Што не ми се допаѓа во Македонија

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Не ми се допаѓа тоа што нема доволно паркинзи.
Исто така што нема македонски збор за паркинг.
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Има повеќе работи ама поважни се следниве
- Предавниците, т.е. луѓето што живеат во неа а тврдат дека не се Македонци и се кријат секогаш кога треба да ја бранат земјата во која што живеат.
- Не ми се допаѓа што некои Скопјани ги викаат луѓето што живеат во други градови провинцијалци.
- И не ми се допаѓа тоа што политичарите во нашата земја наместо да си го слушаат народот ги слушаат милсењата на другите.
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Не ми се допаѓа примитивизмот;
Не ми се допаѓа немањето самопочит;
Не ми се допаѓа паранојата;
Не ми се допаѓаат непотизмот и партизацијата;
Не ми се допаѓа визниот режим (живееме во гето);
Не ми се допаѓа сиромаштијата и бесперспективноста;
Не ми се допаѓа се поголемиот јаз, оттуѓувањето меѓу луѓето......
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Не ми се допаѓа тоа што има закони,а не се почитуваат(секоја чест на исклучоците).:tapp:
 
Член од
25 август 2008
Мислења
156
Поени од реакции
5
1)Premnogu plachipichki..za se nekoj drug im e kriv.
2)srpskiot turbofolk vo 99% od kafanite i toj prostotilak sto se pali na taa muzika.
3)Nelojalnost kon svojata drzhava(komunjari, Albanci itn..)
4)Teroristi(ubici koi praveva masakr)vo vladata na RM
5)Nekazneti korumpirani lichnosti koi ukradova sve za vreme privatizacijata.

Mozham iljadnici primeri da napisham al toa e toa vie doma najdobro si znaete :salut:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Само кај нас може коњ да те опне во сред град..

НЕВООБИЧАЕНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС

Разбеснет коњ со копито удри во глава на жена

Коњ кој влечел запрежна кола со копито ја удрил велешанката Цвета Г. при што и нанел тешки повреди на главата поради што таа веднаш била пренесена во ургентниот центар во Скопје

Разбеснет коњ, кој влечел запрежна кола, завчера попладне повреди 54-годишна велешанка. Оваа невообичаена сообраќајна несреќа се случи на улицата "Наум Наумовски", во близина на Електро Велес.
Коњот на велешанката Цвета Ѓ. и нанел тешки повреди кога со копитото ја удрил во главата. Таа од ударот паднала на коловозот на улицата, а врз неа поминала запрежната кола.
"На ургентниот оддел на хируршкото одделение вчера е примена педесет и четиригодишна пациентка во свесна состојба со пукнатина на черепот и исчашување на лактот на десната рака. Направени се сите испитувања, но поради сериозноста на повредите здобиени на главата хирурзите одлучиле пациентката веднаш да биде пренесена на Ургентниот центар во Скопје", рече д-р Весна Чадиева, портпарол на велешка болница.
Според првичните информации несреќата се случила додека жената се движела на коловозот на улицата. Таа настрадала од копитото на коњот кој во моментот на несреќата се разбеснал. Стопанот не успеал да го смири разбеснетото животно и да ја заобиколи жената кога видел дека по ударот таа паднала на коловозот. Запрежната кола ја прегазила несреќната велешанка, по што таа од страна на очевидци била пренесена во болницата. Оваа сообраќајка е евидентирана во СВР Велес. Од таму велат дека истрагата е во тек.



http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A3DDB07DC63AC642A311FCB886D32BFC
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не ми се допаѓа што станавме мрчатори и немаме повеќе убави зборови за ништо.
Престанавме да ги приметуваме убавите работи се деформиравме во пронаоѓачи на мани и недостатоци.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Најчитани вести се трачевите и „жолт печат“.
Губиме осет за вистински вредности и се интересираме за нешто поедноставно и лесно минливо.

Не ми се допаѓа што станавме мрчатори и немаме повеќе убави зборови за ништо.
Престанавме да ги приметуваме убавите работи се деформиравме во пронаоѓачи на мани и недостатоци.
Најгледани емисии на ТВ се вестите. А вестите токму тоа го прават, наоѓаат мани и недостатоци.
 

МургоДШит

Чаршиска џукела
Член од
3 ноември 2008
Мислења
128
Поени од реакции
19
Луѓето. Повеќето. Сите на ист јазик зборат, а ништо не се разбираат.

Барем Вавилонската кула да ја дигневме прво. Вака све шитнавме, ништо не остана. *shrugs*
 

Kajgana Shop

На врв Bottom