Што е подобро - одмазда или игнорирање

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Во целава работа мислам дека треба да размислиш што сакаш да постигнеш, односно, што ти е целта. Поставуваш прашање но не ни кажуваш што ти е целта. Ако сакаш да ти се наполни душичката јас би рекол одмазда. Ако сакаш да си раат тогаш игнорирање.

Можеш да речеш тоа што го сакам е да го откријам него пред сите како непринципиелна личност и со тоа да го исфрлам од мојот круг на пријатели. За да го направиш тоа ќе треба со останатите од друштвото да збориш за него зад негов грб и да ги убедуваш дека тој е ваков или онаков итн итн за да ги убедиш дека сите заедно треба да го откачите. Можеби тоа е исправно.

Или можеби тоа што треба да го направиш е едноставно да утврдиш кои вредности ги имаш и кои вредности ги бараш од пријателите. Тоа значи да знаеш дека за тебе, на пример, искреноста е битна работа и ја бараш од пријателите и кога некој нема да ја демонстрира тогаш ти ќе се конфронтираш со таа личност од принцип. И потоа кој застане на твоја страна знаеш дека е личност со која би можел да бидеш пријател зошто делите исти вредности.

Се разбира не ти препорачувам да се конфронтираш за се и сешто ама некои круцијални работи не можат да поминат премолчани. На пример другар што би ме cockblock-ирал не може да ми биде другар. Такво однесување не поминува и тука мора да повлечеш црвена линија.

На крајот ти одлучи си што е исправно спрема тебе.
 

pacienat

Лабав надуен
Член од
7 септември 2010
Мислења
524
Поени од реакции
718
Колку е женски муабетот , дури чоек да се запраша чупе да не го има пишувано ова само со сменета улога :). Гледам темата е активна 2дена алооо, бриши вакво цепидлачење, па уште другите членови се залагаат да му помогнат со сугестии, бате се отепа реферати пишување овде место таму кај шо треба да му кажиш в очи.
Спортски поздрав.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
кога некој што ти се прави најдобар пријател, те кодоши, лажи и ти работи против тебе зад грб, што ги врти сите против тебе, вклучувајќи и твои пријатели што ги знае покрај тебе, за тие што зборува дека ги неќи и ги избегнува потоа му се лижи како да се браќа и се дружи некое време, после пак зборува лошо, што на сите му се улижува и му ги одобрува туѓите ставови, макар што неговите се спротиставени, од една страна кога е со едни ги подржува нив, со другите исто нив ги подржува, зад грб друго мисли и збора, пред нив да бе да така е, ништо не кажува свој став, не ги слуша другите ни што зборуваат занесен со умот само потврдува да бе да. Еден муабет не знај да кажи и само се фали самиот 3 реченици знај да се пофали и пред сите тоа го повторва, нарцис тежок, а нема никакви сбособности, твоите мајтапи и муабети што ке му ги кажиш денес ги прекажва после на другите и тоа пред тебе, се фали и те напаѓа и потценва пред другите за да си ја зголеми вредноста
Како дува ветрот така и умот негов.
Едно кажува друго прави. Сака по кеиф само да му се оди. За услуга побарај го не можам. Се однесува како драма кралица, од ситница мечка прави, пробува да се одмазди без никаков повод, на разни начини се труди те падни во очај и негативност. Арогантно се понаша малце да не му одиш по кеифот се труди да ти нанеси зло, да ги искара сите со тебе. После време тоа нема со кој да се дружи па иди ти се улижава и се прави како ништо да не било
Неколку(повеќе од неколку) пати му прогледав низ прсти ама сега ја претера. Што е подобро да почнам да му враќам на ист начин во секоја понудена прилика и да се правам на тошо да му глумам дека не знам ништо, дека се е во ред не сум злопамтило, или пак да го отпишам и повеќе рецка да не му мавам, нека крши глава, ни извинвање ни лижење да не му користи, само игнор и да го отарасам за секогаш
Шо пенис бараш да се дружиш со таков?
 
Член од
3 март 2010
Мислења
634
Поени од реакции
364
ја затворам темата, доволно е,
уште да знаев како се затвора или бриши
 
D

Daedalus

Гостин
Мислам дека треба да почнеш да работиш на твојата перцепција за другар ти. Тука се соочуваш со криза во вашата комуникација и мораш внимателно да го менаџираш вашиот контакт, начинот на кој живееш и исхраната која ја јадеш. Пробај спортувај, дружи се со луѓе кои ти одговараат и најди интереси и хобија кои ќе те оттргнат од опсесивноста со твојот пријател. Аеробик знае да помогне, а исто и пилатес. Ако имаш огромен набој на емоции, зумба знае да те испука од све негативно. Едноставно, биди свој!

Пробај да правиш креативни работи, цртај нешто, почни да правиш оригами или да готвиш. Нормално е сите да имаме другари кои ни се блиски и повремено не' разочаруваат/не ни обрнуваат внимание, не понижуваат и се себични, со што внимание ни пружаат само кога им одговара на нив. Такви луѓе се емоционални вампири и го користат тоа што имаме емоции кон нив, емоциите на лојалност, почит, нашата ранливост кон нив и романтичната атракција која ја злоупотребуваат.

Важно е како го менаџираш стресот и да не дозволиш другар ти да влијае на твојата личност. Такви харизматични луѓе како другар ти, знаат да бидат манипулативни и да го искористат тоа што ни значат емотивно и на други начини. Биди силен.
Со лесно.
 
Член од
3 март 2010
Мислења
634
Поени од реакции
364
Мислам дека треба да почнеш да работиш на твојата перцепција за другар ти. Тука се соочуваш со криза во вашата комуникација и мораш внимателно да го менаџираш вашиот контакт, начинот на кој живееш и исхраната која ја јадеш. Пробај спортувај, дружи се со луѓе кои ти одговараат и најди интереси и хобија кои ќе те оттргнат од опсесивноста со твојот пријател. Аеробик знае да помогне, а исто и пилатес. Ако имаш огромен набој на емоции, зумба знае да те испука од све негативно. Едноставно, биди свој!

Пробај да правиш креативни работи, цртај нешто, почни да правиш оригами или да готвиш. Нормално е сите да имаме другари кои ни се блиски и повремено не' разочаруваат/не ни обрнуваат внимание, не понижуваат и се себични, со што внимание ни пружаат само кога им одговара на нив. Такви луѓе се емоционални вампири и го користат тоа што имаме емоции кон нив, емоциите на лојалност, почит, нашата ранливост кон нив и романтичната атракција која ја злоупотребуваат.

Важно е како го менаџираш стресот и да не дозволиш другар ти да влијае на твојата личност. Такви харизматични луѓе како другар ти, знаат да бидат манипулативни и да го искористат тоа што ни значат емотивно и на други начини. Биди силен.
Со лесно.
имам по некое хоби од тие што ги наведе, ама сепак сум под стрес, од многу обврски и грижи што си имам ставено, раштркан сум на сите страни, емпат сум, ги чуствувам туѓите емоции, сочуствувам со другите и се грижам за другите повеќе одколку за мене, па затоа знам да бидам под влијание за туѓото мислење

А овај другарот, не е ни харизматичен ни интересен ни забавен ни духовит, досаден е, а и него му е досадно, труп невиден, па затоа не знае што сака, нема мадиња да преземи нешто, си седи во комфортната зона а со тоа и мене ме повлекува до досада, и само се договара со што повеќе ропаци за да се создади амтосфера, а всушност со тоа ја уништува атмосферата оти носи во друштвото еден куп издеприсирани куртони
Најмногу ме нервира што мои атрибути, труд и снаодливост потоа си ги припишува како негови, како тој мене да ми прави услуги, да ми поможва, да ме води во животот, не знам дали толку е слеп или е будала, а и пред други знае со фалење да се прави алфа иако е тежок бета-фоловер, многу пати има увидено дека кога не сум јас и никој толку не го тантели, не можи да зафрши најобична работа, теле невидено, некогаш се тргнувам настрана да видам што ќе направи сам, ќе пратам од страна и што да видам, за обичен кур не го бива, затоа сега ќе сфати поубаво откако ќе го сменам правецот во друга насока и ќе се дистанцирам, пак ќе глуми и ќе ми се улижава, ама џабе овај пат.
Се дружиме веќе години и само затоа не го имам отерано у три пичкус материна
Ама сега ќе настојувам да се дистанцирам подалеку
со други луѓе поинтересни и опшествено посоцијализирани, оти со овај досега само седам во изолирана средина, во тежок минус сум изминатите години благодарение на него
 
D

Daedalus

Гостин
Ќе видиш, сега ќе почне да сфаќа дека ти си му потребен како дел у животот. До сега, ваљда го игнорирал тоа пошто твојата лојалност и благонаклонетост ја зимал здраво за готово и мисли дека тоа ќе трае вечно. Кога ќе почне да му фали твоето присуство, ќе приметиш дека ќе ти се јавува почесто и ќе стане ниди. Не попуштај тогаш!!! Издржи и биди индиферентен кон него и тоа што ќе проба да воспостави комуникација со тебе. Ако го приметиш дека продолжува, повремено давај му малце внимание. Храни му го егото со дози, за да стане зависен од твоето внимание, а со тоа да почнеш ти него да го доминираш. Повремено пружај му љубов, повремено биди ладен. Увек пали тоа. У брзо време, ќе го имаш у раце и ќе можеш да правиш што посакуваш со него.
 

Femme fatale

Љубената на Гаро
Член од
13 јуни 2016
Мислења
231
Поени од реакции
183
Од лично искуство, игнорирањето е за после прекин на врската или кога некој сака да стави крај, а нема храброст да се соочи со вас во живо.
Како би се одмаздиле на бивши дечко ?! Мислам дека нема начин, тоа е само треба да се трудиме да заборавиме на се.
Истото важи и за лажните пријатели. Одмаздата не е секогаш решение зошто може да предизвика дополнителни проблеми, да доведе до ситуации каде можеме нашиот живот и животот на најмилите да биде ставен во опасност.
Мене ми е за тоа чувствто, внатре што го имаме, како да не искористиле, како намерно да не повредиле, тоа е тоа што не мачи и сакаме да се одмаздиме, но сфаќаме дека нема мир и со одмазда.
 
Член од
18 март 2017
Мислења
42
Поени од реакции
65
Одмазадата индицира дека се замараш доволно да превземеш некој мерки :D игнорот не, јас сум за второто. Со други зборови - одмазда преку игнор :D but not rly. Кога се разидуваме со луѓето "едноставно" треба да оставеме така да биде, ниедна одмазда нема да смени нешто на подобро.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...и едното и другото се „отров„ за нашата душа...најубава е непристрасната будност(читај посматрање на ситуацијата од „птичја перспектива„) :)
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
34
Поени од реакции
10
Игнорирање е најдобра одмазда.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
одмаздата е најдоброто игнорирање
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Ја сепак сум адвокат на правецот - игнорирање со помош на одмазда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom