Што мислат Македонците за политиката на Бугарија

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
32.793
Поени од реакции
48.622
Зошто да биде нерелевантно?
Зашто ти на пример, сметаш дека е тоа лошо?
Веројатно заради тоа што фашизмот, како идеологија, има горки плодови во реалноста. Затоа што фашистите направиле ова, или она - безброј примери. Според делата, а не според тоа која им била идеологијата.
Затоа никој не ја тагира фашистичка Португалија, подеднакво како фашистичка Италија. Едните правеле безброј недела, другиве не.

Делата им се тие, на Бугарите, учество во стратешките планови на оската и со тоа придонес кон нивните неморални и неетички планови и цели.

Нерелвантно е, затоа што, биле фашисти, или не, тие учествувале во целите на оската, испорачувале Евреи и тн. и тн.

Ако ги прогласиме за нефашисти или фашисти, тоа нема ни јота да го смени тоа што веќе го направиле.

Фор д рекорд, јас мислам дека повеќе може да се каже дека биле фашисти, отколку не. Но, не е така чиста ситуацијата, како на пример што е во случајот на Португалија - сигурно фашистичка држава, која и продолжила до 74-та тоа да биде, но, на која ама баш (речиси) ништо не можеме да и замериме, во контекст на Втора Светска Војна. Ни приближно, како на Бугарија, или Романија, кај кои не може така чисто да се каже, дали се фашисти, или не.

Борис не бил фашист и не ги сакал многу-многу. Но Филов и други, веќе е друго прашање.

Така да, во крајна линија, не ни е битно некој дали бил фашист или не, туку дали и како учествувал во хитлеровата коалиција, кои злодела ги извршил. Четниците не биле фашисти, а заклале еден тон невини луѓе.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
8.957
Поени од реакции
11.879
Затоа што затоа биле задолжени бугарите.
Не знам зошто се правите слепци кога е од понова историја, има живи луѓе сведоци, баби дедовци кои некако преживеале да кажуваат за тоа.
Изгледате глупи само затоа што негирате.
Има и слики. Цела Битола излегла да ги пречека нацистите со кукасти крстови и бугарски знамиња.

1606414432330.png

1606414725803.png
 

Стев

Word Bearer of the New World Chaos
Член од
19 декември 2019
Мислења
2.218
Поени од реакции
2.166
Четниците не биле фашисти, а заклале еден тон невини луѓе.
Mоето разбирање дека првично биле про СХС царство герилски единци, кои пререаснале во фракции на бандити и анархисти, како и про нацисти. Сметајќи дека веќе поддржувале еден авторитативен режим И се приклучиле де факто(некој пуч имале или нешто) на швабите. Сметајќи дека де факто биле милитаристичко настроени трупи кои ја поддржувале оската.... разумно е да се класифицираат во исти ред како нацистите.
Слично може да се каже и за вишиевиот режим во франција- учестувале некои единици на страната на оската, а иронично биле водени од истиот тип што ги спасил французите во прва с. војна кај вердун(маршал петен). Во редовите на овие трупи имало и делови африканско и арапско население- кое се борело рамо до рамо до италијаните и германците. Дали овие може да не се наречат фашисти? Технички да! За французите, овие колаборатори биле срам, и крајно омразени. Голем дел биле егзекутирани.
 

Стев

Word Bearer of the New World Chaos
Член од
19 декември 2019
Мислења
2.218
Поени од реакции
2.166
Има и слики. Цела Битола излегла да ги пречека нацистите со кукасти крстови и бугарски знамиња.

Прегледај го приврзокот 276238

Прегледај го приврзокот 276240
Весниците за време на војната биле по пумпани со пропаганда него другарите на берик со трава у вени. И ....зошто изгледа како да има палми?
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
32.793
Поени од реакции
48.622
Mоето разбирање дека првично биле про СХС царство герилски единци, кои пререаснале во фракции на бандити и анархисти, како и про нацисти. Сметајќи дека веќе поддржувале еден авторитативен режим И се приклучиле де факто(некој пуч имале или нешто) на швабите. Сметајќи дека де факто биле милитаристичко настроени трупи кои ја поддржувале оската.... разумно е да се класифицираат во исти ред како нацистите.
Слично може да се каже и за вишиевиот режим во франција- учестувале некои единици на страната на оската, а иронично биле водени од истиот тип што ги спасил французите во прва с. војна кај вердун(маршал петен). Во редовите на овие трупи имало и делови африканско и арапско население- кое се борело рамо до рамо до италијаните и германците. Дали овие може да не се наречат фашисти? Технички да! За французите, овие колаборатори биле срам, и крајно омразени. Голем дел биле егзекутирани.
Не е ова тема сега за тоа. Имаш за ова подоста во темата за Втора светска. Четниците, генерално може да се каже дека не се фашисти. Тие се на хартија сите под Дража, а у пракса, нема везе. Равногорците на Дража, никако не се фашисти. Љотичевците се 100% баш фашисти. Комплицирана тема.

Но, повторно, не битно што се, битно е што правеле.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.077
Поени од реакции
12.655
... само колку Македонци го дале својот живот за слободна Македонија, ни на крај памет дека биле убиени од бугарска администрација, затоа после 2001 год повторно имаме многу администрација, сите учки вработени во администација, да во иднина повторно се рече крива е администрацијата, аааааа види ја ти логикава!
 

Riken

Stuck in reverse.
Член од
9 декември 2008
Мислења
8.285
Поени од реакции
13.325

Стев

Word Bearer of the New World Chaos
Член од
19 декември 2019
Мислења
2.218
Поени од реакции
2.166
Не е ова тема сега за тоа. Имаш за ова подоста во темата за Втора светска. Четниците, генерално може да се каже дека не се фашисти. Тие се на хартија сите под Дража, а у пракса, нема везе. Равногорците на Дража, никако не се фашисти. Љотичевците се 100% баш фашисти. Комплицирана тема.
1. Реков фракции.
2. А фрекиве?
 
Член од
6 април 2007
Мислења
862
Поени од реакции
274
Кога Македончето ќе посмее да побара извинување од Србите за злосторствата врз него во периодите 1912-1915, 1920-1941, божемски тие не биле окупатори, тогаш може и некоj на исток да го сфати озбилно. Инаку целата приказна изгледа како комунистичка баjка за градење идеологизирани конструкции што тешко држат вода во светот на вистинските нации. Доволно е да ги видиш статиите на македонската Wikipedia за да ти текне дека нешто не е во ред...
 

Raziel

Модератор
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.652
Поени од реакции
7.364
Јас зборам за факти.

Не е таа аналогија.

Таа аналогија би била, кога би рекол Бугарија се борела на страна на оската, а после тоа не се борела.

Јас реков - Бугарија се борела на страна на оската, а после тоа на страна на сојузниците.
Ти изоставаш битни елементи со кои фактите добиваат поинаква конотација и не изгледаат како манипулација и апологетизам. Мојата аналогија беше реплика на твоето „после тоа“, со целосно направена штета и настанати последици. Нема „после тоа“. Како дел од оската (не „во служба на оската“, туку ДЕЛ ОД, своеволно, како држава која пристапила на пактот) ги врши ѕверствата шо сите добро ги знаеме. На самиот крај од војната воено е поразена и капитулира, а незначителни дисидентски елементи (кои ги имало сегде, ги имало и во Германија) се приклучуваат, во најголем дел на црвената армија.
Дали можеме така да се расфрламе со факти за Италија, на пример, и тоа од '43та, кога поразениот југ и северот биле де факто две завојувани страни само затоа шо југот бил окупиран од сојузниците и храбро да изјавиме дека Италија се борела на страна на оската, а потоа на страна на сојузниците? Не. Никој нормален тоа не би го кажал затоа шо ќе му се смеат.

Две прашања се тоа. Едното е дали била окупатор или, како што Заев вели администрирала. А другото е - дали била фашистичка држава.

Во врска со првото - јас сметам дека треба да ја нарекуваме окупаторска, само ако и српската власт претходно, така ја нарекуваме. Како што е и правилно.
Ако српската ја нарекуваме администрација, тогаш и бугарската би требало. И против српската и против бугарската власт се дигнал народот тука.
Мене многу ми се свиѓа цело ова витештво и even-temperedness кои шо ги имаш само кога Заев ќе изврши велепредавство, па наоѓаш и „ама“ и „ако веќе, тогаш...“, „да почекаме“... само шо проблемот е дека Србија не е тема, Германија не е тема, Австрија не е тема. Бугарското вето и причините за бугарското вето се тема. Велепредавството на Заев е тема. Дали СХС биле окупатори на Македонија е прашање шо се поставува само за да се релативизира, растегнува и дефокусира. Ако утре Србија директно посегне по нашите државни интереси и врши терор како Бугарија сега, тогаш ќе биде тема.

Дали Бугарија ќе ја наречеме фашистичка, е комплексно прашање, кое тука, а и по медиумите, го лупаат одбафтана. На темата за Втора Светска имам пишувано, што мислам за тоа.
Пак е релативизирање. Сите можеме така. Виторио Емануеле немал симпатии кон Мусолини. Ни идеолошки, ни политички не биле на иста бранова должина. Италија била монархија. За време на војната Италија останала монархија. Дали по оваа логика се проблематизира глобалниот консензус дека Италија била фашистичка држава?
 

Riken

Stuck in reverse.
Член од
9 декември 2008
Мислења
8.285
Поени од реакции
13.325
Цел град?

Истите слики ги имаш и од Охрид и Скопје.
Пишува 15000 бугари од битола и околните села, изгледа нив ги ослободувале од македонската тиранија, баш добри слики...прати уште ако имаш.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
509
Поени од реакции
402
До толку сте без мозок што на Србите мора да им ги позајмувате форите.
Внучко, незнам дали си природно таков или вежбаш, ама изјавата дека во Македонија само за Бугарите се вели дека се фашисти, а за други не... ти е во најмала рака дебилна.

Ако навистина веруваш во тоа што го пишуваш, Господ нека ти е на помош.

Sent from my Redmi
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
13.379
Поени од реакции
30.049
Пак е релативизирање. Сите можеме така. Виторио Емануеле немал симпатии кон Мусолини. Ни идеолошки, ни политички не биле на иста бранова должина. Италија била монархија. За време на војната Италија останала монархија. Дали по оваа логика се проблематизира глобалниот консензус дека Италија била фашистичка држава?
Ваљда разликата е што партијата на Мусолини во Италија, преку пуч ја презема власта, буквално се нарекува фашистичка партија и ја гради државата по нивен модел и идеологија која се нарекува фашистичка.

Нешто што во Бугарија не е случај, нема со помош на Германија или Италија некаква партија дојдена на власт 41-ва која спроведува некаква фашистичка идеологија, но има влада со отворени фашистичко/нацистички симпатии, со ставање на располагање на целата својта воена, индустриска и политичка инфраструктура во погонот на Оската, има влада која носи антиеврејски закони и севкупно која пресликува модел на фашистичко/нацистички стил на управување, дури иако самата владеачка партија не е фашистичка ниту е домашен падан на фашистичката партија на Италија.

Но ниеден сојузник на Германија, освен Италија, нема во тоа време на власт партија со фашистички бекграунд, со чиста иделошка мисија, сите тие се опортунисти- и маѓари, романци, финци, бугари, сите првично се влезени да ги исправат своите неправди од Версај, а не за некоја иделошка борба, иако ревносно и доследно сите овие ги спроведуваат нацистичката расна идеологија и решавање на еверјското прашање.
 
На врв Bottom