Што повеќе сакате: Индивидуални или тимски спортови?

Какви спортови највеќе следите?


  • Вкупно гласачи
    113

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислам дека нема ваква тема, барем не според тоа колку што сум забележала, а и според пребарувачот горе десно. :D

Муабетот е какви спортови повеќе сакате да гледате: тимски или индивидуални? Што повеќе ве влече, тимската игра или поединечното залагање?

За оние кои тренирале истото важи, што повеќе сакате/сте сакале да тренирате: индивидуален спорт (пример: скијање/тенис) или тимски спорт (пример: кошарка/фудбал)?

Зошто? Во што ја гледате убавината кај индивидуалните т.е тимските спортови?

Зошто едните се подобри од другите? Позабавни можеби?

Или нема разлика според вас?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Не следам индивидуални спортови. Тимската е игра е тоа што го прави поинтересен спортот за мене. Баш поинтересно е кога во текот на тимската игра се прават фантастични индивидуални потези кои можат да дојдат од повеќе луѓе и затоа е поинтересно, треба да го следиш секој дел од теренот, да идентификуваш брзо кој е кој и што можеш да очекуваш од тој играч, како тој најдобро придонесува за тимот, и како би можел да биде подобро искористен или пак заменет од некој друг. И the cream of the crop е кога ќе освојат нешто, да видиш со свои очи како преку тимска игра некоја екипа доживеала таков фантастичен успех. Индивидуалните спортови ми се... meh... во нив има помала непредвидливост, полесни претпоставки за исходот и почесто можеш да знаеш од кого што да очекуваш. Конкретно обожавам фудбал пошто верувам дека у тој спорт најубаво се илустрира тимската игра, а највише хејтам тенис пошто е "look to the left, look to the right" спорт.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Teнис е најдобар спорт....не претерувај :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Баш напротив, индивидуалните спортови се најнепредвидливи. Една мала грешка во скијање, ски скокови, пливање, скок со стап, спринт... бум, ју ар дед, години и години спремање одат во вода. :)
Концентрацијата е многу тешка работа.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Повеќе сум по тимските, ама не би ги изоставил и индивидуалните. Ради тенисот пред се, ама знам да гледам и скијање, пливање, некоја атлетика, снукер и слично. :P

Кога би бирал конкретно што повеќе пратам тоа би биле тимските, ама вака гласав за третата опција. :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Тимски, затоа што не е исто да укомпонираш 11 луѓе во хармонија за да стигнат до целта, отколку еден тип со еден куп стручен штаб околу него сугерирајќи на грешки и стил на игра. Настрана фактот што како менаџер и играч во тим сносиш многу повеќе одговорности отколку индивидуално, тимот зависи од тебе, и обратно.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
пошо само ракомет и фудбал следам од тимскиве спортови, и сите боречки спортови ми се на пик. ќе речам дека индивидуалните спортови ме потат многу повеќе и нервното ме убива од нетрпение кога гледам борба во живо, причина е што имаат елемент на изненадување(нокаут, полуга итн.)
додека тимскиве седиш и гледаш саат една утакмица и неможе наеднаш да избувне емоција, барем не кај мене :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.157
Поени од реакции
107.587
Тренирав цел живот тимски спорт, ама може да кажам дека има убавина и во индивидуалниот и во тимскиот спорт. За се треба труд, напорна работа и многу пролеана пот за да стигнеш до успех. Во индивидуалниот зависиш само од себе, и твојата психичка и ментална состојба, додека во тимскиот зависиш и од своите колеги. Сеедно, не генерализирам кој е потежок затоа што како што кажав и во двата видови спорт има убавина.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
индивидуални следам, пливање, тенис и пикадо, другото помалце.

Тимски гледам најмногу фудбал, па после останатите. Тимските отсекогаш ми биле омилени..
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Индивидуални зошто зависиш самиот од себе , и кога ќе изгубиш ќе нема на кој да му викаш :D ,иако во тимските спортови има поинтересни моменти.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Освен пливање затоа што го тренирав,а и тоа веќе ми здосадува лека полека сите други индивидуални спортови ми се досадни за гледање....воопшто и не ги гледам.
Па дури и бавење со нив ми е досадно.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Индивидуалните спортови не дозволуваат некоја голема поврзаност помеѓу навивачот/вљубеникот и спортистот. Не е исто да си фанатик на Интер и на Федерер, ова второво е малце и језиво. Кога се трескаш од земја за човек кој е од крв и месо како тебе, не ја бива.

А и крај краева, поинтересни се :D
 
D

Dynamo

Гостин
Тимски:Фудбал,Кошарка,Ракомет,Хокеј.Индивидуални:Тенис.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Индивидуалните спортови ми се поинтересни за гледање, едни од подобрите ми се Снукер, Скијање, Бијарто (8,9,10) Пикадо итн.
Тука е тоа магичното, во овие спортови, играчите се оставени сами на себе и го даваат најдоброто од нив, не зависат од никого и тоа што го играат е вистинско ремек дело и преубаво за гледање.
Така да фудбал веќе избегнувам да гледам, го изгуби шмекот уште многу поодамна, не само фудбалот туку и сите други вакви тимски спортови, се вртат милионски суми и тоа више не е спорт за мене, туку единствен бизнис, не дека го нема и во индивидуалните ова, го има али не е толку застапено како кај другиве, кај некои дури едноставно го нема.
Така да Индивидуалните спортови > Тимските спортови
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
индивидуални! иако мојот омилен спорт (Ф1) е нешто помеѓу. тенис пред се, па снукер, скијање, атлетика. фудбал само за да видам на лајфскор резултат на тикетот :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom