Што по вас е добро покачување на плата?

Член од
18 октомври 2010
Мислења
354
Поени од реакции
153
Колку сметате дека е добро покачување на платата за македонски стандарди? Читам на интернет и гледам дека се сметало за добро покачување се што е над 5%, 10% се смета дека е дури премија. Јас лично сметам дека овие проценти се за повисоки плати во странство каде би можело нешто да значат овие проценти. Кое е вашето мислење ме интересира? Какво е вашето искуство со покачување на плата, во колкав процент обично ви била покачена платата (ако била воопшто).
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
309
Поени од реакции
297
Зависи од тоа колкава ти е платата. Пример, во Швајцарија, 10% е многу, но затоа платите се ок и на почеток. Кај нас, ако ти дадат 15к, и ти ја качат после 1 година за 5%, тоа е мизерија. Па и за 10%. Исто и за 20%. Уствари, не работи за 15к.
 
D

dobramuzika

Гостин
pochnav so 9. 800 pred pet godini, stasav do 16.800, ok bi bilo da se kachi nekoi 2-3.000 denari.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.960
Поени од реакции
3.666
Покачување од 5-10% во пракса и не е покачување, тоа е само едно усогласување со инфлацијата и покачените цени, ако годишно не го добиеш тоа покачување значи земаш помалку во однос на претходната година. Членот погоре напиша дека за 5 години од 9.800 стигнал на 16.800, што во пракса значи дека тој сега зема иста плата како и пред 5 години оти за 5 години таа разлика во цифрите е изедена од покачените трошоци.... Во реалноста, кај нас, за вистинско покачување од 5-10% тоа треба да биде изразено со цифрите 15-20%. И покачувањето во проценти е многу релативна работа. На пример покачување од 10% на плата од 60.000 ден. е 6.000 ден. а на 15.000 ден. е 1.500 ден..... Има една анегдота од времето на самоуправувањето, во фабрика, на работнички совет било ставено прашањето за покачување на платите и требало да се реши дали покачувањето да биде линеарно или процентуално... претставниците на работниците едногласно гласале за процентуално (на сите по 20%) оти појма намале што е тоа линеарно, така тие што земале поголеми плати добиле и поголемо покачување а работниците останале со прстот во уста....
 
Потполно го делам твоето мислење, ми се допаѓа анегдотата која мислам дека и денеска многу се користи.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Да, како што кажа пред мојот пост човекот, малце се лажат луѓето кога ќе кажат пример, добро е почнуваш со 25 000 денари, јас пред 7 години почнав со 15 000, а не се прави рачун колку вределе тогаш тие 15, а колку сега овие 25. Како со пензииве смешкиве од покачување што ги прават, а тоа што се е отидено нагоре со трошоци и уствари земаат помалце него ли пред неколку години, не го приметуваат изгледа.
За мене испод 50 евра на годишно ниво, се е недоволно покачување на плата. Ја земам како генерална бројка за просечната плата во државава, нормално за искусен програмер веројатно ќе му биде малце 50 евра да му покачат после година дена.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
746
Поени од реакции
984
На овај стандард моментално, 20К минимална (без додатно да ја зголемат цената на струја/вода/производи) за подобар живот.
Ама неможи, мора да се укради многу повеќе леб за да на народот останат само ронките :)
Автоматски споено мислење:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Све што е над 25% треба да се смета за добро и да се добие како заслуга за квалитетно извршена работа. Испод тоа е очекуван прогрес на просечен вработен, и е неопходно повишување ако работодавецот сака да те задржи.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Зависи од работната позиција. Некои 10% им е ок, немаат никаков напредок во работата, не учат ништо ново и мозокот на пасење.
На некои работни места каде мора постојано да се учат нови работи, да се тупи мозокот треба покачување повеќе од 30% годишно.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.419
Поени од реакции
3.642
За мене добро покачување на плата е на пример од 60к на 120к.
 
volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
701
Поени од реакции
1.772
Vo makedonija pocnav so 8.500 , posle 10 godini i smeneti 4 firmi zavrsiv so 50.000. na sekoja pozicija morav da se boram , grebam, usovrsuvam, no najibtno pred se se natprevaryvav i nadgradyvav nasprotiv luge kako mene zelni za razvoj i intelwgentni. Inaku pocnav vo market , zavrsiv vo fabrika,iskustvo so pokacuvanje plati ... Kolku pogolema plata tolku pogolemo pokacuvanje , prvoto pokacuvanje mi bese od 8.500 na 9.000 , poslednoto od 30k na 50k.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Јас ти зборам за ИТ секторот, и не е научна фантастика.
Директно дуплирање на плата не сум слушнал, едино од 50 евра на 100 евра. Може да има случаи во ИТ секторот, но не сум сретнал некој да каже, до мај имав 60 илјади, у јуни веќе 120... Ако мислиш во тек на една година да, ама збориме тука за покачување на плата, од една на друга скала.

Ако сеуште има вака добри фирми што дуплираат толку високи суми на плати, свака част :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom