Што добиваат и што губат оние кои ја напуштаат Македонија?

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.073
Поени од реакции
16.906
Neznam dali 1 godina e reper, za da mozam da zboram na toa sto gubam - dobivam..
No eve posle edna godina nishto ne mi se chini deka imam izgubeno, plus ima marketi koi nosat makedonski proizvodi, isto srpski i hrvatski, od stobi flips do vincini rolati, se zivo i divo ima, ne sum bas sigurna deka sum izgorena za hrana, vkusot e toj, ako znaes od kaj da kupuvas, 1 ananas e 1 dolar, bananite bez pari skoro, neznam shto sum izgubila najiskreno, mi falat prijateli i drugari, no imame skajp i drugi kominkaciski sredstva, pa nadopolnuvame, bozem vo mk koa bev sekoj den se gledavme.. Edinstveno nesto na groto makedonci sto odat u stranstvo e akanje po kafani sekoj den, i ugovaranje, drugo e suvisno da sporeduvame.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.889
Поени од реакции
40.189
Се добива слобода,желба за живот и креативност,слободоумност.

добиваш живот,губиш 20 или повеќе години заробеништво.
Понекогаш навистина позитивно изненадуваш. Не многу често, но сепак...
 
Член од
12 април 2014
Мислења
23
Поени од реакции
6
Не разбирам како сум изгубил се?!
Имам жена, две прекрасни деца, искрени пријатели, богато образование, богато работно искуство, статус во професионалниот свет, имот и материјални добра...
Тоа што ќе се преселам да живеам во посреден град, каде ќе имам поубави услови за живот и повеќе ќе заработувам не го гледам како загуба. Напротив тоа е придобивка. На пример Виена е на 2 саати одалечена од Скопје. Кога сакам можам да си дојдам на викенд или било што доколку имам било каква потреба, а знаејќи се себе знам дека ќе немам некоја особена потреба, ни јас ни сопругата (децата се сеуште многу мали за да имаат оформен живот и статус во ова општество).

За одење на печалба, исто сметам дека до 45 години не е доцна, а можда и до повеќе. Едноставно ако најдам работа за да заработувам по 200+ иљадарки годишно нето, би поработел 5 години и доколку не ми штима тој живот би си го собрал заработениот кеш и би отишол на место кое што ми одговара и би работел нешто полагано, а со заработката би терал некој бизнис. Додуша за бизнис не го чекам милионот, туку тековно ги користам приликите кои ми се укажуваат во рамките на можностите.
Патем што би работел на 18? некоја амалска работа за ич пари? Далеку повеќе се заработува ако веќе имаш образование и богато работно протфолио. Сега можам да најдам работа со која можам да заработувам од 10 до 30 пати повеќе отколку кога имав 18 години.
иии пријателе малку да не ја претера ќе те замолам да ми објасниш на која работна позиција мислиш дека ќе примаш толку плата годишно нето пошто велиш најдам таква работа
и какво искуство и образование имаш
а бе во австрија ако земаш 10 000е бруто, 5 500е се нето твои ма да што таква плата примаат многу мал процент
немој да мислите дека во странство има толку многу пари, има колку за еден по нормален живот без разлика на тоа што го има по огласите и каков профил си кога си странец гледаат да те платат помалку и секогаш ќе рабориш за помала плата
поминале тое времиња кога Господ шетал по земја (како што се вели) сегде во светот
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.898
Поени од реакции
36.480
Тие кои ја напуштаат Македонија добиваат некој денар повеќе, но џабе им е кога сепак го губат чувството како да си дома, а го добиваат чувството како да си сам и тоа во туѓина. Таа болка/мачнина што се јавува во градите кога си оддалечен од татковината со ништо неможе да се излече, освен да се вратиш во родното место.
:)
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
37
Поени од реакции
20
Neznam dali 1 godina e reper, za da mozam da zboram na toa sto gubam - dobivam..
No eve posle edna godina nishto ne mi se chini deka imam izgubeno, plus ima marketi koi nosat makedonski proizvodi, isto srpski i hrvatski, od stobi flips do vincini rolati, se zivo i divo ima, ne sum bas sigurna deka sum izgorena za hrana, vkusot e toj, ako znaes od kaj da kupuvas, 1 ananas e 1 dolar, bananite bez pari skoro, neznam shto sum izgubila najiskreno, mi falat prijateli i drugari, no imame skajp i drugi kominkaciski sredstva, pa nadopolnuvame, bozem vo mk koa bev sekoj den se gledavme.. Edinstveno nesto na groto makedonci sto odat u stranstvo e akanje po kafani sekoj den, i ugovaranje, drugo e suvisno da sporeduvame.
а од кога си надвор колку пати се врати во МК?[DOUBLEPOST=1424118238][/DOUBLEPOST]
Тие кои ја напуштаат Македонија добиваат некој денар повеќе, но џабе им е кога сепак го губат чувството како да си дома, а го добиваат чувството како да си сам и тоа во туѓина. Таа болка/мачнина што се јавува во градите кога си оддалечен од татковината со ништо неможе да се излече, освен да се вратиш во родното место.
:)
тоа ти што го кажуваш кај нас у село го викаме носталгија и има многу како мене кој не го добиваат тоа чувство никогаш.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.073
Поени од реакции
16.906
а од кога си надвор колку пати се врати во МК?[DOUBLEPOST=1424118238][/DOUBLEPOST]
тоа ти што го кажуваш кај нас у село го викаме носталгија и има многу како мене кој не го добиваат тоа чувство никогаш.
Nitu ednash, sega vo juni ke si dojdeme, imame svadba na mn bliska lichnost.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.066
иии пријателе малку да не ја претера ќе те замолам да ми објасниш на која работна позиција мислиш дека ќе примаш толку плата годишно нето пошто велиш најдам таква работа
и какво искуство и образование имаш
а бе во австрија ако земаш 10 000е бруто, 5 500е се нето твои ма да што таква плата примаат многу мал процент
немој да мислите дека во странство има толку многу пари, има колку за еден по нормален живот без разлика на тоа што го има по огласите и каков профил си кога си странец гледаат да те платат помалку и секогаш ќе рабориш за помала плата
поминале тое времиња кога Господ шетал по земја (како што се вели) сегде во светот
Знаеш која е разликата во нормален живот во австрија и македонија ?
У австрија не ти требаат врски за нормални работи, како на пример преглед на доктор или слично, за во македонија ти требаат врски за да си ставиш интернет т.е да не те манкаат месец дена туку да заврши во нормално време 1-2 дена.
 
Член од
22 мај 2014
Мислења
77
Поени од реакции
121
Имав работа во Македонија, и тоа респектабилна (на хартија). Отидов во Велика Британија и најдов работа која што на прв поглед е многу пониско од тоа што го работев во МК.

Но, оваа работа ми овозможува повисок стандард, менаџерите се однесуваат со почит, никој не ме труе со политика... Едноставно, се чувствувам многу поспокоен овде и никогаш не би се вратил во Македонија.

Единствено некои луѓе ми недостигаат, ама не е страшно, се слушаме преку интернет, плус ако го владееш јазикот и сакаш да се вклопиш ќе запознаеш нови луѓе и во странство.

Ако има некој што се двоуми, сакам да го охрабрам да го направи тој чекор.
 
M

mordekaj

Гостин
[DOUBLEPOST=1424090328][/DOUBLEPOST]
Abe u kebapite demek samo gjubre imalo, ama pa za jadenje se prsti da izlizes. Do majstorijata e. Koj dosol od nadvor tuka po kafani da jade prva konstatacija deka nema povkusno jadenje od naseto. Skara,sarmi,pinguri,ajvari,lutenici..... ehhheeee. Za ovosjeto i zelencukot poarno da ne pocnuem, se znae kako stojat rabotite.
:icon_mrgr:
Ја најмногу ги сакам овошјето и зеленчукот од Македонија шо се растени на ниви блиску Вардар и се поливани со вода од реката. Па и прскани едно 5-6 пати најмалце.
Абе милина, еднаш каснуваш и знајш дека никогаш нема да фаниш вошки.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
иии пријателе малку да не ја претера ќе те замолам да ми објасниш на која работна позиција мислиш дека ќе примаш толку плата годишно нето пошто велиш најдам таква работа
Во Азија или Африка во затуцани земји со многу природни богатсва на работна позиција проект менаџер во енергетика. Или пак во Америка или Канада на работна позиција senior manager во IT или енергетска компанија.

и какво искуство и образование имаш
17 години работно искуство од кои 14 во енергетика, од нив 7 години како проект менаџер на големи енергетски проекти и 2 години како senior manager во големи компании,
- изградба на електрани, високонапонски постројки, трафостаници и далекуводи; обновливи извори на енергија и енергетска ефикаснот; трговија на електрична енергија и др.
- магистер по електротехника / дипл. ел. инж. во фаза на стекнување на д–р; лиценци за проектирање и надзор категорија А; англиски, руски, бугарски и српски јазик; pss/psa, dms, sap, matlab simulink, mathcad, autocad, vb, vc#, photoshop, illustrator, corel draw, Ms office
а бе во австрија ако земаш 10 000е бруто, 5 500е се нето твои ма да што таква плата примаат многу мал процент
Околу давачките не ти се точни бројките. Ако си сингл од 10000 евра бруто, Австрија ти зема 3400 евра, а ти земаш 6600. Ако си женет со две деца како мене, од 10000 евра бруто Австрија ми зема 3190 евра, а јас земам 6810 евра. Во Германија ми земаат 2130 од 10000 евра, а во Словачка 1000 од 10000.
Околу платите во Австрија, просечна инжинерска плата е околу 2500 евра нето, со тоа што во администрација инжинерите во просек земаат нешто над 3000. Во Енергетска Заедница која има седиште во Виена просечна административна плата е 5000 евра нето. Менаџерите земаат многу поголеми плати, на пример general manager на Siemens Austria зема милион месечно.
немој да мислите дека во странство има толку многу пари, има колку за еден по нормален живот без разлика на тоа што го има по огласите и каков профил си кога си странец гледаат да те платат помалку и секогаш ќе рабориш за помала плата
поминале тое времиња кога Господ шетал по земја (како што се вели) сегде во светот
Нејсе, во мојот претходен пост наведов два случаи, еден во кој би се преселиле за да живееме фамилијарно во поубава средина и со подобри плати. Втор каде би отишол на печалба за да зарботам и во услови кои не ги сметам за добри за фамилијарен живот. Во вториот случај би се нафатил доколку зработувам 200+ годишно нето. Во првиот случај би се нафатил да се преселиме(на пример во Виена) и за 50, т.е. 80 нето за мене и сопругата. Трошоците за живот во Виена се од прилика двојно поголеми отколку во Скопје, а решавање на стамбено прашање е тројно поскапо, па така за истата финансика комоција како и овде треба да заработуваме бар 2.5 пати повеќе.
Што се однесува до странство и пари, одам често во странство, бар 15 пати годишно во ЕУ, работам и соработувам со странци и мислам дека имам јасна слика од што и колку може да се заработи. Во моментов во земјава имаме убав и лагоден живот, но сметам дека можеме да заработиме многу повеќе надвор, а воедно да имаме помирен, поцивилизиран и покултурен живот во понапредна и побогата земја. Исто сметам дека децата ќе ни имаат подобар развој и многу подобар живот во Шведска, Швајцарија, Германија или Австрија отколку во Македонија. Од тие причини размислуваме и најверојатно ќе заминеме некаде.
 
Последно уредено:

-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.186
Поени од реакции
836
Вие што имате веќе излезено еднаш, по која основа излеговте од државава првиот пат? Одма после факултет? Имавте веќе понудена работа? Обезбеден смештај?

Ако може 2-3 збора повеќе за прашањава горе, фала.
 
Основа: Бг пасош. Завршив факултет и работев неколку години во МК пред тоа и видов дека не ја бидува работата. Немав работна понуда во странство, отидов на слепо во град во кој не познавам никој.

Ми требаа околу 3 недели да најдам работа и околу 6 недели да најдам соба во стан со цимери (во меѓувреме престојував во хостели).
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.884
Знаеш која е разликата во нормален живот во австрија и македонија ?
У австрија не ти требаат врски за нормални работи, како на пример преглед на доктор или слично, за во македонија ти требаат врски за да си ставиш интернет т.е да не те манкаат месец дена туку да заврши во нормално време 1-2 дена.
Ako si vo nekoe selo u 3pm ke fakas vrski. So da ne mislis deka tamu site imaat internet ili kako. Ima mnogu sela i tamu so nemaat npr javen vodovod i kanalizacija. Eve ti ja tabelata za internet penetracija, da ne mislis deka sme vo kameno doba:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_number_of_Internet_users
 
Kajgana Shop

На врв Bottom