Што е подобро: тужба или барање физичка делба?

Член од
8 јуни 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
се работи за парцела која се уште не е физички поделена.човекот со кого треба да ја извршам таа делба е во америка.тој не сака да ополномошти човек за делба ,сака да дојде ама сака јас да му ги платам сите трошкови за неговиот престој и авионски лет до ваму.
дали е подобро да го тужам т.е. отворам судски процес и го принудам да дојде(тогаш незнам кој се ги сноси трошковите судски,дали е тоа 50%+50% )или е подобро да си поднесам барање за физичка делба па судот да си брка своја работа со него ако е тоа изводливо.

незнам што е посигурно и поефтино.
барам помош Струмикс и останати помагајте
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
334
Поени од реакции
382
Договор за физичка делба сега се прави кај нотар. Ако не се постигне спогодба за делба или присутност на двете странки, нотарот нема да направи и завери договор за физичка делба, затоа што нотарот е задолжен да врши само неспорни работи. Од тука нотарот ке те упати на суд, каде што првично трошоците ги плаќа оној кој го поднел барањето за делба, но на крајот во решението, судот ке одреди сразмерно плаќање на трошоците, зошто физичката делба е во заедничка корист.
 
Член од
11 октомври 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
e zošto dvete strani da go platat trošok,ako samo edna saka delba??

Dali treba i kolko na notaru da mu se plati iako rabotava ne e svršena kaj nego nego gi upati na sud??
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Не сакаат да има физичка делба оние кои го користат имотот и држат туѓ имот или парцела.

Затоа е потребно сите кои се сосопственици да плаќаат, а не само оној кој сака да знае што е негово со физичката делба.
 
Член од
8 јуни 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
so fiz delba, trosocite se delat 50-50, bez razlika koj ja sakal delbata.
a bidejki vtorata strana saka i patni trosoci, treba da podneses tuzba po VPP za fiz delba, zaedno so elaborat za fiz delba. prethodno baraj od MVR adresa na vtorata strana, i ako adresata mu e vo MKD, togas koga nema da se javi na sudenje, ce mu dodelat polnomosnik po sluzbena dolznost... pa se ce se resi brzo.

trosoci ce imas samo za fiz delba
 
Член од
18 февруари 2013
Мислења
59
Поени од реакции
14
Дали некој може да ми каже колку отприлика се трошоците за физичка делба? Знам дека се дели на двете страни но ме интересира некоја груба цифра колку би требало да платам ако поднесам барање за физичка делба, бидејќи другата страна одбива спогодбено да го решиме спорот.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
75
Поени од реакции
17
Дали некој може да ми каже колку отприлика се трошоците за физичка делба? Знам дека се дели на двете страни но ме интересира некоја груба цифра колку би требало да платам ако поднесам барање за физичка делба, бидејќи другата страна одбива спогодбено да го решиме спорот.
Jas plativ 650 EUR, mojot del i za drugata strana. Presreken sum deka se zavrschi rabotata, izgledat mnogu no tuka e i rabotata od advokatot.
 
Член од
18 февруари 2013
Мислења
59
Поени од реакции
14
Зошто и за другата страна нели се делат трошоците на 2те страни? За колку време се заврши работата откако поднесе ?
 
Член од
5 април 2011
Мислења
75
Поени од реакции
17
Зошто и за другата страна нели се делат трошоците на 2те страни? За колку време се заврши работата откако поднесе ?
Godini predlagav da naprajme fizichka delba no drugata strana nikojpat nemasche pari, zato bev prinuden da im predlozam deka celiot troschok jas da go platam. Celata rabota se zavrschi za (3) tri meseci.
 
Член од
14 декември 2015
Мислења
8
Поени од реакции
1
Како би било добро да ми одговори некој кој имал сличен проблем.
Сакам физичка делка да направам на шуми,пасишта,ниви во рурална средина ама сопственици се повеќе братучеди да речеме имам имотен лист со идеална 1\4 , но проблем е што некои не живеат во Македонија . Како најевтино и најбезболно да поминам ?


Послато са Lenovo A3500-FL уз помоћ Тапатока
 
На врв Bottom