Што мислат религиозни луѓе за еволуција?

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Скоро сите религии вклучуваат Бог или Божества и тие имаат различни приказни како се направил светот и колку е стар. На интернет и у живо сум дебатирал со другари мои за како се се создало и како ќе биде у иднината но што мислите вие за еволуција?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Еволуцијата е лага која трае...
Имаш и за ова посебна тема, чепкај малку по форумов.
 
hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Еволуцијата е лага која трае...
Имаш и за ова посебна тема, чепкај малку по форумов.
Како е лага.. Сите факти се таму ама ти брат продолжуваш да даваш твои мислења базирани на религиозно мислење.
 
macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
@hypoterrian
Да бев админ/мод би ти го ограничил правото да отвораш нови теми. Во последнава недела од ко си зачленат имаш отворено 10 нови теми за кои имат веќе постоечки теми. Ти само ги препаковвиш со нов наслов.
Јас самиот сум атеист од твоја возраст и јас на почетокот имав вакви прашања и бев лут зошто другите (читај верниците) немаат вакви размислувања или отворен мозок ко мојов да си ги постават истите прашања и да дојдат до логичен одговор.
На религиските дебати никогаш немат да најш логика или пак некој шо го сменал мислењето зошто то е многу специфична тема во нашево општство каде сите се индоктринираат од мали нозе to not question the higher authority.
Јас искрено би ти препорачал да не се замараш со другите шо мислат најбитно си е твоето мислење и не пробви на некој да му го смениш мислењето зошто како прво немат да успејш и како второ ќе си бетер од религиозните шо би салале тебе да те сменет.
Ако сакаш исконтактирај ме во пп за некој прашања шо ги имаш или да ти предложам материјал за читање и слично.
 
Јас не сум им лут иако имаат свое мислење ја не им го ограничувам правото што да зборат и у шо да веруваат и у шо не. На интернет најчесто дебатирам со американци но на овој форум само сакав да ги поставам истите прашања и да го слушнам мислењето на нашите сограѓани.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Како е лага.. Сите факти се таму ама ти брат продолжуваш да даваш твои мислења базирани на религиозно мислење.
Остај го ти него, толку ја разбира.
Него ти кажи ми што подразбираш под еволуција? Мислиш на теоријата на еволуција? Мислиш на абиогенеза? На космичката еволуција?
Зошто тебе ти изгледаат веројатни? На кои факти мислиш?
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Мислам дека еден ден сите нешта ќе се вклопат едно во друго како сложувалки. Оној ден што го чекаме.
Мислам дека колку повеќе знаеме од науката толку сме свесни дека има уште мнооооогу да се открие. Една трошка имаме од кутијата со сол. Се повеќе и повеќе чудни документарци последно што гледав на странскиве телевизии за наука, не на религиозен канал - вика земјата се врти околу сонцето ама кој ќе докаже дека целиот универзум не се врти околу земјата а таа мирува - ги извртеа сите работи и на некој начин докажаа дека се можни двете геоцентрични теории и хелиоцентричната исто. И дека сите го кажуваат истото ама на сите им фалат детали. Не беше за еволуција за настанокот беше ама беше исплеткан филм свеста да ти се земе.

Така мислам дека сега можеме да нагаѓаме што значи секој збор од библијата, како што ќе откриваме повеќе ќе се вклопи се едно во друго.

Мислам дека некогаш треба да се тргне од чувствата, оти се што било откриено и земено за вистина било по стотици години негирано и заменето со нови теории, и ова што сега го земаме за строга вистина ќе биде негирано од научни докази и заменето.

Така религијата ако не сме на теологија и тоа да ни е работа не е паметно да ја испитуваме, паметно е да веруваме, некогаш да тргнеме од чувствата и да веруваме. А науката исто не е паметно сега да се занесиме дека целиот универзум се врти околу земјата. Ако не сме некој генијални научници што се во состојба да ги сменат законите во книгите по природни науки. Паметно е да го прифатиме она што е општоприфатено, сега во моментов така ни изгледа дека е и така ќе ги учиме децата.
Зошто знајте што? Краток е животов на светов имаме обврски спрема нашите блиски, малку да си дајме време да поуживаме, малку да станиме корисни за околината, да створиме семејство и да го спремиме за живот во светов. Кој нема ништо поважно може и да застане милениумите да ги анализира, нема таков што во 70 години ќе ги изанализира сите времиња што поминале а да не залута во некој погрешен правец.

Тоа мислам.
 
hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Остај го ти него, толку ја разбира.
Него ти кажи ми што подразбираш под еволуција? Мислиш на теоријата на еволуција? Мислиш на абиогенеза? На космичката еволуција?
Зошто тебе ти изгледаат веројатни? На кои факти мислиш?
Ја еволуцијата ја сваќам како процес во кој микроорганизми после милиони години се развиле во повеќе видови на животни и на крај ние. А за теоријата на еволуција знам дека е составено од природна селекција.Мислам дека абиогенеза дека беше кога едноклеточни организми се ствараат од неоргански супстанци. А за космичка еволуција се работи за историјата на еволуција од биг бенгот. Мене еволуцијата ми изгледа најверојатна заради сите факти што ги има. На пример големата сличност во днката и гените но и фосилните остатоци. А за човекот има докази дека еволуирал од стар предок од скелетот пронајден во Африка наречен австралопитекус. Еволуцијата може и да се докаже по тоа што одкога изумреа сите диносауруси и само цицачите преживеаа тогаш почнаа огромен број на нови видови на цицачи да се пронајдуваат кој живееле некое време после крајот на диносаурусите. И мене пологично ми е да верувам во нешто што
 
Кажуваш како да си бил таму лично и си ја видел еволуцијата на дело. Сигурен си дека е така?
За абиогенезата (настанокот на првите микрооганизми) нит доказ нит бутур.
За космичката еволуција, само претпоставки на база на реални согледувања, но сепак доста нејасно. И сакаш да кажеш сигурен си во овие 3?
 
hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Кажуваш како да си бил таму лично и си ја видел еволуцијата на дело. Сигурен си дека е така?
За абиогенезата (настанокот на првите микрооганизми) нит доказ нит бутур.
За космичката еволуција, само претпоставки на база на реални согледувања, но сепак доста нејасно. И сакаш да кажеш сигурен си во овие 3?
Малце звучи така но ни религиозни луѓе не биле кога нивниот госпот бил во акција. За абиогенезата докажано е дека има шанси да се создаде живот од неживот под одредени услови.
https://youtu.be/2YF-RSpd9S0 на пример го најдов ова видео кои ги објаснува работите.
https://www.cfa.harvard.edu/~ejchaisson/cosmic_evolution/docs/fr_1/fr_1_site_summary.html а ова објаснува за космичка еволуција.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Малце звучи така но ни религиозни луѓе не биле кога нивниот госпот бил во акција. За абиогенезата докажано е дека има шанси да се создаде живот од неживот под одредени услови.
https://youtu.be/2YF-RSpd9S0 на пример го најдов ова видео кои ги објаснува работите.
https://www.cfa.harvard.edu/~ejchaisson/cosmic_evolution/docs/fr_1/fr_1_site_summary.html а ова објаснува за космичка еволуција.
Остај ги ти религиозните на страна и нивниот госпоТ.
Абиогенезата велиш може да настане под одредени услови. Ај гледај што е болдирано. Значи може (но и не значи дека било) а и прашање дали такви услови постоеле. Ти од видеа научи? Што ако клетките не се створени?
За космичката еволуција ама баш ништо нема. Од кај дојде тој сингуларитет? Што го поттикнало истиот да експандира (биг бенг) ако се случил нели?
За Хуманата па еволуција, не е баш докажана, пак се претпоставки.
Значи и твоево е верување како и кај религиозните, нели?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Остај ги ти религиозните на страна и нивниот госпоТ.
Абиогенезата велиш може да настане под одредени услови. Ај гледај што е болдирано. Значи може (но и не значи дека било) а и прашање дали такви услови постоеле. Ти од видеа научи? Што ако клетките не се створени?
За космичката еволуција ама баш ништо нема. Од кај дојде тој сингуларитет? Што го поттикнало истиот да експандира (биг бенг) ако се случил нели?
За Хуманата па еволуција, не е баш докажана, пак се претпоставки.
Значи и твоево е верување како и кај религиозните, нели?
Па сеуште сите одговори за еволуција не се одговорени. А за биг бенгот не се знае зошто се случил и како само се знае дека се случил од проширувањето на универзумот. И не научив се од видеа. Истражував на интернет, прашував луѓе у живо и онлајн. И верувањето во еволуција не е како верувањето во некоја религија дека барем има дамки од кои може да се види слика за што се случило.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom