Знам, воскреснувам стара тема, но не ми се отвора нова. Сакам да пишам за нешто што одамна го забележив и го следев и сосема сум сигурен во тоа. А тоа е...
Time.mk дефинитивно ја зазеде страната на соросоидите.
Најмногу со твитовите - зазема само една страна, не сум видел ниеден провладин, па макар и колку да е глуп или не знам што. Не го знам алгоритмот (ако го има) и не најдов никаде кој е критериумот по кој се одбираат „најпопуларните“, но не е можно 100% најпопуларни твитови да се соросоидни, затоа што има и многу провладини/владини твитерџии, па колку и да се овие неактивни (а се понеактивни), нема шанси некој да не се пробие. Дополнително, исто така фаворизираат одредени „ударни“ твитови така што ги држат на чело повеќе отколку што би требало, односно другите си поминуваат по ред, а овие стојат на прво место, често и со фалсификувано време (пример, пишува за одреден твит „пред 4 часа“, а го гледаш дека стои повеќе од 6 или 8 и веќе требало да излезе од категоријата).
Еве денеска и ги преместија погоре, на поударно место, но брзо ги вратија. Не знам зошто, ќе видиме.
Друга работа, веќе е доста зборувано за „компјутерскиот алгоритам“ кој наводно прави селекција, но компјутерот секогаш го програмира човек. Постојат многу начини да се изигра алгоритмот, на пример множеството од броевите што треба да ги одбере, го полниш со тие што тебе ти одговараат. Односно, многу повеќе има прифатено како легитимни мали и неважни соросоидни порталчиња кои само препишуваат едни од други, па во распоредот некој од нив почесто ќе излезе на прво место или на следните по него, каде што се највидливи.
Исто така, сигурен сум, затоа што сум следел, онакви лути проопозициски колумни, дури и со небитна содржина, само да се проопозициски, стојат долго време на прво место од групата вести, иако другите групи ги ротираат вестите. Така се зголемува видливоста и популарноста на тој колумнист, а додека некои истакнати провладини коментатори многу брзо се тргаат од првото место. Некои и воопшто ги нема, додека од опозицијата СЕКОЈ што напишал каква и да е колумна се појавил на time.mk. Убеден сум дека се работи за злоупотреба на толку фалениот компјутерски алгоритам.
Нова Македонија е исфрлена од time.mk веќе некое време, не знам зошто. Можеби и по нивна желба.
Едно време и Цивили.мк имаше цела своја група вести.
И самиот основач на time.mk имаше излезено со изјави или твитови што беа остро проопозициски настроени.
Штета што не правев скриншотови за овие тврдења, но еве, отсега обрнете малку внимание на овие работи и ќе се уверите во техниките на соросоидната пропаганда. Или можеби ќе ме демантирате, не знам. И така избори се ближат, кога и да бидат, па секој јасно ќе си ја открие трагата. Баш би сакал некој да го „снима“ редоследот на time.mk, па да излезе со докази дека не сум во право.
Што сакав да кажам? Ако некој, на пример од дијаспората, или некој случаен странец, следи само time.mk како најголем агрегатор на македонски вести, никако нема да му биде јасно за каков медиумски мрак се зборува, затоа што опозициските ставови повеќекратно се побројни од провладините. Па така, штом се бараат триста чуда во медиумската сфера, нели би било фер да се изедначи теренот и во интернетската? Ова е само реторичко прашање, не барам ништо, ни закон ни ништо, само сакав да скршнам внимание на нешто што ми боде очи веќе долго време.