Што после COVID-19

Don Huan

Alter Ego
Член од
12 јануари 2020
Мислења
256
Поени од реакции
333
Nedostatok na hrana? :facepalm: Kako moze do tolku da ne sme svesni kolku se prejaduvame, kolku nepotrebno jademe razni gjubrinja od takanaracena"hrana" koja ja uvezuvame?
Ako cipsovite i cokoladite gi narekuvate hrana togas DA, ke gladuvame! Ama toa ke bide mnogu zdravo gladuvanje.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Nedostatok na hrana? :facepalm: Kako moze do tolku da ne sme svesni kolku se prejaduvame, kolku nepotrebno jademe razni gjubrinja od takanaracena"hrana" koja ja uvezuvame?
Ako cipsovite i cokoladite gi narekuvate hrana togas DA, ke gladuvame! Ama toa ke bide mnogu zdravo gladuvanje.
Не се работи за недостаток на храна, туку повеќе на неможноста да ја купиш оти ќе немаш пари, затоа ако е домашна државата може некако да ја одзеде од тој што има и ќе ја даде на тој што нема, ама ако таа храна е во странство, а ти немаш пари да ја купиш, тогаш тешко тебе.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.385
Земјоделците не чекаат, ама овие што ги носат прописите чекаат. Еден земјоделец треба да патува 20-30 километри за дозвола која важи 7 дена. Поголем дел од нив не работат со интернет, мораат да се молат по министерствата. Два дена неделно изгубени.
Меѓу кои странки е склучен тој договор? Не можам да се повикам на усмен договор кога ќе ми пишат казна од 2000€.
Договорено е меѓу Министерството за Земјоделство и МВР, и двајцата се од Куманово, Оливер и Трајан. Татко му на еден од двајцата е секој ден кај нас дома на греана ракија од сабајле, па така и знам.

Разбирам дека во случај на стопирање, немаш законски на што да се повикаш, но дефинитивно на џандариве им е кажано да се полабави.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990

Без разлика мора да го регулираат тоа законски.

Ко можеа за кучкариве да им дозволат да кршат полициски час, за земјоделциве нема муабет.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Договорено е меѓу Министерството за Земјоделство и МВР, и двајцата се од Куманово, Оливер и Трајан. Татко му на еден од двајцата е секој ден кај нас дома на греана ракија од сабајле, па така и знам.

Разбирам дека во случај на стопирање, немаш законски на што да се повикаш, но дефинитивно на џандариве им е кажано да се полабави.
Таков договор воопшто не ми се допаѓа. Ќе ме стопира полиција, треба да докажувам дека сум земјоделец и дека се враќам од нива. Губење време и нерви.
Ако полицајците се многу толерантни, ќе почнеме да го злоупотребуваме тоа. Сите ќе станеме земјоделци.
Решение е долгорочен документ, не само за 7 дена. Или внес во системот (кој всушност постои) и поврзување со полицијата. За неколку минути по матичниот број точно ќе знаат кој сум, што сум, каде живеам и каде имам земјоделски површини.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098

луѓето што се заведени како земјоделци имаа ваљда веќе некоја потврда, така да за нив ќе е лесно и ќе се прескокнат бирократските пречки.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
луѓето што се заведени како земјоделци имаа ваљда веќе некоја потврда, така да за нив ќе е лесно и ќе се прескокнат бирократските пречки.
Немаат никаква потврда, барем засега. Треба да испратат мејл со податоци од катастарската парцела, по мејл ќе им пуштат потврда, овие треба да ја испечатат и тоа важи само 7 дена за одредена катастарска парцела.
Прв проблем е печатењето. Треба да одат во град и да бараат кај ќе ја испечатат потврдата.
Уште поголем проблем е интернетот. Земјоделците не се баш спретни со интернет, најголем дел од нив и немаат.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Немаат никаква потврда, барем засега. Треба да пуштаат мејл со податоци од катастарската парцела, по мејл ќе им пуштат потврда, овие треба да ја испечатат и тоа важи само 7 дена за одредена катастарска парцела.
Прв проблем е печатењето. Треба да одат во град и да бараат кај ќе ја испечатат потврдата.
Уште поголем проблем е интернетот. Земјоделците не се баш спретни со интернет, најголем дел од нив и немаат.
чекај малце, оние што се пријавени како земјоделци во системот, кои се здравсвено осигурени како земјоделци, пак мораат да се докажуваат? мене искрено не ми е верно тоа...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.385
Немаат никаква потврда, барем засега. Треба да испратат мејл со податоци од катастарската парцела, по мејл ќе им пуштат потврда, овие треба да ја испечатат и тоа важи само 7 дена за одредена катастарска парцела.
Прв проблем е печатењето. Треба да одат во град и да бараат кај ќе ја испечатат потврдата.
Уште поголем проблем е интернетот. Земјоделците не се баш спретни со интернет, најголем дел од нив и немаат.
Потполно се слагам. Со шоферите на пример стана хаос, иако имаа потврди.
 
И

Избришан член 133799

Гостин
Системот крахира зашто сме навиканти на избилие, кое го имаш добиено благодарение на меѓународната трговија и увоз/извоз. Нема начин како ние сами може да ја извадиме повеќе пченица од Војводина за таа цена, исто како што Србите немаат некој рандом продукт и го увезвуваат од кај нас. Тоа не се слаби алки на системот, туку негови решенија од која двете држави имаат корист.
Државите може да воведат забрани и рестрикции наредниов период, ама на долг рок пазарот ќе си се врати у природна позиција. До тогаш најлошо што може е да ти пораснат цените. Исто е и со маските, нема начин нашиве шивници да се конкурентни на кинезите освен во вакви времиња на екстремна побарувачка и лупање на луди цени.
Системот крахира поради многу причини, а јас никаде не напишав дека увозот и извозот се "слаби алки". Во нов ред изразив лично мое видување каде сме "слаби".
Океј е да се увезува тоа што го немаме, и во ред е да извезуваме се' она од кое народот нема потреба. Ама дека нема услови за да се намали увозот, има. Само треба да се поработи колку е поволно и профитабилно да се работи истото, во различните сектори и сфери. Многу работи увезуваме место сами да произведеме.
А за извоз, немам поим колку Војводина извезува пченица, ниту пак ме интересира да дознаам. Сега во моментов никој нема да извезува ништо додека прво не ја обезбеди сопствената држава. А другото што ќе остане, точно, ќе се продава на повисока цена. Храна, маски, уатевр.

Исто, никој не ни тражел начин нашите шивачници да се конкуренција на Кинезите, затоа што ние не сме Кина и немаме ни приближно иста бројка на популација. Компарацијата е апсурдно парадоксална.
Ниту пак некој тражел да извезува маски. Јасно пишав дека за нас немаше маски, па можеше да почнат со шиење многу порано место да се чека да дојдат од друго место.
А кога веќе покажаа дека можат ги шијат, ете простор да продолжат некои конфекции и во иднина да го прават истото. Нека набават соодветни матријали, и можат да шијат за нашто здравство. Ете една бизнис идеа за нешто повеќе.

Целата идеа беше нешто да се смени на позитивно после толку флешови покрај кризата, место главаната цел да биде само да се врати се во нормала. Јер на нашата "нормала" доста основни нормални работи и фалаат.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.477

Викаш никој не тражел нашите шивачници да се конкуренција на Кинеските, после викаш ете кога можат да ги шијат и во иднина да го прват истото. Не е проблем дали они знаат да шијат маски, проблемот е што не знаат да шијат маски конкурентни на странските во цена/квалитет. Коа ќе завши кризата нема да има будала што ќе плаќа 5 пати поскапа цена за да се штитат македонските производи.
И биди сигурен дека ништо позитивно нема да излезе од ова, може само на полошо да тргне.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.731
еве овие БЕЗ никаква потврда се разиграле на сплитска плажа :icon_mrgr:
А пред неколку дена во близина на ова горе, приведоа некој жени што се спротивставуваа на полицајци кој спречуваа шетање ... имаше реакции па и констатација дека полицијата претерала...
Што знам, да не воведат потврди со сатници и локации кој каде и кога смее да прошета ???

во меѓу време еве интересмо видео од околината на Загреб, а и кај нас ќе биде истото, дивите свињи оро играат :cool:
 
Don Huan

Alter Ego
Член од
12 јануари 2020
Мислења
256
Поени од реакции
333
во меѓу време еве интересмо видео од околината на Загреб, а и кај нас ќе биде истото, дивите свињи оро играат :cool:
I nie se mnozeme epten brzo vo poslednite 100 godini od 1.8 milijardi x 4 = na 7.5 miljardi deneska.
Pa se cudeme posle zosto prirodata ni dava virusi, zemjotrsi, cunamija i trista cuda!
 
D

Deleted member 12196

Гостин
чекај малце, оние што се пријавени како земјоделци во системот, кои се здравсвено осигурени како земјоделци, пак мораат да се докажуваат? мене искрено не ми е верно тоа...
Во системот се влезени не само индивидуалните земјоделци (оние кои плаќаат за здравствено и пензионо осигурување), туку и сите земјоделски стопанства (земјоделство како дополнителна дејност). Потврда треба за секој што се движи во полициски час.

Имам известување (од пријатели, неофицијално) дека подрачната единица ги носела потврдите на домашна адреса и важеле неограничено. Не знам колку е точно, не ми се верува дека ќе ги носат по селата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom