Што би одбрале попрво,вие да сте тој што сака повеќе или партнерот?

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.594
Поени од реакции
18.010
Факт е дека во една врска/брак двајцата партнери не можат да се сакаат подеднакво,едниот секогаш ќе сака повеќе.
Па шо би одбрале попрво,вас да ве сака партнерот повеќе или вие да сте тој шо сака повеќе?
Една интересна тема за дискусија
Не можеш да одбереш такво нешто. Секогаш сака повеќе тој што се плаши повеќе, односно тој што мисли дека нема да најде подобра опција од сегашната/ќе остане сам.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.084
Поени од реакции
15.916
Не можеш да одбереш такво нешто. Секогаш сака повеќе тој што се плаши повеќе, односно тој што мисли дека нема да најде подобра опција од сегашната/ќе остане сам.
Зошто па тој би бил тој што сака повеќе само поради фактот што се плаши повеќе? Можеби има проблем со самодоверба, или мери некои погрешни критериуми кои не треба да се мерат доколку љубов е во прашање? Мислам дека е сосема погрешно за некој да се плаши во врска, а посебно ако тоа го манифестира како однос, не е далеку крајот на таквата врска.

Он, секој сака на свој начин, со сопствен квалитет. И банално е да се мери интензитетот, те квантитетот на љубовта, кога не можеш на истата првин квалитетот да и го измериш. Како што сакаме различно, така и различно толкуваме што е љубов. На некого му е доволно искреност, почит и разбирање, некој па сака да те посипува цело време со внимание и слично. Валда за секого има некој и обратно, па така луѓето тераат заедно кога ќе се погодат.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Не можеш да одбереш такво нешто. Секогаш сака повеќе тој што се плаши повеќе, односно тој што мисли дека нема да најде подобра опција од сегашната/ќе остане сам.
Кој е погруб повеќе љуби, па така ако сакаш да си љубен најди си грд партнер :D
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.700
Поени од реакции
9.537
Факт е дека во една врска/брак двајцата партнери не можат да се сакаат подеднакво,едниот секогаш ќе сака повеќе.
Па шо би одбрале попрво,вас да ве сака партнерот повеќе или вие да сте тој шо сака повеќе?
Една интересна тема за дискусија
Ако се најдеш у ситуација да мериш кој колку сака, само незнам како тоа би го проценил..од око ли :confused::rolleyes:..е тука веќе нема вистинска љубов, тоа е веќе саможивност, себичност, љубомора....:toe:
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.289
Поени од реакции
4.636
...тој што дава(без разлика дали се тоа емоции или материјалности)и очекува нешто за возврат...дајми-нати
...таквите цел живот ќе го поминат во тркалото на желбите и очекувањата,како хрчакот во тркалото со сиренцето :)
...во давањето и земањето намерно не ја спомнав љубовта
 

Kajgana Shop

На врв Bottom