Што мислите за Жан Митрев?

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Браво, ти подавам рака. Ти си еден од малкуте што завршиле факултет на 22 години. И треба да се гордееш со тоа, верувај ми :jaj: и продолжи да учествуваш на државни и меѓународни натпревари!
Многу од форумот ме знаат и не се кријам. А и ти не се претставуваш како што можам да увидам?
Дипл.маш.инж. Бојан од Битола. Подетални информации
Тебе те знаеле, јас те не познавам. Да се запознаеме - твоето име е Др._____ ____________
 
Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Дипл.маш.инж. Бојан од Битола. Подетални информации
Тебе те знаеле, јас те не познавам. Да се запознаеме - твоето име е Др._____ ____________
Ќе ти го кажам лично, на јавен форум не оставам лични податоци инж. бојан - правен прекршок е, или може да биде
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Ќе ти го кажам лично, на јавен форум не оставам лични податоци инж. бојан - правен прекршок е, или може да биде
Име и презиме. Не ти барам ЕМБГ, Бр. на лк, пасош.
Име и презиме не е и неможе да биде правен прекрош освен ако Жан Митрев не ти поднесе кривична пријава за клевета.
 
Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Име и презиме. Не ти барам ЕМБГ, Бр. на лк, пасош.
Име и презиме не е и неможе да биде правен прекрош освен ако Жан Митрев не ти поднесе кривична пријава за клевета.
Точно така! И поради тоа што форумот е јавно достапен, нема да оставам име и презиме. А правен прекршок би бил и доколку друг го остави моето. Па поради тие причини не ти го напишав и на лични :helou: но ти кажав ако можам кога ќе дојдам... ако не друг пат
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129

Со други зборови сакаш да збориш против Митрев на јавен форум со негово полно име и презиме но немаш храброст тоа да го направиш јавно со твое име и презиме. Респект докторе :bravo:.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Со други зборови сакаш да збориш против Митрев на јавен форум со негово полно име и презиме но немаш храброст тоа да го направиш јавно со твое име и презиме. Респект докторе :bravo:.

А ти па мислиш дека Жан Митрев ке заплаче ако прочита што зборува докторот за него:icon_lol:
 
~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
Хејтериииииииииииииииииииииииииииии!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! ко ке ја стегне срце мајка ти да те видам дека прво ке отидеш....... ХЕЈТЕРИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ Гнијте у пеколо!!!!!!!!!!!!!
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Луѓе незнам зошто се расправате, никогаш никој човек неможеш да го убедиш во спротивното мислење од неговото, секој од нас има право да си каже свое мислење па оној што ке чита нека заклучи што од тоа е точно.
 
Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Не би рекла дека е стручњак,
нити најдобар доктор во Македонија,
тоа би го кажала само за неговата клиника
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Покрај гомилата неспособњаци во неговата бранша, овој е месијата.
"Месијата" кој го кочи развојот на кардиологијата во Македонија.
Факт е едека Митрев веќе подолго време врши монопол со својата клиника и со врски во Владата (најверојатно) не дозволува да се отворат и да опстанат било кои други клиники. Најдобрите кардиолози ги зема кај себе, не да оперираат, туку да му држат скалпери и бришат пот.
Можеби е академик, можеби е одличен хирург, но тоа не му дозволува да го злоупотребува тоа за да прави пари на големо.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.507
Поени од реакции
1.722

Кој тоа не дозволува да се злоупотреби сопствената функција во позитивна цел за да се заработат повеќе пари?
Со закон е регулирано колку смее човек да заработува во однос на работата?
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
^^
Добро бе немојте со такви испади ве молам :nesvest:
Ни еден кардиохирург не е будала да дозволи да подава пинцети,ножеви туку секој сака да си успее сам.
Незнам од кај такво мислење имате за човек кој успеал многу и плус тоа сам без ничија помош.Незнам што се обидувате да кажете ама не ви успева.Мислењето нема да се промени на никој.

--- надополнето ---

Хејтериииииииииииииииииииииииииииии!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! ко ке ја стегне срце мајка ти да те видам дека прво ке отидеш....... ХЕЈТЕРИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ Гнијте у пеколо!!!!!!!!!!!!!

Ke отишол со хелихоптерот во Англија или Франција:tv:веке одговорено
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Не би рекла дека е стручњак,
нити најдобар доктор во Македонија,
тоа би го кажала само за неговата клиника
Второто никој не го ни тврдел а за болдот баш сакам аргумент :).
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306
"Месијата" кој го кочи развојот на кардиологијата во Македонија.
Факт е едека Митрев веќе подолго време врши монопол со својата клиника и со врски во Владата (најверојатно) не дозволува да се отворат и да опстанат било кои други клиники. Најдобрите кардиолози ги зема кај себе, не да оперираат, туку да му држат скалпери и бришат пот.
Можеби е академик, можеби е одличен хирург, но тоа не му дозволува да го злоупотребува тоа за да прави пари на големо.
со сила ли ги земал овие ??
 
H

HITCH

Гостин
Не би рекла дека е стручњак,
нити најдобар доктор во Македонија,
тоа би го кажала само за неговата клиника
Ти да не си сопругата на непопзнатиот?! Па сега се трудиш да го обелиш образот на непознатото момче :pos:

Ај, сега посериозно да си поправиме муабет. Докторе Непознат, прво ме интересира дали имате било какви докази за лошото извршување на работата од страна на доктор Митрев? Дали Вие сте виделе нешто од тоа што го напишавте? Ме интересира бидејќи не видов конктретно каде е проблемот. Вие, докторе, тврдите дека не си ја врши добро работата, за разлика од сите форумџии кои го велат спортивното. Дали вие мислите дека доколку доктор Митрев не е толку стручен, како што се претставува, ќе има толку многу пациенти? Дали сте ги виделе просториите каде се примаат и каде се згрижуваат пациентите? Дали сте го виделе тимот на луѓе со кои соработува и дали тие луѓе се задоволни од својот шеф? Исто така ме интересира според Вас докторе кој е подобар кардио - васкуларен хирург? Значи ме интересира убаво да ни ја објасните зошто доктор Жан Митрев не е добар доктор. Само ве молам немојте да ме потценувате и да ми праќате линкви кои не докажуваат ништо. Ме интересира со зборови да ми објасните зошто сте против д-р Митрев.

п.с. само да ве потсетам дека Вие сте доктор по професија (или барем така се претставувате) и сакам да ви посочам дека дискусијата која ја водите не оди во вистинската насока. Бидејќи немате поим кој е од другата страна зад мониторот, Вие, мора како високообразован кадар да ја држите дискусијата на вашата тема на високо ниво. Значи докторе сакам да ви забележам дека со овој начин на конверзација оставате многу лош впечаток. Ова е ужасна реклама за областа во која Вие сте обучен и во која работите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom