување (никако со аргументи).

Бидејки стигнавте до тука со читање заслужувате вложениот напор од читање на овој историски текст да биде награден со опис на нашава денешница. Верувам ви беше напорно да го читате онолку колку што ми беше напорно да го пишувам.

Левичарите сега се нарекуваат себеси како Прогресивци или Либералци. ДА! Нашиве левичари, поранешните ни комунисти, ја прифатија практиката која веќе ја прочитавте. Нив не им е битно дека ние, како народ, имаме специфики, како општество, како живи луѓе, тие специфики не дозволуваат такво непримерно и неодговорно однесување, какво што го покажуваат без тешки и сериозни последици по сите кои живеат на оваа територија. Нив им е увртено во главата дека мора да дојдат на власт по секоја цена за да го оживеат повторно комунизмот.

Имајте на ум дека КМ е политичка активност, не е конспирација. Како политичка активност потпаѓа под законитистите на политиката. Таа ќе биде повеќе или помалку морална во зависност од намерата на актерите во неа. Толку е. Едноставно е, нели?

Се вели дека колку е помоќна политиката толку помалку чесните сакаат да си имаат работа со неа. Значи колку е побемна власта толку повеќе е заробена и несреќна личноста. Дали имаме нечесност меѓу политичарите и заробеност и несреќност меѓу населението... Оставам самите да си заклучите.

КМ активистите се под убеденост дека се жртва и дека се борат за слобода (во нашиов случај и правда) без да бидат свесни дека нивната слобода ја предаваат на идни бирократи кои работат на тоа да имаат апсолутна власт врз нив самите. Ова е веќе видено во нашите простори, но по се` изгледа брзо заборавено. Самите ќе се замолчуваме преку КМ-ите алатки за манипулација: говор на омраза (hate speech) и сигнализирање на доблест (virtue signaling) додека тие не се претворат во новата буржуазија, елита. После тие ќе не замолчуваат преку истите алатки кога ќе офкаме незадоволни од нивната целосна власт врз нас.

Имајте на ум дека во нашава држава Македонија не постои десна мисла или политичка партија која ја спроведува таа мисла. Во Македонија имаме леви, полеви и најлеви политички партии кои ја спроведуваат идеологија на КМ, повеќе или помалку, во зависност од нивната левост.

Сфатете како сакате.

Поздрав
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Па ова е добро, мило ми е што денешнава толерантна политика е наследник на марксизмот.
 
А

Атлантист

Гостин
Не беше Либерализмот многу постар од Марксизмот, а такви се и западниве држави, либерални? А Маркс одамана умре како и неговата идеологија, па сега го користат за се и сешто, за да го оцрнат сите девијации во општеството.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.551
Поени од реакции
26.057

PP,

Најарно е да почнеш да даваш курсеви за „навредување и девалвирање за шарени револуционери“ и „комбинирано користење на самјловци заради деградација“.

Таму се парите, а не во ова. Според тоа што си го напишал, овде си печен вмроовец.....

btw, што ти текна после 8 години да дојдеш? На барут ти замириса?
 
Џамајка ман,
Знам дека е најарно (најлесно) ама овој крст што го имам на челово мое ми смета премногу за да заработувам пари на таков начин.
Една новост се надевам дека ќе забележиш е дека веќе не пишувам за секој да разбере туку за тие што можат да разберат.
Ако не се сеќаваш, бевме активни кога беше опасно да си патриот и тоа без да припаѓаме на политичка партија. Бевме нарекувани се` освен македонски патриоти. Тоа е судбината на секој нашинец кој си го сака својот народ. Јас лично: Се навикнав. На глупиот памет не можеш да му дадеш, особено ако го одбива.
Ние кога направивме невладина (граѓанска) организација многумина од овие млади не беа ни родени. Со свои средства. Со целосен ризик, дури и по сопствената безбедност, работевме за независна, среќна и просперитетна Македонија. Правевме што можеме со тоа што го имавме. (поправи ме ако грешам или дополни ако сум заборавил)

Денешниве, со пари и без ризик остваруваат туѓи интереси, повеќемината убедени дека работат патриотски за доброто на Македонија. За жал, има такви кои целосно се свесни дека работат против интересите на сопствениот народ, алчноста им е водител. Немаат ништо свето, па прават се` другите да го изгубат тоа свето што го имаат. Според онаа: Мизеријата ужива во друштво. Ако го нема, ќе го создаде.

Во моментов имам повеќе слободно време, односно не само да читнам ами и да одговорам. До кога не знам. Што се однесува до аромата која надвиснува над нас: За жал одговорот е да, но има нешто полошо и со подолготрајни последици. Се вели дека полошо од убиство на човек е да му ја уништиш личноста. Веќе гледам разорување на личности од големи размери.
Ова е повеќе битка за толчење на се` што може да размислува. На се` што може да твори. На се` што е продуктивно. Заканите од војна служат како пропаганда од дело, односно ако не се согласиш со нивното...

Поздрав
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.795
Ние кога направивме невладина (граѓанска) организација многумина од овие млади не беа ни родени. Со свои средства. Со целосен ризик, дури и по сопствената безбедност, работевме за независна, среќна и просперитетна Македонија. Правевме што можеме со тоа што го имавме. (поправи ме ако грешам или дополни ако сум заборавил)
Која е таа организација?
 
Знаеш што, немаат капацитет да не уништат...Најтешкото го преживеавме. Сега доаѓа нашето време.... Нека му ја мислат они, зошто нема добро да си поминат.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Па ова е добро, мило ми е што денешнава толерантна политика е наследник на марксизмот.
Тенекио,
Ова не е наследник на марксизмот. Ова е гранка на марксизмот. Има гоооолема разлика.

Да уништуваш вредности врз кои се базира секое општество користејки ги „неодговорните“ и хедонистите во тоа општество само за себеси да се устоличиш како елита е кусогледост. Набрзо ќе увидиш дека ако сакаш да останеш елита на тоа општество тие што ти служеа како алат за постигнување на твојата цел ќе мора да ги поништиш. А што ќе користиш како метод за тоа да го направиш?
Истиот метод со кој си се устоличил ќе го користиш врз нив. ВИН-ВИН ситуација за елитата, нели?
Патем, зарем мислиш дека оние кои се бореа и гинеа за да создадат комунистичко општество сакале или претпоставувале дека ќе има милиони жртви кои беа предизвикани од елитата кои тие ја устоличиле?

Поздрав[DOUBLEPOST=1489415959][/DOUBLEPOST]
Знаеш што, немаат капацитет да не уништат...Најтешкото го преживеавме. Сега доаѓа нашето време.... Нека му ја мислат они, зошто нема добро да си поминат.
Џамајка ман,
Половично се согласувам.
Зошто ние, македонците, секогаш мора да ги лечиме работите наместо да ги спречуваме?:facepalm:
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.551
Поени од реакции
26.057
Џамајка ман,
Половично се согласувам.
Зошто ние, македонците, секогаш мора да ги лечиме работите наместо да ги спречуваме?:facepalm:
Тешките времиња ствараат силни луѓе.. Можеби и ни требаше да го изодиме овој пат.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Тешките времиња ствараат силни луѓе.. Можеби и ни требаше да го изодиме овој пат.
Колку пати треба да го изодуваме тој пат?
Не сме ние младината сега. Ние сега сме нивните промотори и заштитници. Ако нашите постари, кога ние бевме младината, не ги биваше бидејки беа индоктринирани и уплашени кое оправдување го имаме сега ние што не успеваме да им создадеме подобра основа од кое сегашните млади ќе се издигнат?

Поздрав
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.551
Поени од реакции
26.057
Колку пати треба да го изодуваме тој пат?
Не сме ние младината сега. Ние сега сме нивните промотори и заштитници. Ако нашите постари, кога ние бевме младината, не ги биваше бидејки беа индоктринирани и уплашени кое оправдување го имаме сега ние што не успеваме да им создадеме подобра основа од кое сегашните млади ќе се издигнат?

Поздрав
Па добро не е дека нема напредок, тогаш бевме гонети како вештерки, а сега се плашат од нас.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Па добро не е дека нема напредок, тогаш бевме гонети како вештерки, а сега се плашат од нас.
Не реков дека нема напредок. Светлосни години разлика е од нашето време. Муабетот ми беше дека нашава генерација е виновна што младинава не знае што е горе, а што е доле.

А за тоа дека се плашат... Како народ сме им енигма. Не се плашат ако албанците се радикализираат. Потресени се ако ние македонците се радикализираме.
Едно бидејки милиони се потрошени за да не дефетизираат и апатизираат, а сосема друго е што се` повлекува нашето радикализирање со нас.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom