Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 14.634
- Поени од реакции
- 32.029
Ако би оделе во идеални услови треба да имаш константно покачување поради инфлацијата и девалвацијата на валутата во која ти се плаќа (ама бидејќи ни фирмите не добиваат корекција во договорите за овие две ставки, тешко да добиеш и ти како вработен)+ ревизија на платата на секои 6 месеци согласно заслугата.Колку сметате дека е добро покачување на платата за македонски стандарди? Читам на интернет и гледам дека се сметало за добро покачување се што е над 5%, 10% се смета дека е дури премија. Јас лично сметам дека овие проценти се за повисоки плати во странство каде би можело нешто да значат овие проценти. Кое е вашето мислење ме интересира? Какво е вашето искуство со покачување на плата, во колкав процент обично ви била покачена платата (ако била воопшто).
Инаку со кризава кај најголем дел од фирмите ќе следат намалувања и отпуштања, а не покачувања (секако ќе има фирми кои иако не се погодени од кризата ќе го злоупотребат како изговор да не им покачуваат плати на вработените).