Пиде
Правам прв пат, по рецепт и инспирација од
@SK-92
Можда се многу слики ама баш ми е кејф дека излезе пре пре добро и ќе ги споделам...
Имам уште неколку од состојките и тестото за кое едноставно немам претстава како бидна толку одлично, веројатно млекото си го направи своето... одстоја околу саат и пол скоро два.
Излегоа 8 парчиња, за последното немав зајре и го направив со кашкавал и шунка како пица, а кога нема да купувам тесто за пица дефинитивно ќе го правам на овој начин...
Втора тура...
Зајрето
600 грама мелено јунешко
3 средни патлиџани
3 поголеми главици кромид
3 помали чешниња лук
1 лута пиперка
3 големи лажици доматен сос
1 голема лажица црвен пипер не скроз полна
1 исто така буковец
магданос, немав многу...
Прва тура пред печење
Парче тесто кое беше вишок и излезе за приказ...
Unbelievable...
Вистинско уживање