Што ве нервира во вашиот град?

  • Креатор на темата Креатор на темата Kvendolin
  • Време на започнување Време на започнување
значи ме нервира кога ке видам на битпазар испопаркирани коли на тротоар и нема кај да се помине.. мора по улица да итеш...
покрај тоа испопаркирани коли на трета лента а се шетаат џандари.. и ете ти искача типац и се поздравува со еден од џандарите заклучува колата и си тера работа ана 3 метра подоле од него истите џандари пишуваат казна на некој шо застанал на 2 3 секунди да праша нешто... ЗАШТО ГО КАЗНИЛ??? ваљда зашо нема врски у полиција...

Исто ме нервирта на битпазар коа џандари се шетаат а околу нив оние со петардине и цигарине слободно се шеткараат и уште се дерат на глас АЈМО ПЕТАРСИ 100 ДИНАРА 100 ДИНАРА ИЗВОЛТЕ...

3. најмногу од се ме нервира кога ке видам овие шо крпат улици како поправаат дупка.. а на автобускиве асвалтот е подигнат да неможе кола да помине од трета лента пошо ако помине браник или предница обавезно ке искриши... на никој не му текнува тоа да го санира...
 
Ме нервира тоа што благодарение на прекрасната и функционална атмосферска канализација, центарот на градот почнува да потсеќа на Венеција за време на поплави.
И ме нервираат возачи кои кога врне надвор и гледаат дека чекаш на пешачки, не ти застануваат да поминеш (аман бе, на суво сте вие).
Тоа е она што највеќе ме нервира деновиве низ градов.
 
Гледам се скопјани сте ваљда од постовиве па јас ке си кажам за мојот град :helou:
Во мојот град ме нервира тоа што нема закачено украси за нова година и тоа што оџана пее по 5 пати на ден дури и во 6 сабајле , а најмногу ме нервира тоа што никој не може да направи ништо околу тоа.Верувајте пробавме :kesa:
 
Ме нервираат таксистине шо ме прскаат секој ден накај дома кога идам.
Следниот пат камен у џеб ке си носам, има шофершајбна да му разнесам.
 
Ме нервира секој оној кој го моча и сере своето куче во школски двор или парк на места каде што најчесто има деца, зарем нема ни грам мозок, ако него не му смета што не го сере у дневна......

многу се нервирам .
 
Провинцијалци и скопски сејачишта :mad:
Се пикаат таму каде што не им е место и не сакаат да си одат!!!!
 
автопералните, кои покрај перење коли ќе ти заперат и некој тепих и ќе ги распростират истите низ оградите на природно сушење
 
Kaко што моето име гласи, мене најмногу и пред се ме нервираат, срамните, гнасните и омразените, зони, рампи и пајак-возила.
Стално си правам планови, каква фешта ќе направиме кога ќе куртулосаме и ќе се ратисаме од нив и нивните директори.
 
Ме нервират како возат низ град.Шуто и сакато зело возачка (види фотос).
Фотографија0616.jpg
Ме нервират и кретенине во плаво и нивната министерка хермафродит и пајакот шо нема да кренат вакви возила, туку некој добро паркирани, од послаба марка или со таблици од друг град.Чисто онака да е поинтересно.

Ме нервирет и таксистине за Струга напорни се ко пролив на колоквиум.Па ММЕ ако на првиот речам, шо ме препрашвите сите 18 после него?Исто и нив плави оркестар не ги чепкат.Ќе горат во пеколот!
Плави оркестар не ги чепкат и кретениве шо убија туристи низ град и постојано палат објекти и се игрет каубојци и индијанци низ град со пиштолите.Пошо немат после кој да ги частит ручек ак ги начекат по улица.

Ме нервирет такозваните туристи шо секое лето се тука и после од септември до следниот јуни се жалат и во јули пак се тука.

Ме нервирет на лето фрижидери по кејон,'детски реквизити', змии, пуканки, костени, пченка, тракатанци и слично ѓубре.Исто и масите распослани низ плоштад.

Ме нервират градоначалникот шо јавно зборвит дека ќе се справеле со нередот, а е финансиски добар од процентите од тие распослани на кеј и зградине шо ги растиме ко раноградинарски производи во оранжерии.
Ме нервират шо автобускана не е покриена на зима да не ги врнит дожд/снег и да ги дуват ветер студентите на сабајле ко ќе одат на факс.

Ме нервират шо сите запнале на едно место да одат за излегвење пошо било таму шемата нели.Другите се просечно полни, а то едно место е толку гужва шо не мојш пијачка да си нарачаш.Ама е шема.А добрите места брзо ќе пропаднат или се на лош глас.Пошо ние шо не слушаме Аца Лукас и други кретени сме по логика наркомани:pos:.Немаш избор.И после те немало низ град.Не идам бе!

Ме нервирет келнерине шо ќе ми ја кренат пијачката само шо ќе ја допијам.Ебати раатот.Ебати ги цените.Ебати културата на нивните газди.
 
крадењето СТРУЈА
цела Првомајска или како ли се вика онаа кон Лисиче (не е битно) се диво приклучени- замислете греат куќи двоспратни и повеќе на струја а денар не плаќаат
е па АЛАЛ нека ни е , затоа нас ќе не стрижат по 300 евра месечно, за да некои дифтари си го топлат газот беспари
СРАМОТА
 
Ме нервираат набилдани фаци со тоа тесните педерски маички како стојат во некое клубче и се прават паметни а никој од нив незнае кога ќе побараат на некое дете лична карта да израчунаат колку години има па пред женски нешто фраери се прават.
Ме нервира тоа проклето зонско паркирање кое има само цел да прави хаос.
Ме нервира тоа што полека но сигурно градов умира ,ретко има добра журка градов се сведе на кафана и хавана и некој без врска места.Повеќето искачаат да бидат видени и сликани за некој портал него ли да си поминат убаво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom