Што научивме од филмовите?

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Незнаев како да ја крстам најправилно темава, па мислам ваќа ќе е океј. Баш сакам да прочитам интересни факти заприметени од некој, без разлика за каков жанр на филм станува збор. Ќе напишам некои интересни факти според тоа што е изгледано.
Само ве молам вашиот пост да не се состои од 50 :pos2: смајлиња или слично.

Темава е за тоа да собериме колку повеќе факти околу и за филмовите.
Ако не ви е јасно за што станува збор, а јас незнам подобро да објаснам, следете го мојот пример за и околу тоа какви се повеќето од филмовите, односно какви фори користат.

- Наредникот во полицијата секогаш е црнец.
- Американците кога нарачуваат јадење во ресторан не сум видел во ниеден филм да го дојадат тоа што го нарачале.
- За време на секс сцена во филм се слекува само женското.
- Вонземјаните секогаш напаѓаат амерички градови.
- Детектив може да реши случај само ако е пензиониран.
- Никогаш не треба да се покажува сликата на својата жена кога сте во војна.
- По завршувањето на телефонски повик ама никогаш не сум слушнал некој да рече - чао, пријатно, ова она.
- Кога се провалува шифра на компјутер, тоа се дешава најмногу до 4ти пат обидување.
- Во сите полициски истраги барем еднаш се посетува стриптиз клуб.


Ај повелете на некоја работа која сте ја заприметиле во повеќе филмови, без разлика комедии, хорори, акции, Арнолд Шварценегер.
:muhaha:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
- Ако е Американскиот претседател црнец тогаш мора да има апокалипса (метеор, комета, астероид, вонземјанци, земјотреси) - Лекција не ја научија изгледа...
- Никој не ги соблака кондурите кога влага во стан/куќа.
- Никој не ја заклучува колата кога излага па дури и да има автоматска брава.
- Од секоја прозорец во Париз се гледа Ајфеловата кула.
- Сите проституки се добро образовани.
- Ако го интересира некој да види нешто на ТВ, го уклучува и од прва даваат тоа што го бара.
- Во Бивша Југославија иако е веќе 2000+ година уште чурат колите од напади на воените сили.
- Ако има убиства, првите 2ца убиени во друштвото се црнец и глупава плавоуша.
- Таксито секогаш доаѓа кога креваш рака во Њујорк.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.230
Поени од реакции
45.357
при деактивирање бомба секогаш се кине црвената жица.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
- Ако е Американскиот претседател црнец тогаш мора да има апокалипса (метеор, комета, астероид, вонземјанци, земјотреси) - Лекција не ја научија изгледа...
- Никој не ги соблака кондурите кога влага во стан/куќа.
- Никој не ја заклучува колата кога излага па дури и да има автоматска брава.
- Од секоја прозорец во Париз се гледа Ајфеловата кула.
- Сите проституки се добро образовани.
- Ако го интересира некој да види нешто на ТВ, го уклучува и од прва даваат тоа што го бара.
- Во Бивша Југославија иако е веќе 2000+ година уште чурат колите од напади на воените сили.
- Ако има убиства, првите 2ца убиени во друштвото се црнец и глупава плавоуша.
- Таксито секогаш доаѓа кога креваш рака во Њујорк.
- После 300 истрели главниот лик во филмот е сеуште жив и без гребаница
- Коа паѓаат колите у ендек, обавезно експлодираат два пати
- После 25 минути јадење ќотек, роки го претепуе противникот
- Секоаш бомбите се деактивираат на секунда две пред да пукнат
- Кога некој е застрелан обавезно лета 15-20 метра назад
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
главниот женски лик во акционен филм е секогаш згодна типка на 25 години што само што магистрирала за нуклеарна фисија а и знае да готви и еден куп други работи што ќе и притребаат
ако стропа нешто не треба да се палшиш - мачка е
балканот па и сите бивши комунистички земји се пекол на земјата
секогаш кога лажеш ќе те фатат,нема врска што никој не знае за тоа
колите експлодираат при најмал удар
не е битно дали се буткаат мерцедес со џип,битно е да бидеш Ник Слотер
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.496
Поени од реакции
2.619
Сите телефони почнуваат на 555 :)

Сум приметил во филмови лифтот секогаш е доле со отворена врата а кога некој акционен херој е бркан од негативци лифтот никаде го нема :)

Кога фрлаат ножеви секогаш мора да се погоди со сечилото а никад со дршката :)

Или ако некој се качи во лифт и бега,херојот ке го прати и фати по скали па макар и 20 ката да се :)

Грмење одеднаш почнува и не поминуваат ни две секунди одма истура силен дожд.

Скоро секоја врата се отвара со кредитна картичка.

И најсмешното што секад се пукам од смеење.Ако некој се тепа пример кунг-фу или карате што и да е противникот негов и да има оружје го остава и се тепаат ферка еден на еден :nesvest: :nesvest:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
- Во секоја тин - американска комедија на крајот, аутсајдерот станува популарен.
- Во секоја тин - американска комедија мора во училиштето да има cheerleaders, и има една која е главна, изфарбана е плава и е тотална кучка.
- Во секоја тин - американска комедија има фудбал тим во кој се напопуларните jocks во целото училиште.

- Во хорорите, кој и да умри, главниот глумец/глумица останва жив/а.

- Ако во филмот глуми Стивен Сегал, рачунајте сите ке бидат истепани ама не убиени, и личноста која требаше да се спаси ке биди easily спасена.
 

TheGamer

аут оф мај мајнд...
Член од
11 јуни 2009
Мислења
265
Поени од реакции
8
-Брус Вилис секогаш ги спасува сите.
-Никој не може да го истепа Стивен Сегал.
-Во хорор филмовите кога некое чудовиште го брка главниот лик и кога тој влегува во кола,колата никогаш не пали од прва...
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
- Негативецот секогаш има 1001 можност да го убие главниот херој, но сака да развлекува и да се тепа без оружје.
- Полицијата секогаш вика: Спуштете го оружјето. - на што нормално криминалците одговараат со истрели.
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
- ако група бандити го нападне главниот херој, почнува тепачка а тие пристапуваат еден по еден никогаш сите заедно
- ако некој има секс во хорор филм сигурно ке умре помеѓу првите
- Џеки Чен никогаш не знае што се случува ама се тепа и им ги крши кичмите на сите
- главниот лик на кого најверојатно му убиле некој од семејството и е многу лут секогаш бара помош да научи борбени вештини во неколку дена од мајстор кој се заколнал дека никогаш повеке нема да учи никого ама прави исклучок
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
- Во акциони филмови, падот на човек од 3 спрат не е опасен.
- Во скоро сите акциони филмови во соба 3 на 3 се трошат 3000 куршуми меѓу двајца и на крај се тепаат до смрт.
- Во секој хорор филм, главна улога се еден до двајца актери машко и женско, кои бегаат од “нешто“, морничавата музика се појавува кога нема ништо. Филмот завршува со тоа што двајцава го утепале лошиот и се залапуваат.
- Во ЦСИ секогаш го фаќаат лошиот чичко, и секогаш тој им е на крај на памет дека е лошиот.
- Хаус има дијагноза за секоја болест, ама пациентот мора да прими минимум 2 грешни дијагнози.
- Хорацио има минимум 2 пара рејбанки во него.
- Хорацио секогаш го заебуе лошиот и испаѓа фаца.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
-Во хорор филмови секогаш на крај преживува само еден(ретко двајца).
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
- во 24 кога сите траги од лошите чичковци се загубени, Клои магично пресретнува телефонски повик кој ке ја даде следната локација без разлика што претходно лошите 100 пати зборуваа на тел баш тој клучен повик помеѓу илјадници други разговори е пресретнат
- убиецот во хорор филмовите никогаш не умира без разлика на тоа со колку волти струја го испржиле, колку пати го застрелале, колку пати го прободиле со нож, а давењето не доаѓа предвид по 10 мин под вода сигурно оживува
- секој знае за 2-3 секунди да ги најде потребните информации на компјутер кој секогаш работи на некаков модифициран DOS, никако Windows
- секогаш и секаде има интернет и сите компјутери се поврзани во мрежа, па кога ке се пробие лозинката на еден, се влегува во сите
- и најголемото клише - во постарите филмови сите можни информации, разговори и видеа од компјутерот на лошиот чичко, добриот ги префрла на дискета од 1.44 MB :pos2: :pos2: :pos2: добро што ги исфрлија дискетите, сега имаат УСБ на кое веднаш се префрла целиот систем :pos2:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
- во хорор кога некој го брка главниот лик мора, барем 3-4 пати да падне или да се удри во нешто ама на крај секогаш се спасува секако
 

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
-Русите се секогаш негативци во која било смисла.
-Еден кинез претепува цела зграда од обезбеџење.
-И да си погоден 2 пати пак имаш сила да се тепаш.
-И да ти се изрешетарени нозете трчаш ко атлетичар.
-Секогаш со ванземмаљците им викаме We come in peace па тие ќе измасакрираат милијарда две ,па ние со некоја финта од некој nerd ќе ги тепаме.
-Кога носиш цвика си јебачина.
-Drill sergentot е секад некоја бесна црнчуга.
-Секој кинез знае кунг фу.
-
 

Kajgana Shop

На врв Bottom