Викаш никој не тражел нашите шивачници да се конкуренција на Кинеските, после викаш ете кога можат да ги шијат и во иднина да го прват истото. Не е проблем дали они знаат да шијат маски, проблемот е што не знаат да шијат маски конкурентни на странските во цена/квалитет. Коа ќе завши кризата нема да има будала што ќе плаќа 5 пати поскапа цена за да се штитат македонските производи.
И биди сигурен дека ништо позитивно нема да излезе од ова, може само на полошо да тргне.
Па ако шијат сега, можат да продолжат со шиење понатаму, прво за нашите потреби па после и за извос. Што по автоматизам не значи дека нашиот пазар е конкуранција на Кинескиот. Или со кој било друг. На почеток ќе треба да се совлада прозводството, и да научат да шијат квалитени маски и одела спрема одредени стандарди за да станат конкуретни кај нас, па после во странство. Ако не се квалитетни, зошто прво ние да ги користитме? Безразлика на цената. Без пари да ги даваат не би ги користела, не пак некој друг настрана да очекувам да плати двојно или тројно. Што нема да биде случај, бидејќи после кризата треба цените да се вратат во нормала.
Ако не знаат, можат да научат. Ако некој сака да остане во тој бизнис, ќе најде начин како да го разработи истиот.
Не можам да сум сигурна за ништо освен за тоа како јас ќе го продолжам мојот начин на живот сега и по кризата, ама сакам нешто повеќе, па верувам и се борам за подобро. И тоа што зависи од мене, ќе го подобрам, да.
Се почнува така, и ако повеќе го направат истото, ќе се одлепиме од нивото на кое ќе сме. Нема да има простор за било какви очекувања.