Што по вас е добро покачување на плата?

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.956
Поени од реакции
35.880
Колку сметате дека е добро покачување на платата за македонски стандарди? Читам на интернет и гледам дека се сметало за добро покачување се што е над 5%, 10% се смета дека е дури премија. Јас лично сметам дека овие проценти се за повисоки плати во странство каде би можело нешто да значат овие проценти. Кое е вашето мислење ме интересира? Какво е вашето искуство со покачување на плата, во колкав процент обично ви била покачена платата (ако била воопшто).
Ако би оделе во идеални услови треба да имаш константно покачување поради инфлацијата и девалвацијата на валутата во која ти се плаќа (ама бидејќи ни фирмите не добиваат корекција во договорите за овие две ставки, тешко да добиеш и ти како вработен)+ ревизија на платата на секои 6 месеци согласно заслугата.
Инаку со кризава кај најголем дел од фирмите ќе следат намалувања и отпуштања, а не покачувања (секако ќе има фирми кои иако не се погодени од кризата ќе го злоупотребат како изговор да не им покачуваат плати на вработените).
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
775
Поени од реакции
1.040
Директно дуплирање на плата не сум слушнал, едино од 50 евра на 100 евра. Може да има случаи во ИТ секторот, но не сум сретнал некој да каже, до мај имав 60 илјади, у јуни веќе 120... Ако мислиш во тек на една година да, ама збориме тука за покачување на плата, од една на друга скала.

Ако сеуште има вака добри фирми што дуплираат толку високи суми на плати, свака част :D
Тешко дека домашниве фирми ќе дадат повеќе плата од 1.5К евра на нашиве програмери.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.540
Поени од реакции
33.746
Mora da se zapomni, vredis kolku sto moze lesno da bides zamenet, ti ako sakas ubivaj se od rabota.

Jas mislam u procent tesko moze da se definira pokacuvanje kaj nas, toa moze u normalni zemji ili stranski firmi. Kaj nas spored standardot mislam deka 3.000 denari godisno MORA zaradi pokacuvanje ceni i kako lojalnost za site vraboteni ili 6.000 za tie sto napreduvaat i imaat idnina u firmata, tie sto stvarno rabotat i se trudat. I sekako cap na sekoja pozicija da ima, primer stignes 30.000, 40.000 denari i za taa pozicija tolku, a za da ne se izgubi incentive kaj rabotnikot posle toa - da ima bonusi, perks, kola, telefon i slicni stvari. A pozicija da se menja so licno a i od firma plateni nadgradbi, obuki, seminari, praksi, diplomi. I obavezno evaluacija, dali na 6 meseci ili godina. Kaj mene u poslednite skoro 2 godini imav 4 pati pokacuvanje po 5.000 denari a evaluaciite bea interni i ne bea ni sprovedeni za da nema direktno pregovaranje i slicno. Mora da sednes kaj sef posle odredeno vreme, da prasas dali se zadovolni od tebe, kaj se gledas u firmata, dali imas napredok, dali TI si zadovolen, itn.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.215
Поени од реакции
25.966
Тешко дека домашниве фирми ќе дадат повеќе плата од 1.5К евра на нашиве програмери.
Ни 500 не даваат, не па 1500. :(

На темата, кога платата ти е под просек на секторот, добро покачување е тоа што те изедначува со просекот. Ако платата ти е околу просек, а си во најдобрите топ 5% вработени, добро покачување тоа што ќе те однесе во топ 5% на плати во наредни 12 месеци.

Во нормални услови, ако си добар вработен, 50% повисоко покачување од просечното во секторот (ако платата во секторот пораснала за 5%, твојата треба да порасне за 7.5%), ако си просечен вработен, колку што пораснала платата во секторот.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.873
Директно дуплирање на плата не сум слушнал, едино од 50 евра на 100 евра. Може да има случаи во ИТ секторот, но не сум сретнал некој да каже, до мај имав 60 илјади, у јуни веќе 120... Ако мислиш во тек на една година да, ама збориме тука за покачување на плата, од една на друга скала.

Ако сеуште има вака добри фирми што дуплираат толку високи суми на плати, свака част :D
Еден начин е да одиш по други фирми, добиеш подобра понуда и бараш да ти ја мечуваат во постоечката. Е сега, 1000 евра е навистина многу, ама не е невозможно некој да извади.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.245
Поени од реакции
3.805
Еден начин е да одиш по други фирми, добиеш подобра понуда и бараш да ти ја мечуваат во постоечката. Е сега, 1000 евра е навистина многу, ама не е невозможно некој да извади.
Ако добро сфатив, тоа е молење/барање други фирми да ти дадат дупло поголема отколку во твојата моментална фирма. Тоа не е покачување на плата, тоа е менување работна позиција, а со тоа околина, обврски и слично. Збориме за истата работна позиција во било која фирма, да добиеш покачување на плата од 100% :)
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
775
Поени од реакции
1.040
Ни 500 не даваат, не па 1500. :(

На темата, кога платата ти е под просек на секторот, добро покачување е тоа што те изедначува со просекот. Ако платата ти е околу просек, а си во најдобрите топ 5% вработени, добро покачување тоа што ќе те однесе во топ 5% на плати во наредни 12 месеци.

Во нормални услови, ако си добар вработен, 50% повисоко покачување од просечното во секторот (ако платата во секторот пораснала за 5%, твојата треба да порасне за 7.5%), ако си просечен вработен, колку што пораснала платата во секторот.
Сеуште сум практикант, баш ме интересира колку ќе земам плата откако ќе станам Junior Web Developer.
Очекувам нешто од 25-35К
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.956
Поени од реакции
35.880
Ако добро сфатив, тоа е молење/барање други фирми да ти дадат дупло поголема отколку во твојата моментална фирма. Тоа не е покачување на плата, тоа е менување работна позиција, а со тоа околина, обврски и слично. Збориме за истата работна позиција во било која фирма, да добиеш покачување на плата од 100% :)
Добивање на 100% повисока плата е или знак дека претходно некој не го проценил добро вработениот и не добил никакво покачување, или пак уцена/страв за можно заминување (со давање отказ сум видел дури и поголемо покачување од ова).

Сеуште сум практикант, баш ме интересира колку ќе земам плата откако ќе станам Junior Web Developer.
Очекувам нешто од 25-35К
Не знам во која фирма си, ама од тоа што јас сум во тек за прва плата на џуниор даваат од 300-400 евра (со исклучок на неколку поголеми кои сум слушнал дека одат и до 500евра за прва плата). После 1 година од таа плата треба да си над 500евра.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.873
Ако добро сфатив, тоа е молење/барање други фирми да ти дадат дупло поголема отколку во твојата моментална фирма. Тоа не е покачување на плата, тоа е менување работна позиција, а со тоа околина, обврски и слично. Збориме за истата работна позиција во било која фирма, да добиеш покачување на плата од 100% :)
Не ме сфати добро. Прво никој не моли друга фирма да му дадат дупло плата. Или знае да преговара (да се продаде) или ги заслужува. Второ, зборев ако една личност добие понуда за дупло поголема плата во друга фирма, постоечката фирма може да му ја дупплира платата за да го задржи. Ти бараше пример како се стигнува од 1000 до 2000 евра. Јас ти дадов пример. Не викам дека се случува секој ден.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.662
Поени од реакции
2.131
Да не си правиме Бајрам на памет, ама се сомневам дека во Македонија има 100% покачување на платата. Можеби единствено да се случи покачување од 100 % само ако како приправник се положи некоја обука или некој испит. Јас имав таква ситуација и платата ми порасна за околу 80% од онаа која ја земав како приправник. Низ годините научив дека ниту едно покачување на платата нема да биде доволно добро за мене, ако не работам со добра екипа и во пријатна атмосфера без тензии. Налет и покачување и се, ако работиш во тензична атмосфера и со токсични колеги.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Нема шанси некој да добие 100% покачување за иста работна позиција во друга фирма. Ги правите како да не знаат колкави се платите за таа позиција.

Според тоа не може една фирма за истиот работник да плаќа 500 евра, а друга да е спремна да му даде 1000 евра.
Ќе му даде 700-750 евра.

Таа постоечка фирма ако сака да те задржи и мисли дека си тешко заменлив редовно ќе ти покачува, а не кога ќе побараш сам.
Не покачува не вредиш, лесно ќе најде друг.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.962
Поени од реакции
17.788
Јас отидов од 18 на 42. На едното место бев потплатен, на другото преплатен :D
 
Може да посочиш базирано на какво искуство го тврдиш ова?
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.245
Поени од реакции
3.805
Јас отидов од 18 на 42. На едното место бев потплатен, на другото преплатен :D
Збориме за покачување на плата, не за мењање фирма или работна позиција. Пак мене не ми се верува некој да добил 100% покачување директ, не постепено.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.642
Поени од реакции
1.501
Нема шанси некој да добие 100% покачување за иста работна позиција во друга фирма. Ги правите како да не знаат колкави се платите за таа позиција.

Според тоа не може една фирма за истиот работник да плаќа 500 евра, а друга да е спремна да му даде 1000 евра.
Ќе му даде 700-750 евра.

Таа постоечка фирма ако сака да те задржи и мисли дека си тешко заменлив редовно ќе ти покачува, а не кога ќе побараш сам.
Не покачува не вредиш, лесно ќе најде друг.
Firmite sho pokacuvaat sami imaat nekoj smesen procent na pokacuvanje. Sekogas e najdobro sam da pobaras, so toa sto treba i da znaes koga, kolku i kako da pobaras.
Ne rabotam vo IT ali sekoj januari baram pokacuvanje. 2019ta - okolu 20%(interesno e sho pobarav pomalku ali mi dadoa povekje), 2020 - 33%, 2021 - okolu 14%(radi korona). Plus za Bozik imam bonus i prevoz i patni troskovi mi se plateni.
U 2020 morav da go zaobikolam nadlezniot i da odam direktno kaj direktor bidejki primetiv deka nadlezniot ic uvo ne go boli za mojata plata, covekot traese samo 3 meseci, go izbrkaa.

Ne znam kako lugjeto ocekuvaat pokacuvanje na plati u mk od 25% ili povekje koa primer u Anglija prosecno pokacuvanje ti e 4%. Ene bas na medinski lica im nudat pokacuvanje od 1% ili 3.5funti povekje nedelno.
Ne znam kako e vo IT ali cisto sumljam deka platata e pokacena za 25% sekoja godina.

Za 100% ima sansi samo dokolku pocnes na epten niska plata cisto radi iskustvo i posle edna godina odis na mesto kaj sho plakjaat povekje. Primer si rabotel za 15000 radi oficijalno iskustvo i odis u druga firma i ti plakjaat 30000. Ocigledno ako si na 60k nikoj nema da ti dade 120k.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom