Што да пазам пред да купам возило на старо?

Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Имам некои 2500-2600 евра за фрлање. Би сакал некое возило да си купам.
До сега не сум купил на старо, уствари прво вакво искуство ќе ми биде.

Се мислам за некое Волксваген Поло на старо. Од прилика тука 2500 евра цена.

Што ќе ми препорачате да пазам пред да го купам?
Ако може некаков совет.
 
K

kicodarker

Гостин

Чим ти се за фрлање,одличен начин си нашол да ги фрлиш.Буквално. Со купување половно возило.
Цената што ќе ја платиш за возилото е почетна цена. Од тука почнуваш со буквалното фрлање пари.Па почетен сервис,па гуми,регистрација,некој ситен дефект,па гориво..па си зел бензинец па гледаш плин колку е...па перални козметики,те фатил бесот си затемнил стаклата,па атест и така далје.

Ако ги имаш максимално тие 2500 за кола, тогаш барај кола до 2000 евра. Чувај 500 евра за да и направиш од старт еден сервис (масло,филтри,каиши) регистрација и валјда гумите што ќе ги има колата ќе бидат гној како по обичај па ќе се осетиш ко да се возиш на шпедитер па ќе треба и за тоа да фрлиш околу 200 евра.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Провери ги сериските бројки на сите стакла дали се исти, ако не се исти најверојатно имал сообраќајка или сл. Гледај мењачот добро да менува да не прави звуци, моторот константно да работи, да не му варираат вртежите во место. Види гумите дали се истрошени рамномерно, да не се на внатрешна страна поистрошени од надворешната (и обратно).
Сум слушнал дека е добро да се земе колата на пробно возење, ако е загреан моторот, стави ја во трета остави да паднат вртижите дур да почне да затресува (пред да угаси колата) и стисни гас до крај и нека оди до повисоки вртежи, така најмногу се оптеретува машината и менувачот и би покажал дали има некој проблем.
Ако најдеш некоја со каросериски мани од типот на гребаници и мали длабки нека не те одвраќаат, се тоа се прави кај некој маалски фарбар за ситна пара.
Ако одиш деновиве после дождов пушти рака по тапацирот доле под секое седиште, види дали се мокри, може да пропушта од негде ако се запушени сливните каналчиња

Tire Wear.jpg
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
Шура ми зеде поло 2003 год увезено за 2400 еу, ма да му викав да не брза и да почека ама запна и зеде, како ќе се погоди нз,,инаку овие долу види ги ти се најдобри на огласиве моментално за околу 2500 еу, а би ти препорачал да ја видиш шкодата со 30 000 поминато ,би ја дал за 900 еу , има да ја изнавозиш па за 5 год продај ја за 500 тина еу и нема ништо да загубиш

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=2879334

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=2804806

https://www.pazar3.mk/Оглас/Се-продава/Скопjе/Аеродром/ВОЗИЛА/Автомобили/Renault/Clio/Renault-Clio-1-5--Dci/2912534

https://www.pazar3.mk/Оглас/Се-продава/Скопjе/Аеродром/ВОЗИЛА/Автомобили/Škoda/Favorit/Skoda-Favorit--nova-kola-/2912525

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=2821209

имаше и едно југо стакло со 15 000 поминато , 2008 год од карпош за 1200 еу ама сега гледам тргнат е огласот
 
Последно уредено:

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117

Плин зa шкoдaтa е плус 300 еу. Имaм истa тaквa, делoвите се мнoгу ефтини нo дa купувaм сегa пaк би јa зaoбикoлил и нејзе и фелицијa. Сепaк е дoстa стaрa и не е квaлитетнa, скoрo се нa нејзе е пoтрoшенo.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
можеш некоја астра г за тие пари да земеш сто пати поарна од тоа поло
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ако си неискусен гледај да земеш од некој познаник за кој знаеш дека го одржувал.

Иначе кај непознат прво види дали податоците во документите се точни, дали има оштетување кај броевите што покажува дека се обидува да ги сокрие вистинските. Од надвор растојанието помеѓу каросеријата со вратите, околу фаровите, гепекот и хаубата. Ознаките на прозорите, фаровите и трепкачите. Со магнет пробај дали лепи насекаде, може под лакот да има кит. :D

Носи го да го гледаат од канал, затоа што оштетувањата на долниот многу потешко може да ги сокријат. Дали е заваруван во долниот дел, каква е состојбата под тапацирот во гепекот кај резервната гума. Дали гумите еднакво се излижани, дали педалата се излижани.

Кога ќе прочиташ некој оглас каде пишува дека нема ниедна гребнатинка,
тогаш ќе знаеш дека е префарбан и претходно имал оштетувања. :D

Тест возење по нагорнина итн.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Провери ги сериските бројки на сите стакла дали се исти, ако не се исти најверојатно имал сообраќајка или сл. Гледај мењачот добро да менува да не прави звуци, моторот константно да работи, да не му варираат вртежите во место. Види гумите дали се истрошени рамномерно, да не се на внатрешна страна поистрошени од надворешната (и обратно).
Сум слушнал дека е добро да се земе колата на пробно возење, ако е загреан моторот, стави ја во трета остави да паднат вртижите дур да почне да затресува (пред да угаси колата) и стисни гас до крај и нека оди до повисоки вртежи, така најмногу се оптеретува машината и менувачот и би покажал дали има некој проблем.
Ако најдеш некоја со каросериски мани од типот на гребаници и мали длабки нека не те одвраќаат, се тоа се прави кај некој маалски фарбар за ситна пара.
Ако одиш деновиве после дождов пушти рака по тапацирот доле под секое седиште, види дали се мокри, може да пропушта од негде ако се запушени сливните каналчиња

Прегледај го приврзокот 190183
Вака само во Македонија може да тестирате возило, во Словенија и Германија ако побараш вака нема ни да влезеш во колата. Може да ти ја дадат евентуално околу плац да ја свртиш и тоа е тоа.
Истово може да се провери на дијагностика, а тој што разбира ќе ја сети и на менување до каде е менувачот.
Уште ве држи тој балканскиот менталитет, ќе си платите фино лепо дијагностика и механичар да ви ја провери, за помалку од 2000 денари ќе ја изгледа целата и ќе ви ги каже сите недостатоци, сепак купувате старо возило, особено па за 2000 евра, најефтина кола од салон ви е околу 8000ки, а обично овие што се возат најчесто кај нас за сума од 2000 евра во салон биле по 14-20 000 евра, што значи дека од старт треба да е секој свесен дека купува возило кое си го има дадено своето.
 
И

Име И Презиме

Во право си за се.Но да надполниме дека во Македонија се носат коли со реални километри поминати а потоа се вракаат (баба возела до пазар) муабет. Во Македонија се крпат, полираат фарбаат коли што требало да завршат во отпад (поради оштетувања од собраќајки ) .

Во контекст на муабетот за возило половно , треба да се види за што е потребно тоа возило ? Градско возило или поголемо (фамилијарно ) ? Да се резимира со точно буџет (секогаш има ако додадам + 300 еу имам ова па после +200 имам она ) . Да се одреди тоа возило дали е за подолгорочна употреба или за 1-2 год пример. Сите овие работи придонесуваат од каде да се почне да се бара и гледа . Нормално битен фактор е дизел, бензин или бензин-плин . Кога ке се пикира некое возило се настапува со цена па гледање (мајстори ова она ) .
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Во право си за се.Но да надполниме дека во Македонија се носат коли со реални километри поминати а потоа се вракаат (баба возела до пазар) муабет. Во Македонија се крпат, полираат фарбаат коли што требало да завршат во отпад (поради оштетувања од собраќајки ) .

Во контекст на муабетот за возило половно , треба да се види за што е потребно тоа возило ? Градско возило или поголемо (фамилијарно ) ? Да се резимира со точно буџет (секогаш има ако додадам + 300 еу имам ова па после +200 имам она ) . Да се одреди тоа возило дали е за подолгорочна употреба или за 1-2 год пример. Сите овие работи придонесуваат од каде да се почне да се бара и гледа . Нормално битен фактор е дизел, бензин или бензин-плин . Кога ке се пикира некое возило се настапува со цена па гледање (мајстори ова она ) .
Секаде има со вратени километри, Турците низ Германија и Балканците партал прават со превари.
Тоа е она што најчесто го грешат кај нас, како прво потребите, како второ цената на одржување на тоа возило, колку и да е здраво и одржано едно возило ако стигнало да се продава за 2000 евра, треба секој да е свесен дека го очекуваат давачки и тоа не баш малечки, годишно би рекол просек над 300 евра за одржување, ако некој очекува дека ќе купи возило старо 15-20 години и ќе биде пали вози јако се заебал, тоа не е ни на возила под 10 години.
 
HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Да пазиш да не е на старо брат.
 
Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
Имам некои 2500-2600 евра за фрлање. Би сакал некое возило да си купам.
Што ќе ми препорачате да пазам пред да го купам?
Еве и мој осврт на твоето прашање. Половни возила кои се добри има и кај нас (можда ќе бараш малку повеќе, но има). Не продаваат сите отпад и не се сите преваранти (има луѓе кои си ги купиле возилата за нив, ги одржувале па потоа решиле да ги продадат).

Убаво кажаа погоре во коментарите, купи кола за 2000 евра, па да имаш простор со остатокот од парите да и направиш еден сервис, да си купиш гуми, да и направиш едно хемиско итн... Јас генерално кога купувам кола планирам 5-10% од цената која што сум ја платил да ја потрошам на сервис.

Секоја половна кола се расипува, тука нема бегање. Гледај да најдеш кола на која ќе и направиш поситни корекции, да не треба мотор и мењач да менуваш одма штом ја земеш.

И можда најважен детал кој никој не го спомна до сега: дали имаш некој што може да ја поправа колата? Дали имаш пријател или некој што го познаваш да е добар автомеханичар? Денес е многу тешко да најдеш искусен механичар кој нема да те заколе и точно ќе знае секогаш да ја дијагнозира, поправа и одржува колата. КУПИ КОЛА КОЈА ЌЕ ИМА КАДЕ ДА ЈА НОСИШ НА СЕРВИС. Пошто после крајот кој ќе ти го гледа кога ќе вртиш по 50 бричикур сервиси, ќе даваш вреќи пари и пак нема да возиш кола. Верувај ми, не си се соочил со таков проблем.

Мој совет: прашај по поблиски пријатели дали има некој што продава кола или да познава некој што продава солидна кола. Обавезно земи механичар со тебе да ја види колата пред да ја земеш, немој на своја рака ако немаш добро познавање. Како надоврзување на се што кажаа погоре: гледај колата да не изгледа истрошено од внатре и од надвор: седишта да не се пропаднати и искинати, мењачот кога ќе го фатиш да не врти кругови околу лежиштето, моторот мора да работи мирно, да не трокира, да не дрма.
Растојанието помеѓу деловите од каросеријата (врати, браници, крила...) да биде исто секаде. Обавезно провери ја на возење дали мењачот убаво и лесно влегува во брзина, да нема крчење, тресење и слично. Ако е турбодизел треба над 1800-2000 обртаи да има осетно зголемување на влечна сила, ако е атмосферски бензинец ова нема да го осетиш. Отвори ја хаубата од моторот и гледај да нема траги од истечено уље (прашина и такви работи се небитни). Откога ќе ја купиш колата, не верувај дека има сменето уље и филтри - смени ги пак!

Со среќа во изборот па да се пофалиш на форумот што си купил.
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Мене ми треба градско возило, затоа во видик ми е Поло. Ни мало, ни големо.

Ми треба да вртам по улици и за потреби од видот, иди до теретана и врати се. Иди до град и врати се. Иди до пазар и врати се.

У главно не мислев да го користам за да одам на работа, бидејќи стварно е гужва градов. Пред се млад возач сум, и овие пари сакав да ги искористам за да научам нешто од прилика за коливе и да повозам малце.

Да е пали вози не очекувам, и знам дека ќе треба да се фрлаат пари за одржавање.

Го мислам Поло бидејќи може да се продаде и наводно германска технологија, не се расипува, или ќе пројдам со малку поправки. Не знам колку е точно ова?
Се согласувам и со изборот за Опел Астра или Опел Корса. Ок, ај и Пунто ќе го ставам во изборот :)
Се согласувам и со забелешката, да чувам 10-15% од парите за поправки. Но као за мене, 2500 евра некако таман ми делуваа за возило на старо. Еве ајде нека се 3000 ако ми позајмат моите. :)

За италијанските коли увек ми се метка мисла дека само добро изгледаат ама не се толку квалитетни.

Се мислев за бензинец бидејќи веројатно дизел е за долги патувања. За во град и не е толку потребно да е дизел.
Не мора ни да е плин. Јас да го купам како што е, читаво, најбитните делови, па за плин ич не се секирам. :)

Имаме старо Југо кое што татко ми го зеде за 400 евра. Сеа и тој мајсторот почна да бега од нас бидејќи стварно му се смачи од глупи поправки на тоа ѓубре од кола као што е Југо(без навреда ама стварно е за во отпад.)

Друго, Југо на ново беше 4000 евра и е заникаде кола. Значи за на ново ми требаат бар 6000 евра за некој од тие Спарковите. ;) Дур да соберам 6000 евра, ехеее :)
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2009
Мислења
161
Поени од реакции
69
Другар штом ти е за кратки релации земи си бензин(помалку се извозени на километража). Најдобра опција е да земеш од некој што е прв газда купена во Мк,реткост е али можат да се најдат добри примероци. Секоја кола над 10 години си има свои недостатоци колку и да е добро одржувана. Фактори за тоа се Лоши патишта, Сол,Квалитет на нафтени деривати,Квалитет на резервни делови и други потрошни материјали. Ако ти е за кратки дестинации земи си бензин Корса Ц,Форд КА,Пунто,Панда...(Бензин градско возење под 6,5-7литри немаш никој да не те лаже за помалку) Инаку за увезените коли што се кај нас во Мк можем со сигурност да кажем дека 90% се со вратена километража,ударани со мали и поголеми штети,внатрешно фарбање на пластики,кожа,волан,менување на кожа на мењач и што ли уште не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom