Каков разговор и аргументи, да заплаче човек.
Еве јас работам во шанк, и имам плата поголема од онаа што просечното македонче лиже шупак цел живот да ја добие во администрација.
Што сум добила?
Сум добила работно место без да лижам шупак цел живот, затоа што моето достинство нема цена и нема да успее ниедна партија да го купи. Јас сум се одрекнала од живот во сопствената држава, каде што моите ги гледам еднаш годишно, затоа што сум одбила да се вклопам во масата на амеби,кои целиот живот ракоплескаат по митинзи, се возат со автобуси од град во град и се принудени да ги слушаат истите говори на истите митинзи.
Јас не размислувам што ќе правам ако друга партија дојде на власт, затоа што ЈАС самата сум способна да најдам работа, ако треба на Антарктикот ќе отидам ама газ нема да лижам за посрано работно место што стои на стаклени нозе и варира во зависност која партија е на власт.
Јас не се срамам да кажам дека работам во шанк, и дека мојот сопруг работи градежништво овде во Црна Гора. Заработуваме доволно, и повеќе од доволно и двајцата, толку и да ни останат пари на крајот од месецот, значи буквално пари што ни остануваат со кои незнаеме што да правиме, па само ги тргнуваме на страна. Не се крстиме на ниедна пензија од нашите и не се плашиме да имаме деца.
Живееме сами, без свекор, свекрвва, девер, золва и јатрва во една иста куќа под еден ист покрив, јадеме убава храна, а не леб и пинџур секој ден,.
Без разлика на тоа што јас работам во кафич, а тој на градежништво, кога ќе излеземе во град сме јас Госпоѓа, а тој Господин. Имаме пари да си приуштиме пијачка, вечера, и плус да почастиме некој.
Кога би престанала да работам во кафич, би чистела и куќи, ако ми е тоа платено. Се додека не сум принудена да лижам шупак, цел живот клекната на колена, се додека не се крстам во пензијата на свекорот и свекрвата, би чистела и улици.
Не добив ни изгубив ништо, јас кога се преселив од Македонија, си го задржав моето достоинство.
Сега сум среќна, што сум далеку од масата на амеби, што никој не успеал нити ќе успее да ми го испира мозокот, среќна сум што моето суштествување на оваа планета не зависи од ниедна партија ни лидер, и среќна сум што јасно и гласно можам да серам што сакам и за кого сакам. И таму нда дојдам ќе им плеснам во лице на сите што мислам, и од овде можам, не ми преставува никаков проблем.
Живеам мирен и среќен живот, без стресови и нервози, настрана од сите глупи муабети кои морав во Македонија да ги слушам секојдневно, независно дали на ТВ или ИРЛ.