Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.583
Во серија експерименти спроведени во соработка помеѓу ЦЕРН и лабораторија во Италија, беше регистрирана брзина на субатомските честици од 300.006 километри во секунда. Тоа би било најголемото откритие во физиката во последните 50 години, бидејќи модерната физика се базира на теоријата дека во вселената не постои поголема брзина од онаа на светлината (299.792 километри во секунда).
Евентуалното побивање на теорија на Ајнштајн не би ја вратило физиката назад неколку години и:
- тоа не значи дека постојат духови
- теоријата за еволуцијата, како ни другите научни сознанија, немаат ништо со тоа
- тоа никако не значи дека егзактноста на физиката е доведена во прашање
- не губат на кредибилитет досегашните резултати потврдени со експерименти
- не мора да се сметаат за сомнителни дури ни експериментите кои ја потврдувале Ајнштајновата теорија, но
- тоа сепак значи крај на науката на 20-от век
- промена на еден од двата постулати на Ајнштајновата теорија
- за физичарите ќе се случи нешто налик на пад на њутновата класична механика
- и теоријата на релативитет ќе важи само во “ограничен домен“, но
- во очите на лаиците Ајнштајн повеќе нема да биде тоа што бил
- пред научниците ќе се отворат низа предизвици
- ќе се зголеми вложувањето во високоенергетската физика
- голем број млади истражувачи ќе се вратат кон фундаменталните прашања
- на долг рок, улогата на физиката ќе се промени
- повторно ќе биде исправена пред клучен предизвик и клучни прашања за светот
- тоа значи дека се случило откритие чие влијание врз културата би можело да биде несогледливо
- откритие кое силно ќе влијае врз уметноста
- но и на човековата мисла воопшто
- како и секогаш, разните технолошки последици ќе бидат бројни и засега непредвидливи
- се отвора шанса за појава на многу егзотични физички теории
- ќе може на друг начин да се разговара за поимање на времето
- а некој дури и би можел да постави прашање за постоење на етер
- Тесла сепак нема ништо со тоа, како ни сите оние кои само претпоставувале дека Ајнштајн греши
- неговата теорија овозможи длабок увид во структурата на светот, кој барем на епистемолошки план, остави и можност за грешки
- сега можеби е време за нешто сосема ново
- можеби се можни и меѓугалактички патувања низ тнр. црвоточини (интердимензионални дупки)
- можеби етер постои
- можеби навистина е можно да се патува низ времето
- можеби некои последици се случуваат пред причините
Автор: Слободан Бубњевиќ
преземено од on.net.mk