Што ве натера да се иселите од Македонија?

Што ве натера да се иселите од Македонија?


  • Вкупно гласачи
    191

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.781
Поени од реакции
8.295
Тој што ме следел што пишувам ги знае моите ставови во врска со оваа власт. Во врска со селидбите, имам цел пост на темава, надолго и нашироко напишано зошто јас би се селел. Не разбирам зошто толку хистерија кревате овде два-тројца, освен ако се разбира не си ја имате мувата на капата па ве погодило в нерв напишаното. Понекогаш заборавам во кое дувло на бугарофилија е претворен форумов.

Ти си еден од тие шарени прилепски куртони кои кога беа шарените им дуваа во грб за да дојде на власт муртинското зло, а сега мењаш ставови ко камелеон и си дежурен гомнојадец на форумот за кое форумот е сведок. Ставовите и да сакаш не можеш да ги избришеш и да се рехабилитираш па си ја носиш мувата на капата.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.418
Поени од реакции
30.001
Пак ги читам оние северни муабети фрчат како луди, дека сите ние што сме се иселиле од Македонија сме глупи, безвредни и прости што не сме се снашле во својата татковина. Не сме знаеле да си го цениме сопствениот труд таму. Тоа ти е.
Како што и одредени индивидуи кои живеат во Македонија, велат дека дури сме им од корист сите ние што сме трајно иселени од Македонија.

Ооооооо црепска работа.

Не бе. Во Македонија НЕМА сиромаштија, ниски плати, ужасна економија, ужасен здравствен систем, корумпирано судство, катастрофално менаџирање со кризите (Ковид, економска, итн), ужасно образование, криминалци на власт 30 години, итн, итн. Просто кажано, ТОТАЛНО нефункционална држава, со систем кој едноставно НЕ функционира, ниту некогаш ќе профункционира.
Абе отиде таа држава јабана, кој признал океј, кој не пак океј но реалноста е таа.
Но тоа на партиските ботови ЏАБЕ објаснување. Пак ќе си го верглаат своето како навиени дека ружи цветаат 365 дена во годиниата насекаде во вукојебината, а ние сме будалите. Ама муабетот пак ќе се сведе на тоа кој може да ги помирисне и види тие ружи? Ние глупавите дијаспорци сигурно не.

Епа, овие горенаведени работи ги НЕМА во Германија (како и во други високоразвиени држави).

Тука во Германија, хипотетички како пример, 2 члена да работат со просек грубо кажано нето плата од по 2000€ заработуваат вкупно 4000еур. Стан под кирија сосе сите платени сметки заокружи 1000€ (не мора секој да живее во голем град и блиску до центар).
Доколку имаат пример и две деца +245€ по дете и ОПААА вкупно се собрале чисти 3500€ за трошок. Онака проста математика. Доволни се за храна и сите останати потребни основни трошоци? И повеќе од тоа.

Дополнително тука секој добива одлично здравство, образование, просперитет за децата, како и за себе и се друго позитивно по ред, да не набројувам.

Читам се фатиле за оние со бугарски пасоши. Па која е потребата од таков пасош кога лесно се добива термин и виза за престој и со МК пасош. Амбасада, термин, документи, виза и ајде горе. Сега барем е играчка да се работи овдека и со МК пасош.
Тој што живее и работи овдека со бугарски пасош, секако дека го гледам како МАКЕДОНЕЦ и го почитувам. И тој се снашол на одреден начин, за да избега од долу.
Не правам никаква дискриминација помеѓу мојот народ, поради некој си папир што ништо не значи.

Но да се мрчи нешто, тоа е работата, секогаш нешто мора да се мрчи против нас дијаспорците. Општо земено, во нашата генетика е да се мрчи за се и сешто.

Па мајку му стара. Кога мој родител пензионер летоска се реши без да трепне да ја напушти трајно Македонија, да дојде и да остане да живее во Германија, едноставно поради ОДЛИЧНОТО здравство овдека кое за мојот родител беше навистина потребно (да не одам на широко, но мојот родител ако летоска останеше во Македонија, немаше да биде повеќе на овој свет поради една ситна но дебело УТНАТА хируршка интервенција направена во МК).
Така што мојот родител сега ужива во своите пензионерските денови, не само поради одличното здравство овде, секако дека и поради се друго позитивно овдека и ниту на крај памет не му е да се врати некогаш во Македонија (сем туристички).

Кога мој многу близок роднина на 55 години, дебело му пукна филм од убавината долу, па есенва дојде да живее овдека зошто во вукојебината не можеше да најде работа за повисока плата од 18.000 денари (париски бот би рекол глуп и неспособен бил) па секој месец му испраќав пари за едвам да скрпи крај со крај.
Еве го сега, плаќа 650еур кирија (на периферија живее сам), работи, си заработува и супер му е. Живее достоинствен живот, како што му доликува на секој човек на планетава.

Другиот родител тука ми живее повеќе од 25 години, секако веќе е пензиониран.

Јас? Јас дипломирав тука и продолжив со постдипломски студии, потоа поседував полни 12 години сина карта и како крајно решив да потегнам еден голем чекор во врска со документи (што имав право да го направам и пред 4 години), со што есенва конечно си ја завршив и таа работа.
Сем туристички не би стапнал повеќе во Северна, но следен пат на пасошка ќе им подадам Германски лични документи. И не се срамам поради тоа.

И што сега? И јас сум за шиканирање што повеќе не сум на папир Македонски државјанин?
Ама ич не ми е гајле, кој што мисли, кој што рекол и дали нешто рекол. Јас си знам како што се чувствувам, дали си го сакам својот народ и мојата татковина. Да, си ја сакам својата татковина и својот народ. И тоа многу.

Веќе одамна само едно ми е битно. На мене ми е супер, сега веќе цела фамилија ми е тука на куп, сите сме среќни и задоволни. А кој што мисли од страна, едноставно не ме интересира. Одамна престанав да се замарам тоа.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589

Ти си еден од тие шарени прилепски куртони кои кога беа шарените им дуваа во грб за да дојде на власт муртинското зло, а сега мењаш ставови ко камелеон и си дежурен гомнојадец на форумот за кое форумот е сведок. Ставовите и да сакаш не можеш да ги избришеш и да се рехабилитираш па си ја носиш мувата на капата.
Бугарче, тоа што не сум фан на Грујо и Груевизмот не ме прави по дифолт шарен. Спротивно на наративот, и тогаш имаше луѓе и тоа доста кои што не беа фанови на Груевски па тоа по дифолт не ги прави шарени. Ниту сум учествувал на некаков партиски мотивиран протест, ниту сум член на некоја партија. Тоа што овие сега го засенија неговото владеење не ги пери по дифолт делата на тогашната власт.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.781
Поени од реакции
8.295
Бугарче, тоа што не сум фан на Грујо и Груевизмот не ме прави по дифолт шарен. Спротивно на наративот, и тогаш имаше луѓе и тоа доста кои што не беа фанови на Груевски па тоа по дифолт не ги прави шарени. Ниту сум учествувал на некаков партиски мотивиран протест, ниту сум член на некоја партија. Тоа што овие сега го засенија неговото владеење не ги пери по дифолт делата на тогашната власт.
Ако баба лаже, траг не лаже!
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.510
Поени од реакции
22.152
Џо, муабетите ти се незрели. Не знам дали треба да гледаш фамилија, ако не, за десет години пак ќе правиме муабет.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Нема можност за одбирање повеќе опции, инаку би ги одбрал пола од нив. И економски причини, и зол народ и црвлива администрација и небрежна власт...
Заедничка нитка за скоро сите од понудените опции за гласање за причината за напуштање на Македонија е одбивањето да се биде жртва.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom