Што да се купи од компактната класа?

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Што да се купи од компактната или т.н Голф класа?
Тоа е класата која на сите пазари ја игра главната улога. Најпродавани се возилата од оваа класа. И, затоа, тука има и најголема „гужва“ на пазарот на нови возила. А и Македонецот веќе почна најчесто да купува возила од оваа класа, наместо една класа подоле (Поло, Пунто...)
Скоро и да нема марка која го нема својот адут тука...
И, логично, следува прашањето: Што да се купи во компактната класа?
Голф V: Самото име кажува, бестселер, цела класа го доби името по него, германски квалитет, широка гама на мотори...ама прескапо. Имаше во Хрватскиот Ауто клуб некои критики околу изработката, па дури беше и помалку оспоруван квалитетот, но...Голф е! Искрено, јас не сум некој љубител на Голфот, но реалноста е таа. А и еден од омилените предмети на кражба е, а како половен држи безобразно висока цена, најчесто нереална.
Астра: Опеловиот производ во оваа класа е еден од главните конкуренти на Голфот. Традиционално солидни возила, лесни за одржување, со цена нешто пониска од Голфот се наметнува како важен играч во класата. Исто така, држи висока цена како половен, лесно како и Голфот се продава понатаму, а ризикот од кражба е нешто помал во однос на Голфот.
Фокус: Форд Фокус е третиот голем играч во класата. Убав дизајн, фордова прецизна и трајна механика, одлична целосна изработка, се гледа дека Германец го правел. И овде нема замерка на било што, и овој автомобил лесно се продава како половен, ама и е предмет на кражби...
Француски возила: C4, Меган, 307. Што да се каже? Се доближуваат во последно време до Германците. А, поевтини се од нив и слично опремени се продаваат поефтино! И деловите веќе не се како на времето - изгор скапи. Сите имаат убав дизајн, 307 е веќе стар модел, но се држи уште...Имаат убави трајни мотори, просечно силни, но траат. Комотни и удобни возила, со завршна изработка нешто под нивото на германските конкуренти. Како половни губат доста на цена, но пак затоа не се чест предмет на кражба.
Италијански возила: Алфа 147 и Фиат Стило: Алфата е скапа, но пружа посебно задоволство. Мала спортска maccina. Не е некоја прилика за купување ако сте од оние со дигитронот во џеб. Алфа се купува со срце, не со разум. Разумот ќе ве однесе во некој друг салон, на некоја друга марка...Стило беше неуспешен модел, а дизајнерски прекрасен...Не дека беше како Типо на времето според изработката, но си треба време да се врати угледот на марката кој почна да се враќа со Браво/Брава. Верувам дека Фиат ќе се врати на пазарот со новата серија Браво/Брава.
Одржувањето не е скапо, а и нив не ги крадат често. Реткост е кражба на Фиат. Алфата е почеста мета. И тие драстично губат на цената како половни.
Јапонски возила: Сивик, Алмера, Корола.... Квалитетни и трајни возила. Со издржливи мотори, прецизност во изработката и со никаков дизајн. Станаа скапи веќе...Често страдаат од немање идентитет. Кога ги гледаш, а не гледаш знакот, лесно може да ги помешаш... Но, затоа враќаат со долготрајност, и ретки посети на сервиси. Релативно се со мал ризик за кражба.
Како половни држат реални цени и лесно се продаваат.
Корејски возила: Како на времето јапонските возила, доаѓаат ефтини, нудат многу опрема, исто така се безлични, трагаат по свое место под сонцето...Многумина се жалат на неквалитетни Кумхо гуми (или Ханкок) и на проблематична електроника во текот на експлоатацијата на возилото. Губат многу на цена како половни и се ефтини. Скоро и да не ги крадат, освен за возење додека има бензин...

Не се спомнати Шкода Октавија која е тука некаде со Голф и Сеат Леон. Тие се всушност, Волксвагенов производ, најчесто пробни балони за модели на Волксваген, но сами по себе се одликуваат како и секое германско возило, иако се произведени во Чешка, односно Шпанија.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Струмикс напиша:

Реално да гледаме, нема да бидам пристрасен за некое возило.

Golf V - ДАЛЕКУ подобар од Golf IV. Golf IV и Golf III беа најлошите производи од VW. Во новиот Голф има многу повеќе комфорт, па и пристапна цена во однос на квалитетот на изработка. Сепак би одел на Голф ПЛУС, нешто поскап, НО ДАЛЕКУ покомотен (имав и прилика да возам...ЦАРСКО возило).
Квалитет - висок. До сега не сум слушнал никој да се жали од било кое VW возило (па и Голф III и Голф IV) и оттаму и високите цени.
Второ и не се така скапи за оддржување како некои други од својата класа. Јас би купил вакво!

Citroen C4/Peugeot 307/Renault Megane - т.н „французи“. Сите освен C4 се ефтини ѓубриња. 307-ките патат од ефтините пластики кои по 50000км почнуваат да крцкаат како коските на некоја стара бабичка, а вашите коски ќе крцкат на задното седиште на Megane-от.
Ц4 изобилува со комфорт, добра амортизација, релативно квалитетни материјали и добра звучна изолација и еластични мотори.

Астра или Фокус - Ух, тешко прашање. Татко ми на работа имаа Ford Focus 1.6i и беше многу убаво и комфорно возило, силен мотор за 1600, но некои технолошки решенија SUCKED, пример хаубата не се отвора одвнатре мора надвор со клуч :tapp:. Астрата, па не знам, многу главоболка би имал кога би бирал меѓу овие двата, можеби ќе се залетам на Астрата (чисто заради дизајнот, но и проблемот на Форд со корозијата кај Escort i стариот Mondeo).

Fiat Stilo и Алфа - ако веќе ја ставаш Алфа...стави и BMW 1, ок како и да е. Страв од забот на времето кај овие коли, сепак ефтини делови, свеж дизајн и под default Фиат секогаш станува класика. Алфата е како парче облека...2-3 години модерна после тоа го губи сјајот. Потрошувачката на бензин и нетолку квалитетните дизел мотори (во споредба со германците) би ме оттргнале од овие двата, иако сум голем фан на Punto и на новото (неизлезено) Fiat 500.

Јапонски возила - супер количиња и убаво кажа си го барат своето место под Сонцето. Добар квалитет, МНОГУ опрема, маааалце европеизирани (Нисан), сепак не се мој цел на избор иако можи за некоја Honda или Toyota да размислам, ама потешко.

Кореанските - МНОГУ опрема, добри се за возење (ако не и одлични) одличен комфорт, ако си ги чувате долго ќе помините. Маана, релативно скапи делови (во однос на цената што ги купувате), колку толку свеж дизајн (активен член им е Џуиџаро - сите знаеме кој е), европски моторчиња (ОПЕЛ) со доста моќен мотор...се на се...добри за оние со плиток џеб, а сакаат количе што ќе ги служи 5 до 10 години без некои поголеми проблеми. Проблеми за електрика до сега...да чукнам в дрво не сум имал.

Заклучок: Би одел на Golf Plus,Skoda Octavia II или Seat Leon!
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Ај во оваа класа да ги ставам и Мерцедес Б-класа, Ауди А3 и БМВ 1.
Според мене, скапи и квалитетни играчки, малку помодарски, измислени за жените на богатите господа кои возат поголеми модели од овие марки да одат во шопинг...

А кај французите, би го ставил Меган пред Ц4, а за италијанците, поминаа времињата кога гниеја уште во салоните. Според Алфа 33 од 1993-94 со иста таква Астра. Ќе се изненадиш!
Алфа, пишав на друго некое место, почнаа целосно да ги поцинкуваат колите од 1986, баш заради тие проблеми!
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Ок, ама и неам баш многу доверба спрема италијанците (Алфа предимно), Фиат имаат ефтини делови така што и да се расипи нешто...ќе се попрае. Плус тоа и повеќе држи цена Фиат-от од Алфата. Инаку УХ како би сакал да иам една Алфа! Црвена...coupe мх мх мх!
Ако размислувам...(да не одам така...наслепо само со срце) би одел на VW (или Skoda,Seat ...од таа групација). Ако би одел онака со широко отворено срце...Alfa Romeo дефинитивно!
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Korejcite, na celo so Chevrolette se br.1! Najmnogu dobivas za parite, a ako zememe vo obzir deka toa e zapravo poranesen DAEWOO, togas nema muabet i za izdrzlivosta i trajnosta!
-Inaku Strumiks, ne bi se soglasil so tebe deka bas i SEAT e proben balon na VW. Spored mene, spanskiot proizvoditel e duri za nijansa i podobar i pokvaliteten od VW, a toa mislenje go delat i drugi :)
 
Член од
20 февруари 2007
Мислења
267
Поени од реакции
0
Според мен нај добро с'отношение качество-цена има при Тојота Корола и Форд Фокус и Шкода.Немските коли за с'жаление карат на стара слава,нај вече Фолксваген и Мерцедес.Поне за тјах смис'ла којто се влага в израза немско качество не се покрива.Мерцедес има проблеми с електрониката а старата С-класа беше с много калпава автоматична трансмисија.Това беше определението което даде мој познат немец собственик на сервиз специализиран нај вече в автоматичните трансмисии.
 
Член од
20 февруари 2007
Мислења
267
Поени од реакции
0
Нјакој има ли данни колко нови автомобили са продадени в Македонија през 2006?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Mandrak напиша:
Korejcite, na celo so Chevrolette se br.1! Najmnogu dobivas za parite, a ako zememe vo obzir deka toa e zapravo poranesen DAEWOO, togas nema muabet i za izdrzlivosta i trajnosta!
-Inaku Strumiks, ne bi se soglasil so tebe deka bas i SEAT e proben balon na VW. Spored mene, spanskiot proizvoditel e duri za nijansa i podobar i pokvaliteten od VW, a toa mislenje go delat i drugi :)
Мислев Мандрак, не во смисла на квалитет, туку на посмели дизајни, нови платформи, мотори... Секако не квалитет.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Уште малку и веќе Chevrolet нема да се склопуваат во Кореја. Така што нема повеќе да бидат ни Корејски (за европскиот пазар). FSO го превзема (Полска).
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Види татко ми има Голф 5,го земвме пред 2 год на саем околу 20 000 евра а сеа е поевтин.Колата е сепак квалитет меѓутоа мене личноо повеќе ми се допаѓаат долги коли.Задницата на Голф 5 и не ми е баш по мој мерак.Сепак скапи се деловите за Голфот што е голем минус.
Астра - вујко ми има ја купи околу 13 500 евра и ми се допаѓа дизајнот,надворешен и внатрешен,исто така и удобноста на возењето а и цената е поприкладна.
Цитроен Ц4 -знам дека електронски е моќен и прилично е присутен низ нашиве улици ама задницата ми е ептен грда(мислам на онаа пресечената),не на караванот.Како и да е мислам дека е добра понуда.А Меганот ич не ми се допаѓа повторно поради задницата така да никогаш не би го купил.
Фокус - симпатично градско возило кое би го возел со задоволство немам некоја замерка
Фиат и Алфа - италијанските коли некако ми имаат некој посебен шмек така да генерално се добри иако цената мислам дека за деловите исто е малце висока.
Јапонски и Корејски - знам дека се економични и прикладни ако се нема длабок џеб ама мене лично не ми прават мерак.Можеби некоја Тојота ама генерално изгледот не ми се допаѓа.
 
ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
25
jas bi izbral pasat ili audi a4 ....
 
Член од
20 февруари 2007
Мислења
267
Поени од реакции
0
Струмикс напиша:
Вели од 6-10.000 нови возила.
Повеќе тука.
Не всички вносители ли подават данни за да го има това между 6000 и 10000?Все пак това се јавјава голјама разлика.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Штознам...Изгледа некој просек даваат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom