Што да правите доколку се здобиете со изгореници ?

  • Креатор на темата Roten 96
  • Време на започнување
R

Roten 96

Гостин
Вака ме интерсира ова..значи се работи за било каква изгореница било да е предизвикана од жешка вода,масло,печка,тостер,пегла итн....ме интерсира што правите откако ке се здобиете со изгореницата...дали ставате мраз (ако некој слушнал дека мраз не требе нека каже) значи пишувајте што имате слушнато,прочитано,доживеано во вакви ситуацииии како треба да се постапи откако ке се изгоретеи по иницијалните 20 мин....значи превенција потоа дали користете некоја маст,ставате ладно или било што значи имај различно мислење,да подискутираеме околу ова...
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Знам дека за изгореници од врело масло не треба да се става мраз или вода на (најчесто) раката, ниту пак треба да се покрива со крпа зошто може да се залепи за кожата. Сум слушнал дека врз раката се истура масло... не знам зошто.
Пред неколку години добив изгореници од втор степен, нешто што не би му посакал никому. Преголема изложеност на Сонце прво ги уништува горните слоеви на кожата и постепено копа надоле. Не е толку болно колку што изгледа лошо. Се мачкав со екодерм (рибина маст, смрди на риба) и уште една маст што се прави од барут и некои други состојки (домашна медицина). Белег на местото каде изгорев ми стоеше околу година и пол. Едно од најлошите искуства во живот :S
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Брат што си праел ти бе?Изгореници од втор степен од сонце o_O
 
T

Torchyrus

Гостин
Оцет ебаго ... ја коа ќе се изгорам така ми вика баба ми оцет да стаам :D мислам на изгореница од нешто жешко вода ова она ... а од сонце иам слушнато ставаат компири неш млеко кисело праат мусака :D
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Брат што си праел ти бе?Изгореници од втор степен од сонце o_O
Сонце, Сонце... Од тогаш сум Мајкл Џексон, бегам од него како вампир од крст. Бев во вода подолго време, беше пладне, УВ у пм ....
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
сончаница - кисело млеко да се намачкате обавезно :P

е сеа, за изгореници ..вака, иам една професорка по Хемија, ама никогаш не ни збори за хемијата :D се ни збори за "животни работи кои морате да ги знаете" е сеа, ако се изгориш од врела вода,кафе,масло ext. т.е ако се попариш со нив ОДМА под ладна вода! додека ти се миеш со ладна вода, другите низ дома нека ти стават 10грама сол, во 1л вода, и после со тоа ќе се поливаш се додека не идеш до болница (солта и водата ти ги враќаат електролитите кои си ги изгубил при самото попарување)

ВАЖНО: ДОКОЛКУ СЕ ИЗГОРИТЕ ВРЗ ОБЛЕКАТА; НЕ ЈА СОБЛЕКУВАЈТЕ ИЛИ НЕ ЈА ПОДИГАЈТЕ!! така само побрзо кожата ќе се исуши,и настанува проблем .. како што пишува погоре: ОДМА поливај со ладна вода, врз облеката! така нема да ти создаде проблем :)
 
R

Roten 96

Гостин
Знам дека за изгореници од врело масло не треба да се става мраз или вода на (најчесто) раката, ниту пак треба да се покрива со крпа зошто може да се залепи за кожата. Сум слушнал дека врз раката се истура масло... не знам зошто.
Пред неколку години добив изгореници од втор степен, нешто што не би му посакал никому. Преголема изложеност на Сонце прво ги уништува горните слоеви на кожата и постепено копа надоле. Не е толку болно колку што изгледа лошо. Се мачкав со екодерм (рибина маст, смрди на риба) и уште една маст што се прави од барут и некои други состојки (домашна медицина). Белег на местото каде изгорев ми стоеше околу година и пол. Едно од најлошите искуства во живот :S
изгореници од втор степен од сонце..а добро цело време ли беше на изложен на сонце во кој период...немаше баш никаква заштита...??
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
изгореници од втор степен од сонце..а добро цело време ли беше на изложен на сонце во кој период...немаше баш никаква заштита...??
Не бев долго време изложен на Сонце, но имам бел тен, бев во вода на сред пладне.... Најлесно се гори на тој начин, посебно ако и предходните денови веќе си бил изгорен. Не беше толку страшно како сликиве на гугл, да не се згрозувате до толку.... :)
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Јас имав изгореница од втор степен на раката, ама не од сонце туку од масло. Веднаш ја ставив раката во ладна вода додека да отидам до болницата. Е таму ми ја преврзаа, ми ја исчистија раката и се тоа. Ама проблем имаше со тоа дали ќе остане белег. Сите ми велеа дека раката не треба да биде преврзана, туку отворена, а докторот велеше обратно. Па така си отидов кај една баба која прави природна маст (докторот секако не знаеше, не ми дозволуваше) и фала богу белег речиси воопшто и нема. Па така, јас ви препорачувам да се лекувате со природна маст.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Колку сакаш рецепти. Некој ставаат ладна вода, мраз, други велат веднаш местото врати го до изворот на топлина и колку можеш задржи го подолго нема да ти излезе плик. Ова еднаш го пробав, болно е но вистинито. Исто премачкување со алоја вера гел многу помага, со солкосерил итн...
 
Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Најдобро е на изгореница која не е добиена од сончевите зраци да се стави масло врз изгореното место, обично масо за јадење. БОЛИ но нема да има плис и побрзо поминува.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Знам дека за изгореници од врело масло не треба да се става мраз или вода на (најчесто) раката, ниту пак треба да се покрива со крпа зошто може да се залепи за кожата. Сум слушнал дека врз раката се истура масло... не знам зошто.

Пред неколку години добив изгореници од втор степен, нешто што не би му посакал никому. Преголема изложеност на Сонце прво ги уништува горните слоеви на кожата и постепено копа надоле. Не е толку болно колку што изгледа лошо. Се мачкав со екодерм (рибина маст, смрди на риба) и уште една маст што се прави од барут и некои други состојки (домашна медицина). Белег на местото каде изгорев ми стоеше околу година и пол. Едно од најлошите искуства во живот :S
И мене ми се има десено од сонце... Само ставав Јекодерм и продужив да идам на плажа, со сите меури на мене, секако без сунчање.

Еве нешто од "За Здравје":

Прв чекор е да се спречи жешкиот ефект на изгореницата. За ова да се изведе треба изгорената регија да се потопи во ладна вода што побрзо. Ако изгореницата е дел од телото којшто не може да се потопи тогаш се истура ладна вода врз него. Битно е да се отсрани секаква облека која го покрива местото на изгореницата.

Не користете мраз. Зошто мразот може да предизвика оштетување и да ја влоши состојбата.

Следен чекор е да се користи ладната вода минимум 20 минути.

Не ставајте путер, маст или зејтин на раната.

http://www.zazdravje.com.mk/upload/content.php?315-Што-да-правите-доколку-се-здобиете-со-изгореници#axzz1S4mBHkT7
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
110
Поени од реакции
32
само кисело млеко ништо друго
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Знам дека за изгореници од врело масло не треба да се става мраз или вода на (најчесто) раката, ниту пак треба да се покрива со крпа зошто може да се залепи за кожата. Сум слушнал дека врз раката се истура масло... не знам зошто.
Пред неколку години добив изгореници од втор степен, нешто што не би му посакал никому. Преголема изложеност на Сонце прво ги уништува горните слоеви на кожата и постепено копа надоле. Не е толку болно колку што изгледа лошо. Се мачкав со екодерм (рибина маст, смрди на риба) и уште една маст што се прави од барут и некои други состојки (домашна медицина). Белег на местото каде изгорев ми стоеше околу година и пол. Едно од најлошите искуства во живот :S
За изгореници од втор степен доктор ли ти препиша Јекодерм?????
И ако може да опишеш како се препознава од кој степен се?
И за колку дена ти помина дали се сеќаваш?
И дали имаше само по телото или и на лице? Дали и за лице е ефикасна кремава
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
За изгореници од втор степен доктор ли ти препиша Јекодерм?????
И ако може да опишеш како се препознава од кој степен се?
И за колку дена ти помина дали се сеќаваш?
И дали имаше само по телото или и на лице? Дали и за лице е ефикасна кремава

Мислам дека така се викаше. Мириса многу на риба...
Изгореници имав само на грбот и на едната рака, како што ме фаќало Сонцето повеќе. На лекар ми кажаа од кој степен се изгорениците. Многу лоша глетка. Се појавуваат меури по телото, а не болат. Откако ќе пукнат, кожата под нив е премногу надразлива и неколку дена внимавав при облекување.

Ги гледам сликите на гугл за изгореници од 2 степен. Не беше до толку страшно... Се згрозив :S
 
Kajgana Shop

На врв Bottom