брат ме интересира дали си задоволен од моторчето??? загреан сум да земам едно такво Yamaha dt 80. Можеш да ми кажеш нежто повеке околу него???
Ај пошо си нов... добредојде на форумот за почеток.
После, кога ќе поставуваш прашање, убо е да го цитираш некој. Од кај да знам дека е за мене наменето прашањето (мада се пронајдов во муабето
)?
Е сега кај моторчето.... прашање е колку години имаш и колку досега си возел мотори. Прилично е силна машинеријата за почетник, и не би го препорачал на човек што прв пат се качува на мотор. Иако е 80цц има 6 брзини и крева 10.000 вртежи во минута шо е доволно да прајш циркузи од типот возење на едно тркало и тн... крајна некаде околу 110-115 му е. Прилично е добра машината, и крепи доста матлретирање. Само треба редовна контрола на мешавината, пошто знаат пумпите за масло да затајат и да рикни за 10 км.
Маана на овие модели на Yamaha е тоа шо немаат палење со анласер, па мора на курбла да го палиш, а недостаток е тоа што осовината на која е прицврстена курблата е направена од мек матерјал и лесно се крши. Ако се скрши, си набал, ќе го туркаш за да запали. Ако си од оние помалерозните, можно е да се скрши средина, па да ти течи масло од менувачот.