Што е улична фотографија?

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Што ќе те натера да фотографираш на улица?
Целосната динамика која ја нуди улицата а воедно и се што се движи на неа, започнувајќи од атомите на воздухот до мирисот на асвалтот се приказна сама за себе. За разлика од студиската фотографија каде што се' се случува во една просторија и каде е пред се најважно спремањето на моделите и фотографирање при идеални услови со разни светломери професионални позадини и одлично осветлување тука на уличната фотографија се што се фотографира е само по себе т.е. светлото позадината е создадено од природата и неможе ние по наш тертип да го променуваме.
Улицата е како да фотографираш во џунгла, има најразлични мајмуни и лавови, зебри и леопарди. Едноставно улицата е закон за некој кој сака акција при фотографирање.
Во нашава земја е малце почудно кога ќе те видат на улица како стоиш со апаратот и го посочуваш во одредена точка и чкрапнуваш, те гледаат со страв како да си шпион или некој папараци фотограф.

Опасност од улично фотографирање
Освен тоа што се станува зависен од фотографирање street, исто така поголема опасност создаваат околните случајни „модели„ кои што се наоѓаат на местото каде што фотографирате. Некои се едноставно премалце едуцирани и незнаат дека фотографирањето не боли ама ич и дека не сте излегле специјално нив да ги сликате сакаат да ве удрат, земат апаратот или евентуално оштетат. Сепак треба да се припазува малце при фотографирање, не за нешто друго лично за вас и вашиот апарат.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Уличната фотографија овозможува замрзнување-укочување на уличната хаотичност и интересно е да се анализираат сите оние детали кои случајно се наоѓаат таму, значи нема позирање или вештачење, а сепак има толкава уметност у целава работа.

Околу оваа фотографија, фотографот вика дека луѓево не знаеле дека ги фотографирал:).
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246

Manhattan noon е именувана изложбата на вакви фотографии, а фотографијата е наречена Our secret.

Улични свирачи во Прага.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Последно што слушнав во Хрватска донеле закон со кој мораш да извадиш лиценца некоја за да можиш да фотографираш луѓе на улица или слично.
Инаку обожавам улична фотографија, интересна ми е динамиката , настаните и приказната што може да се фати .
 
S

Sith_Lord

Гостин

Oва го сликав на улица. Не знам под која фотографска категорија потпаѓа. Да ме утепаш, не знам.

Sith
 
D'Artagnan

Release yourself...
Член од
13 јули 2009
Мислења
21
Поени од реакции
0
Битола е преполна со улични фотографии...Само заборавам да сликам и да ставам...Ај наредниот пат
 
Член од
19 ноември 2010
Мислења
47
Поени од реакции
11
Еве една улична фотка од мене
ме интересира како се прави тоа со фокусот (еве детево е во преден план, а има замаглена позадина), знам да го направам у фотошоп али со тие апарати со додатни леќи како се прави?
 
pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Нема додатни леќи, објективот има авто фокус кој ако не ти одговара можеш да го промениш на мануелен и да фокусираш што сакаш :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
ме интересира како се прави тоа со фокусот (еве детево е во преден план, а има замаглена позадина), знам да го направам у фотошоп али со тие апарати со додатни леќи како се прави?
Се работи за длабина на поле. Не е до фокусот. Можеш да фокусираш или детето или жената позади ако ти е блендата на ф11 се ќе излезе јасно каде и да фокусираш. Кај новинарските фотографи важи правило “Држи го објективот на ф8 и спремен си за секоја ситуација“ пошто кај нив се важи чиста и јасна слика без многу измотавања со длабини така да може да слика јасно каде и да му фати фокус......

Е да не должам, тоа Ф е на објективот ознака за отворот на блендата и што помал број (на пример ф 2,8 тоа ќе имаш поизразена длабина (повеќе замаглување) а што поголем ф (8 или 11 или 22) тоа ќе немаш длабина и се на сликата и позадина и предниот дел ќе биде јасно (нема да има замаглување)

Спротивно на очекуваното помал ф број значи ПОГОЛЕМ отвор и обратно, поголем ф број значи ПОМАЛ отвор, така да на пример ф1,8 е мнооогу поголем отвор од ф16.

Е толку накратко...
 
Фала :)
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372
Мало надополнување до Let3. И на 5,6 веќе имаш доволно длабоко поле каде што многу работи излегуваат чисти на фотографијата. Евентуално 6,4. На 8 веќе мораш многу да продолжуваш експозиција што автоматски ти замачкува цел кадар, што не ти одговара. За среде бел сончев ден 11 до 16 се соодветни бленди.
Да не настанат забуни, ова се однесува на новинарска фотографија.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Не заборавајте дека на длабочината покрај блендата влијае аголот и оддалеченоста на хипер-фокалното растојание од објективот :)
--- надополнето: Feb 14, 2012 3:08 AM ---
Ајде некој да ме просветли, што е улична фотографија ??
 
Kajgana Shop

На врв Bottom