Резултати од излезни анкети, ова е втор пресек. Има разлика од првиот, веројатно ќе има и од следниот, но се гледаат веќе некои трендови.
Радев, како и што се очекуваше, блиску до 50%.
Бојко ќе биде прв, но повторно без некакви шанси да формира влада.
Најголеми промени се кај "протесните" гласови. Слави Трифунов губи како во интервјуто со Џамбазов, моментално дури е испод 10%, но може да бидат битни при правење на нова влада.
На овие избори место Слави, има нови ѕвезди, всушност луѓе на Радев (од неговата влада), кои ќе бидат втора сила, изнад 20% се. Не би требало да се гадливи на коалицирање и правење влада.
Каракачанов и сега далеку од парламент, а и новата националистичка Взраждание, пак ќе бидат блиску до цензусот, но изгледа ќе останат испод.
Какви и да се резултатите, мислам дека сега ќе мора да се направи некаква влада.
На овој канал во текот на денот ќе објавуваат резултати од излезните анкети.