Што ве врзува за партнерот?

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Премногу нешта за кои еден пост е премалку простор да се искажат сите.
Љубов, почит и разбирање, се рабира взаемни, се она главното...другото е финеса.
Ова сум го пишал пред 6(шест) години.
Како лета времето...
Годинава... десет години брак во декември... и плус уште некоја година пред тоа сме заедно...
И... што е тоа што ме врзува за неа?
Секако, стои она што сум го напишал... но... знаете... има нешто кое со зборови баш и неможе да се опише.
Тоа е сплет од многу нежност, многу чувства испреплетени во уникатна плетка, специфични за нас двајца. Сите оние несовршености, мали ситни кавги, мрчење... се е тоа онаа врска која држи силно.
Чувството дека маж може да се скрши како тенка кристална чаша пред една жена... дека таа го исполнува неговиот живот... дека....
Има многу... тоа е необјасниво... љубовта е нешто што неможе да се опише така лесно во 5 реда на форум.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Секогаш ме врзува љубовта, вниманието кое ми го посветува и преубавото чувство на опуштеност како да си на небо...
 
M

Muranyi

Гостин
Не сме испраксирани со јажиња како што треба. Чекам бате @FARANG да ме просветли.
Девојко, доколку си ти оваа што ја носиш на аватаров, јаже за тебе не помага и би претставувало залудно трошење ресурси. Синџири може.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Има нека тајна веза. Стварно не знам да кажам што ме врзува поточно...
Ама знам некад и маните му ги сакам а некад ми иде носот да му го откорнам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom