Што готвите во моментов?

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.355
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Грашок манџа со телешко месо

20150525_160653.jpg


Кој си сака манџи нека си ја направи многу е убава.
Пола кило телешко или јунешко месо без коска, се сече на парчиња и се вари (првата вода се фрла), а во втората се става малку ловоров лист. Потоа во тенџере се пржи ситно сецкан кромид, зелена пиперка, се става месото, грашокот, малку компири, бибер, вегета и се пржи уште малку. Водата од месото се процедува и таа се става и откако ќе почне да врие се става околу 250-300 мл доматен сос. Се вари околу еден саат на ниска температура. Пред крај се вадат неколку парчиња компир, се пасираат ко пире и се ставаат во манџата за да биде густа.

Јас морков и лук во грашок манџа не ставам, а вие како сакате. :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Ми тргна неделава со манџиве значи...
Денес - компир манџа со телешко;

kompir mandza.jpg

Пола кило телешко со коска, се вари, првата вода ја фрлам, во втората ставам ловоров лист и малку вегета и го варам дури малку не стане меко. Потоа во тенџере се пржи кромид, зелена пиперка, морков, па претходното вареното телешко на парчиња, бибер, вегета, потоа и компирите сецкани и потоа водата во која се варело телешкото се процедува обавезно во тенџерето и се остава да проврие. Потоа се става доматен сос околу 300 мл, малку рендано лукче и се остава на тивко да се вари покриена со капак околу 1 саат. Пред крај се вадат неколку компира, се прават ко пире и се ставаат во манџата за да биде густа, а јас и неколку гранчиња магдонос ставив и по пет мин ги извадив и ги фрлив(колку малку арома да пуштат).
Сол ставам исто пред крај доколку има потреба.

И една шопска салатка направив набрзинка, стандард- патлиџани, краставици, свежа пиперка, кромид, овчо сирење, маслинки малку вински оцет (совет од моја многу драга личност). :)
20150529_154947.jpg

Имам на претек слободно време иначе... :)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.592
- пола пакетче шпагети
- една мала тиквичка, ама сечена вака. Јас се мачев рачно, прво со нож, по должина па после со алатка за лупење, тука некаде е ефектот, ама сега ќе си го порачам и она од алиекспрес. Никаде не успеав да најдам некое слично да купам.
- 2 чешниња лук и 2 млади кромитчиња.
- за сос: павлака или кисело млеко, мајонез, сенф, сув босилек, сол, бибер, маслиново масло, куркума, сосема малку вода за да биде течно не густо. Секако павлаката е основа и сочинува 75-80% од сосот. Се другото е по желба.

Се пропржуваат кромидот и лукот ситно сечкани со малку куркума на малку маслиново масло на тивок оган. Се додаваат тиквичките сосема кратко 2 мин само, да омекнат и се додаваат претходно сварените шпагети. Не треба да се преварени, за да можат после малку да впијат од сосот. Се меша добро пошто тиквичките имаат тенденција да се држат едни со други, па малку потешко се размешува целата содржина. При сервирање се ставаат шпагетите и одозгора се прелива сосот, малку сирење и босилек и тоа е тоа :cool:

Ретко кога готвам прецизно со грамажа, најчесто од око и според вкус, скоро секогаш сум погодувал се како треба ;).
Ако не се многу гладни ова е таман за двајца, како лесна вечера :)
PicMonkey Collage.jpg
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Селско месо во доматен сос

selsko meso3.jpg



400 грама свинско месо на коцки се пржи со 3 главици кромид, потоа се додаваат околу 200-250 гр печурки, малку морков на тркалца, ситно сецкана свежа пиперка и се пржи убаво све заедно, потоа се ставаат зачини- бибер, вегета, буковец се меша и се полева со зовриена вода и се остава да се динста поклопено со капак на тивка температура. Кога месото ќе биде меко и останато на зејтин се додава 1 чаша доматен сос, магдонос и малку лук и уште 10-тина мин се готви.
Може да си гарнирате со пире, павлака и сл...Јас јадев со салата и леб...
:)
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
У припрема за печење. :D
Спој на повеќе рецепти. Комбинација црвено вино, чоколадо, цимет и мармалад. Турли тава. :D
IMG_20150614_151900.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom