...ама тоа воајерското во мене проработе.
[DOUBLEPOST=1534067625][/DOUBLEPOST]
[DOUBLEPOST=1534067745][/DOUBLEPOST]
Тука сме некаде. Не само што се дере, туку се дере на некоја фреквенција која пара уши. На нашки - писка. Си за пиво, да си размениме искуства?
[DOUBLEPOST=1534068138][/DOUBLEPOST]
У стил: да се избришеш со нова крпа и да ја фрлиш на родно дрво ко ќе излегувате од дома? И да не носиш кошула со кратки ракави оти краток ќе ви бил бракот? Мене се обидоа да ми наметнуваат такви глупости, и моите, и нејзините, повеќе нејзините, ама јас бев одлучен и тврдоглав и немавме буквално никаков адет на свадбата, дури ни туркање врата и купување на невестата како да е стока. Ние бидејќи и претходно заедно си живеевме, си ги поканивме најблиските дома, си поигравме, се повеселивме, каснавме нешто и заминавме в црква. Ни бричења, ни ништо! И јас сум презадоволен од се како испадна.[DOUBLEPOST=1534068483][/DOUBLEPOST]
Па не се согласувам баш. Еве, конкретно, јас - да беше толку за кењање партнерот, немаше да бидам со него веќе, нели? А еве, јас скоро 5 години сум во брак, и сега нормално имало несогласувања, ама не поради нешто огромно кое сум го дознал откако сме стапиле во брак. Најчесто ситници кои биле толку неважни што не паметам конкретно ни една. А тоа што го пишав тука до сега не е ништо страшно од кое некој би се срамел да го каже пред сите. Далеку дека ја кењам.[DOUBLEPOST=1534069178][/DOUBLEPOST]Што дознав јас? Две работи кои мнооооогу ми сметаат. Првата ја решивме, не се повторува веќе, на втората работам се уште.
1. Не се јавуваше на телефон. Едноставно, го забутуваше телефонот некаде, и не го слуша, ако ти треба за нешто итно, поарно в комшии јави се и речи им да и ѕвонат на врата отколку што ќе те удостои да одговори на повикот. Некогаш од такт ме вадеше тоа. По сто пати и објаснував дека заради таа нејзина лоша навика може да се случат секакви глупости и какви не приказни измислував, цели филмови правев. Не бе, џабе. Ама подоцна, кога мобилниот интернет стана бесплатен, некако се приврза повеќе за телефонот и сега го немаме овој проблем.
2. Преместува работи. И после не памти кај ги преместила, зашто од едно до друго мое барање на некоја конкретна ствар која сум ја ставил на место А, она можеби 3 пати веќе ја преместила, прво на место Б, па на В, па на Г. И не памти кое било последното преместување, и после ти барај си ако немаш друга работа. Божем средувала, чистела, па затоа. Леле, понекогаш кога ми треба нешто итно и не можам никаде да го најдам, скренувам. И не знам како да се справиме со овој проблем.