Што кога не сте прифатени од страна на родителите на партнерот?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Се што кажа ЛУКИ баш така е, во животот им беше ама баш се угодено,се,
се освен Хаваи,Малезија и Тунис. Јас тие години кога тие раснеа многу работев.
На маса за да се седне да се руча и да се стане од кревет,прво се прашувало што ?
А грав немало никогаш, а јас да речеме толку го сакам. Зацапаа,посебно за еднава сега се прави муабет.Имате ли чуено друг случај во Македонија да се живее без вода и без струја,не има дав свекрвата приклучок. И така лани и цело зимо новороденчето со порасна во темница и неизмиено,и сега не напредува уште не може на нозе да застане.
А сега ја зацапаа со два кредита,парите ги снема и ние мора кредите да ги плаќаме.
Anco уби кучката (свекрвата)..ја да сум на твое место..
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ова ми промакнало неодговорено :)

Те разбирам, ама ми раскажуваш детски прикаски. Тебе стално ти се мешаат старите во изборот на дечко?
Ако е така, веројатно си помала или си многу разгалена. Зборуваме за случај каде си во сериозна врска, или брак. И тоа од мој агол како личност: Што ако мене не ме прифаќаат?
Значи ако сум јас со девојката подолго време, веќе се знаеме доволно и знаеме на што сме. Нема потреба јас ништо да им докажувам на нејзините. Од мене ќе го добијат целиот респект како родители на мојата избраничка, ама се заебале за други метании или миросувања, уште помалку да им се докажувам некако. На крај, со мене или во мојата куќа ќе живее, не кај нив.
Тие шо не знаат што сакаат па треба мама или тато да им каже некоја мудрост да се свестат припаѓаат во категорија: со пречки во развојот или недоделкани. Од такви бегај.
Зрели партнери се обидуваат да започнат свој живот независно од родителите, живеат за себе не за нив и не ги тангира ако на некои од старците им текнало нешто да мудруваат за зетот/снаата или пак за неговото семејство.
Ако ти немаш личност и интегритет за да одговараш за своите постапки и избори тогаш барај од родителите да ти најдат маж/жена.
Не мора да е секогаш, и не мора да е за дечко. Можеби си благословен со родители кои си ја гледаат својата работа и не те замараат за работи кои се дел од твојот живот, особено приватниот. Ама сите родители не се од еден калап вадени, и последично, не можеш да очекуваш сите останати момци и девојки да функционираат како што ти функционираш, со независни избори за себе. Во тој поглед би рекол дека баш, и не ја разбра Саншајн. Имаш секакви родители во земјава, од тие кои што буквално никаква грижа не водат за децата до тие кои се инволвирани до најтривијалните работи кои децата сакаат да ги/ги прават. Без разлика дали тоа на тие деца им се допаѓа или не.

Исто заклучоците дека девојката што ја цитираш поради тоа е или/или (во случајов многу мала или разгалена) ти се многу зелени. Извини, ама така е. Не можеш според личен модус операнди да ги класифицираш луѓето дали го водат или не го водат својот живот како што треба, земено со факторов - родители. Секој чифт од нив е различен. Голем број од тие нивни деца и не можат да се бунат и да водат инает, бидејќи во голем дел можеби и од нив зависат (дали материјално, или на други начини). Твојот агол држи го како пример како најверојатно 'треба' да биде ситуацијата. Не, како 'мора'. Бидејќи наместо разбирање, покажуваш судење. Две ептен различни работи. Од каде знаеш зото Саншајн или некоја друга девојка сепак зависи од родителите или го зема нивното мислење за најверојатно? Зар треба да ти се отвори тебе и другите тука да оди во детали зошто е тоа така? За да ја сфатиш посовршено?

Голема грешна претпоставка правиш - дека ако си со некоја девојка подолго време дека доволно се знаете и дека знаете на што сте. Луѓето се менуваат константно, и нивните приоритети. Согласно тоа, и заклучоците кои некогаш ги имале. Стапките на развод си ги видел? Браковине не се склучуваат од месец дена дејтинг период. Очигледно години сериозна врска која води до веридба/свадба не мора да значи дека истата ќе истрае. Луѓе сфаќаат дека направиле погрешен избор некогаш и после цела декада заеднички живот. Нема правило кое говори дека со доволно време некого доволно ќе го запознаеш. Тоа зависи од тое колку едниот и другиот во таа врска/брак биле отворени, и колку вложиле напор да се запознаат подлабоко. Некогаш површните слоеви карактер се доволни да некој влезе во брак. Исто така, не мора да значи дека ако ти си одлучил дека кога ќе земеш жена, таа со тебе и твоите ќе живее, или со тебе во посебна куќа/стан, дека тоа ја крати таа родителска зависност и притисок. Никогаш не можеш да бидеш сигурен. Освен да наметнеш твоја доминација и притисок, и всушност да постанеш аналоген субститут на тоа што нејзините родители и го правеле до сега. Една зависност со друга. Каде си ти добриот дечко во таквата верзија на приказната?

Зрелоста нема никаква врска со реалната ситуација и зошто некој/а зависи од изборите на родителите или потпаѓа под нивно влијание или ги презема како свои нивните избори, кога се работи за нивен живот. Нити значи дека се недоделкани, нити ретардирани. Пак зелени заклучоци си вадиш, кои благе везе немаат едно со друго. Пак судење. Ако вака гледаш на се, сигурно се сметаш за некаков парагон на правилно живеење, што не те прави подобар од родителите кои ги критикуваат овде по темава. И како последно - Да, всушност треба да се докажуваш. Не на нејзините родители, туку на неа. Тоа твоето "чим тато и мама се мешаат / вршат притисок, оди бркај работа" - значи дека не се справуваш со покомплицирани ситуации како што треба. Претпоставувам си и од типот дечки кои знаат да кажат дека не сакаат "драми" и "драматични ситуации". Тие први бегаат кога ќе стане густо во некоја врска. Без разлика дали проблемчињата извираат од мешањето на мама и тато на партнерот/партнерката или нешто сосема друго. Зошто само она да ти докажува тебе? Ти што преставуваш? Бремето на докажување лежи и кај тебе. И таа девојка заслужува повеќе него flyby типци кои една минута ќе бидат присутни а моментот кога некоја ситуација им стане премногу мрсна и не им одговара да фатат кидавела во неповрат.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.401
Поени од реакции
9.252
Мене ми заврши една врска поради вакви работи.
Не дека јас барав да ме гледа како ќерка мајка му, само не сакав да се мешаат. Татко му цар човек, ама мајка му...
Од прво, што гледам дека беше моја грешка која веќе нема да ја повторам е што ептен се потресував каков впечаток ќе оставам кај нив, па ги почитував како никој што не сум почитувала, па купував поклони, глупости...
Неколку месеци беше се супер, после женава почна да се буни за бизарни работи. Толку бизарни што не знаев дали да плачам или да се смеам. Почна да му збори на дечково како додека тој зборел, таа заприметувала дека јас му правам фаци?!!? Па многу трошел пари, ме сакал повеќе он, нејзин мајчин совет бил да ме остави да најде друга.
Ок, кога си во врска и сакаш некого ќе поминеш преку вакви банални муабет, се додека не почнат муабетите да стануваат дела.
Така и јас. Не можев да издржам веќе и ставив крај!
Женава, значи и немам дефиниција. Кога идев кај него, сум ја фатила како прислушкува, па влага кај него без да тропне, па доаѓа распрашува, додека сум јас таму чисти по мене, ко божем јас глисти и оставав... Почна стварно да станува неподнослива.. Ми стана опсесија начисто. Или јас нејзе : ))
После почна да се лути што доаѓам и немаше веќе простор за толеранција и мораше да биде крај, да се спасам и јас конечно.
Значи во целава прича, не дека дечково не збореше, не се нервираше... И сите околу...
Ама џабеее, женава авторитет у куќа.
И уште еднаш среќа моја што се спасив на време...

А иначе постојат секакви луѓе. Жена како жена, таа е кривецот секогаш за не прифаќањето на партнерот, што од љубомора, што од тој синдром на величење на синот/ќерката па нема шанси никогаш да се најде некој по мера...
Некоја ќе попушти со текот на времето, некоја ќе стане бетер.
Кој има живци нека си трпи, кој не нека бега како знае, зошто љубовта и така ќе помине, хармонијата во домот е она што ќе остане засекогаш...
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371

Си успеала на време.. Мило ми е за тебе. Али знаеш некогаш е зезнато заради љубовта кон партнерот, па и тогаш идат муабетите од типот јас го сакам него па ако треба се ќе издржам. Сакале и не, тоа е најлош избор !
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.401
Поени од реакции
9.252
Си успеала на време.. Мило ми е за тебе. Али знаеш некогаш е зезнато заради љубовта кон партнерот, па и тогаш идат муабетите од типот јас го сакам него па ако треба се ќе издржам. Сакале и не, тоа е најлош избор !
Нивна работа, јас зариди ничива љубов нема да се казнувам и потценувам себеси да трпам такви срања од некои искомплексирани и огорчени луѓе : )
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Pohovan Trosed - Обавезно. Одма на тато му го давам да го помине. Ако тато дава зелено светло, тогај и јас. Мама вади статистички податоци.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ова може да биде реален проблем бидејќи ако не те прифаќаат тогаш голема е веројатноста да се обидуваат на секаков начин да ве разделат.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ова може да биде реален проблем бидејќи ако не те прифаќаат тогаш голема е веројатноста да се обидуваат на секаков начин да ве разделат.
Се става љубовта на тест, колку ти ќе идржиш, а колку ќе се бори другата личност за истото. Како што пишав погоре, не е секогаш црно-бело работата, има многу фактори, но на крај краева, избор е.
 
Токму така , љубовта е на тест , но и изборот како партнерите ќе се однесуваат под тој притисок.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.401
Поени од реакции
9.252
Се става љубовта на тест, колку ти ќе идржиш, а колку ќе се бори другата личност за истото. Како што пишав погоре, не е секогаш црно-бело работата, има многу фактори, но на крај краева, избор е.
Види, лесно е да кажеш кога си машко, пошто и да не сте прифатени од страна на девојкава нема многу многу грижи (зборам за озбилна врска) пошто нели ќе дојде ден ќе си ја земеш девојкава(не важи ова се ако планираш да идеш домазет)и нејзините ќе ги гледаш еднаш во 3 месеци, додека кога си женсково куќа си им, а мирот во домот многу значи.
А секако не може да има мир во куќа кога секогаш некој некого ќе навредува, се на некој нешто ќе му смета и нема да биде задоволен...
Сега се разбира и до степенот на хистеричност и налудничавост кај родителиве, ама девојкава ако размислува така, ајде љубовта ми е на тест, ќе издржам за љубов за тракатанци...
А кој си ќути знаеме на глава му се качуваат...
Па утре треба деца да имаат, па ќе се мешаат и тука...
И кога ќе видиш или девојкава ќе умре од некои тешки болести на 30 години, или кога тогаш ќе и пукне филм и ќе дојде време за развод, па што направила љубовта и поминатиот тест?

Затоа, успех за среќен брак е живот подалеку и од едните и од другите родители.
Ок, стварно браво за исклучоци ретки се ама верувам ги има!
 
Јас не би дозволил да ми се мешаат во приватниот живот. Ако сметаат дека некој партнер ми е несоодветен, отворен сум за советување и сл. Но до степен да и на мене и на личноста со кој ашто сум да ни вршат притисок, па психолошки тортури, манипулации, навредување? Ќе ги отпишам од мојот живот скроз. Ни внуци ќе видат ни ништо. Многу сум раздразлив на тоа поле така да барем јас не би дозволил, од моја страна родителите да прават такво нешто. Its a completely different ballgame кога се работи за родителите на партнерот. Тука би трпел и критики и навреди, понижувања и сл. ако тоа што го имаме ми е поважно од што и да мислат, направат родителите од таа страна. Секако дека и моето трпение има граници и дека некој ден ќе ми прекипе, особено ако партнерот не презема ништо околу тоа.

Инаку домазет или не, јас бидејќи не општам со девојки веројатно не ни размислувал на тоа поле :D. Во твојов пример ако го читам можам да ја пронајдам мајка ми. Она на пример имаше ваков проблем од мајката на татко ми, но еве ги, издржаа и ден денес, ама пресудно беше да се преселат кај нејзините родители :).
 
А замисли мајката на бившиот мој (онаа со која имав проблеми) имала ист проблем со мајката на сега маж и. Исто и правела потполно како она мене, па маж и се откажал од нејзе, почнале они двајца од нула и стигнале до кај што се сега, сами без никого...
И замисли колку пати ми кажувала дека никогаш не го заборавила тоа, и било криво, не сакала да биде така, за на крај се претвори во нејзе, па и бетер!

Ок муабетот беше со нас исто како што збориш ти сега, во смисла кој ги врти можам јас и без нив кога не ме почитуваат... Се тоа е ок, ама јас лично не можам да живеам врз несреќа на некој друг.
Пошто какви и да ти се родители се и знам дека боли.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom