Што кога ништо не ви оди во животот ?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Има и лек за депресија кој не е антидепресант и се вика способен психијатар. Не е ништо страшно да се посети и многу може да помогне. Психијатар што веднаш препишува такви срања од лекови - НЕ! . И јас и ти и било кој од форумов знаеме да го направиме тоа. Не се плаши да побараш помош, не е никаква срамота.
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Колку и да е лошо ќе помине. Бар еднаш ќе ти се насмевне среќата..
А ако, рецимо, не се деси тоа сунѓеру? Од дека си толку сигурен? Не сме сите у филм со хепи енд.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
А ако, рецимо, не се деси тоа сунѓеру? Од дека си толку сигурен? Не сме сите у филм со хепи енд.
Никој не е во филм со среќен крај. А среќата сигурно еднаш ќе ти се насмевне, но ти треба да ја уловиш и правилно искористиш, а не да паднеш во депресии и да речеш јас немам среќа, животот ми е пекол....
Господ ти дал живот, а ти треба максимално да пробуваш животот да го живееш убаво...
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Никој не е во филм со среќен крај. А среќата сигурно еднаш ќе ти се насмевне, но ти треба да ја уловиш и правилно искористиш, а не да паднеш во депресии и да речеш јас немам среќа, животот ми е пекол....
Господ ти дал живот, а ти треба максимално да пробуваш животот да го живееш убаво...
Не постои среќа. Ни па насмевка на среќата. Дека треба да живееш како шо сакаш и максимално да го користиш убавото се слагам. Ама, кажи ми, дека е таа насмевка на среќата шо го викаш тоа на рандом дете од Сирија на пример шо околу него се пука, родителите му погинале и оно е жртва. Наредната недела го прегази камион на нато. Дека е таа насмевка на среќата? Ама ај, како шо знаеш да кажеш, да не одеме офтопик.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Живеам, затоа и го кажувам. И јас сум имала фази на сожалување и после падовите исто посилно сум паѓала во депресии. Меланхолик сум по карактер, тоа нешто значи. Но, со тек на времето, најјаката лекција која ја научив е дека мозокот може да ти биде најсилен сојузник и најдобар пријател или најголем непријател. Сам си бираш. На кожа искусено и потврдено. Среќата е избор. Исто како и депресијата. Колку повеќе се самосожалува човек, толку потешко му е да излезе од летаргијата. Се фаќаш за она што те води (сите имаме некоја водилка, макар тоа било и обична идеја) и се буткаш сам себе.
Бебето кога почнува да проодува, паѓа 100 пати, ама се труди и станува, се додека не застане цврсто на нозе и почне да оди само. Имаме многу што да научиме од бебињата, колку и смешно тоа да звучи.
Најчесто сами на себе сме си најголеми непријатели, иако не мора и не треба да биде така, но тоа зависи од самиот човек.
Човек мора да научи да зависи исклучиво сам од себе. Но, прво треба да почне да се почитува себе. Тогаш ќе почне и да се бори за себе.
Мајке ми, вака ко те чита човек се ок, убаво е декорирано, ама животот не е роман на Пауло Куељо. Нели?

Стварно веруваш дека "паѓаш, стануваш, се тресеш" му има помогнато на некој да си го оправи животот?

Мозокот само чека на волеј да се сврти против тебе и тоа е точно, но постои избедираност која не зависи од тебе самиот. Која остава трауми, жежи,боли, колку и да ја тресиш.

Да ми речеше да научиш да ги цензурираш емоциите и да бидеш себичен , е тогаш можеби и ќе ти поверував. Вака ко ми збориш како да го надитриш животот и да бидеш среќен со естетски реченици, ми звучи ко да збориш за нешто шо наизуст го имаш научено.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076

Депресијата не е избор Крејзи, не збориме за периодични бедчиња шо траат и до година дена.
Најлошо нешо шо моеш да му кажеш на депресивен човек е Па добро жив здрав прав си, зашо не се развеселиш малце?? Зашо си даун цело време?? Внимание бараш, се лигавиш..
Не биди игнорантна.
 
O

Orion.

Гостин

Да, а ти како констатираше дека OP има клиничка депресија ? Постот и е тотално ок и е наменет за луѓето кои се во ''периодични бедчиња'' што најчесто е случај, не за луѓето кои патат од клиничка депресија.
 
А каде го спомнав јас OP ? Јас и вратив на крејзи ин лав за тоа што она го напишала, не го цитирав тој шо ја отворил темава.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
И едното и другото се викаат депресија :)
ц..
Среќата е избор. Исто како и депресијата.
Со овој дел не се сложив. Среќата стварно е избор, ама депресијата не е.

Кои се тие "И едното и другото"?
Бедчињата и клиничката депресија? Исти ти се тебе?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мајке ми, вака ко те чита човек се ок, убаво е декорирано, ама животот не е роман на Пауло Куељо. Нели?

Стварно веруваш дека "паѓаш, стануваш, се тресеш" му има помогнато на некој да си го оправи животот?

Мозокот само чека на волеј да се сврти против тебе и тоа е точно, но постои избедираност која не зависи од тебе самиот. Која остава трауми, жежи,боли, колку и да ја тресиш.

Да ми речеше да научиш да ги цензурираш емоциите и да бидеш себичен , е тогаш можеби и ќе ти поверував. Вака ко ми збориш како да го надитриш животот и да бидеш среќен со естетски реченици, ми звучи ко да збориш за нешто шо наизуст го имаш научено.
А што треба да му кажам? Тој побара мислење, му дадов мислење. Не можеш да го живееш животот наместо другиот. Ниту му реков како да го надитри животот, ниту како да биде среќен, туку да престане да се самосожалува. Немаш среќа? Иди создади ја. Никој не вика дека е лесно. А ова што сум го напишала сум го напишала со причина, не сум фиктивен лик од книга, ваљда имам потсоберено некое искуство во животов мој. Како тоа што би му кажала "да ги цензурира емоциите и да биде себичен" ќе му помогне? И твоето се зборови и моето исто. Тој само сам може да си помогне. И не треба да ги цензурира емоциите, туку само да ги насочи во вистинска насока, но за тоа треба труд.

Депресијата не е избор Крејзи, не збориме за периодични бедчиња шо траат и до година дена.
Најлошо нешо шо моеш да му кажеш на депресивен човек е Па добро жив здрав прав си, зашо не се развеселиш малце?? Зашо си даун цело време?? Внимание бараш, се лигавиш..
Не биди игнорантна.
Има разлика меѓу моментална депресија и клиничка депресија. Депресивен е и човек што се самосожалува, нон-стоп на се гледа црно и мисли дека за ништо не го бива, што најчесто е производ на ниска самодоверба. И да, сето тоа е избор. Самите избираме дали ќе тажиме и ќе бидеме депресивни или ќе си ја чукнеме главата и ќе продолжиме понатаму.
 
O

Orion.

Гостин
ц..

Со овој дел не се сложив. Среќата стварно е избор, ама депресијата не е.

Кои се тие "И едното и другото"?
Бедчињата и клиничката депресија? Исти ти се тебе?
Во вообичаениот говор се користи терминот депресија и за клиничката депресија и за бедчињата. Секако дека не се исто. Едното е психичка болест, другото е тага која се јавува како последица на некој личен неуспех небитно на кое поле во животот.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Има разлика меѓу моментална депресија и клиничка депресија. Депресивен е и човек што се самосожалува, нон-стоп на се гледа црно и мисли дека за ништо не го бива, што најчесто е производ на ниска самодоверба. И да, сето тоа е избор. Самите избираме дали ќе тажиме и ќе бидеме депресивни или ќе си ја чукнеме главата и ќе продолжиме понатаму.
Моменталната депресија не е депресија, get your facts straight. Депресијата е секојдневна потешкотија да станеш од кревет да направиш било што, чувство на немоќ и неминовна тага.
Ако веќе сакаш да пропагираш прооптимистички ставови со вакви мотивациони пасосчиња, одбери ги правите термини :) Уште поважно, осигурај се дека ти е кредибилно и bulletproof тоа што го пишуваш, пошо на тој што го чита најмалце му треба празен муабет врзан со панделка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom