иии пријателе малку да не ја претера ќе те замолам да ми објасниш на која работна позиција мислиш дека ќе примаш толку плата годишно нето пошто велиш најдам таква работа
Во Азија или Африка во затуцани земји со многу природни богатсва на работна позиција проект менаџер во енергетика. Или пак во Америка или Канада на работна позиција senior manager во IT или енергетска компанија.
и какво искуство и образование имаш
17 години работно искуство од кои 14 во енергетика, од нив 7 години како проект менаџер на големи енергетски проекти и 2 години како senior manager во големи компании,
- изградба на електрани, високонапонски постројки, трафостаници и далекуводи; обновливи извори на енергија и енергетска ефикаснот; трговија на електрична енергија и др.
- магистер по електротехника / дипл. ел. инж. во фаза на стекнување на д–р; лиценци за проектирање и надзор категорија А; англиски, руски, бугарски и српски јазик; pss/psa, dms, sap, matlab simulink, mathcad, autocad, vb, vc#, photoshop, illustrator, corel draw, Ms office
а бе во австрија ако земаш 10 000е бруто, 5 500е се нето твои ма да што таква плата примаат многу мал процент
Околу давачките не ти се точни бројките. Ако си сингл од 10000 евра бруто, Австрија ти зема 3400 евра, а ти земаш 6600. Ако си женет со две деца како мене, од 10000 евра бруто Австрија ми зема 3190 евра, а јас земам 6810 евра. Во Германија ми земаат 2130 од 10000 евра, а во Словачка 1000 од 10000.
Околу платите во Австрија, просечна инжинерска плата е околу 2500 евра нето, со тоа што во администрација инжинерите во просек земаат нешто над 3000. Во Енергетска Заедница која има седиште во Виена просечна административна плата е 5000 евра нето. Менаџерите земаат многу поголеми плати, на пример general manager на Siemens Austria зема милион месечно.
немој да мислите дека во странство има толку многу пари, има колку за еден по нормален живот без разлика на тоа што го има по огласите и каков профил си кога си странец гледаат да те платат помалку и секогаш ќе рабориш за помала плата
поминале тое времиња кога Господ шетал по земја (како што се вели) сегде во светот
Нејсе, во мојот претходен пост наведов два случаи, еден во кој би се преселиле за да живееме фамилијарно во поубава средина и со подобри плати. Втор каде би отишол на печалба за да зарботам и во услови кои не ги сметам за добри за фамилијарен живот. Во вториот случај би се нафатил доколку зработувам 200+ годишно нето. Во првиот случај би се нафатил да се преселиме(на пример во Виена) и за 50, т.е. 80 нето за мене и сопругата. Трошоците за живот во Виена се од прилика двојно поголеми отколку во Скопје, а решавање на стамбено прашање е тројно поскапо, па така за истата финансика комоција како и овде треба да заработуваме бар 2.5 пати повеќе.
Што се однесува до странство и пари, одам често во странство, бар 15 пати годишно во ЕУ, работам и соработувам со странци и мислам дека имам јасна слика од што и колку може да се заработи. Во моментов во земјава имаме убав и лагоден живот, но сметам дека можеме да заработиме многу повеќе надвор, а воедно да имаме помирен, поцивилизиран и покултурен живот во понапредна и побогата земја. Исто сметам дека децата ќе ни имаат подобар развој и многу подобар живот во Шведска, Швајцарија, Германија или Австрија отколку во Македонија. Од тие причини размислуваме и најверојатно ќе заминеме некаде.