Штитна жлезда и проблеми со неа

  • Креатор на темата NeMiRnA
  • Време на започнување

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Имам прашање.
Антителата ми се високи и тсх то инаку другото е океј и докторкава ми покачи од 75ка на 100ка еутирокс и ми рече да не јадам грав, зелка, брокула.
Која е причината?
Дали уште нешто треба да избегнувам?
Причината е глуп мит. Игнорирај.

За тоа што треба, растителна диета + ова
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.615
Поени од реакции
34.802
Имам прашање.
Антителата ми се високи и тсх то инаку другото е океј и докторкава ми покачи од 75ка на 100ка еутирокс и ми рече да не јадам грав, зелка, брокула.
Која е причината?
Дали уште нешто треба да избегнувам?
...што значи „високи“ ТПО антитела и ТСХ , постави ги твоите вредности да видиме!

Thyroid-autoantibody-levels-according-to-the-vitamin-D-status.png

дали си направила лаб. анализа на Витамин Д како еден од причините за негов недостаток да биде токму проблеми со функцијата на штитната жлезда како и покачување на ТПО антитела!
 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
...што значи „високи“ ТПО антитела и ТСХ , постави ги твоите вредности да видиме!

Прегледај го приврзокот 263202

дали си направила лаб. анализа на Витамин Д како еден од причините за негов недостаток да биде токму проблеми со функцијата на штитната жлезда како и покачување на ТПО антитела!
Немам испитувано витамин д до сега не ни знам како е поврзано со тироидна.
Тсх ми е 6 ипол а антителата 600.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.098
Поени од реакции
16.298
Имав контрола на крв пред 2 дена поради Грип Инфекција според Германците. Испадна дека е се ОК со крвта но на денешните резултати излезе TSH0 - TSH BASAL 6.34. Сега крвта ја пратија на дополнителни тестови и треба да чекам до вторник. Докторката не делуваше како да е нешто сериозно. Па ај реков да прашам тука. Колку е сериозно? Дали е можно единечно да се добие ваков резултат ?

Во прилог цел резултати :

4E60B003-25CC-47D8-853A-E5570B07B49E.jpeg
Игнорирајте шеќер итн вечерта пред земање на крв се заборајв и јадов во 11 часот :)
 
Прегледај го приврзокот 268948
Игнорирајте шеќер итн вечерта пред земање на крв се заборајв и јадов во 11 часот :)
interpretation-endocrinology-comparison-diagnosis-function-original.jpeg

... мора да се испитат тироидните хормони Т4 и Т3 и доколку тие се во нормална граница и двата (Т4,Т3)тогаш имаме состојба на т.н. субклиничен хипотироидизам, тоа значи дека терапија не мора уште да се пие туку да се смени некои навики да спадне ТСХ кој е стимулиран да се лачи за да се одржат Т4 и Т3 во нормални вредности, а најчесто причината е недоволниот внес на Јод за да правилно функционира штитната жлезда,
...доколку Т4 и Т3 се ниски веќе се добива состојба на хипотироидизам, а ако се Т4 и Т3 високи тогаш веќе се добива друг правец на испитување (хипофиза),
( другите три параметри се незначително покачени од нормалните вредности, што не дава некоја загриженост и потврда за некое друго нарушување)
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.098
Поени од реакции
16.298
Прегледај го приврзокот 268992

Јод-та ако не се кажа најчесто ја има во сол, така?
Јас солено ич не јадам :)

Хипофиза скраја да е ако е, како се испитува и дали е нешто сериозно или ? :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.615
Поени од реакции
34.802
Немам испитувано витамин д до сега не ни знам како е поврзано со тироидна.
Тсх ми е 6 ипол а антителата 600.
ice_screenshot_20201002-182822.png

ice_screenshot_20201002-183053.png

ice_screenshot_20201002-183900.png

...жалосно што Витамин Д, „е интересен“ само за ортопедите поврзаноста со остеопороза и воопшто со проблеми со коските, додека ендокринолозите некако Вит Д, не го земаат во предвид како еден од фактор за појава на дијабет и нарушената функција на штитната жлезда,
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.615
Поени од реакции
34.802
Јод-та ако не се кажа најчесто ја има во сол, така?
Јас солено ич не јадам :) Хипофиза скраја да е ако е, како се испитува и дали е нешто сериозно или ? :)
... јод како олигоелемент го има во многу продукти, но не е доволен како дневна потреба на организмот и затоа најчесто се јодира дополнително нешто што човекот секојдневно го внесува како сол, леб и вода за пиење!
но, таа национална стратегија одамна е напуштена ниту водата од чешма не е веќе јодирана (ниту флуорирана), ниту се применува јодирање во прехрамбената индустрија т.е. пекарските производи, остана да се јодира дополнително само солта, затоа имаме појава на ендемски јодо - дефицитарни подрачја,
... но не секоја сол, па дури и морска сол (исто и таа дополнително се јодира), иако пишува на пакувањето не значи дека се јодира или го има тој процент на јод во себе, така што често пати земени мостри од такво пакување кое ние користиме во домаќинство, во соодветните лаборатории во институт за јавно здравје го има во минимално количество или пак воопшто солта не е јодирана дополнително што преставува голем проблем за населението што веќе голем процент има проблем со недостаок на јод, а со тоа и проблем со функцијата на штитната жлезда!

mb_sub.jpg tuzlanska so rok upotrebe_Zaokruzeno-710573.jpg

... имаше афера на препакување на обична сол (неквалитетна и нејодирана) во пакувањата на најчесто користената тузланска сол, така да од тогаш јас лично применувам само сол каде има податоци серификат и време на јодирање како што е алкалоидовата сол,

sol-1kg.jpg description_image_jod_preporucene_doze_jpg.jpg

...доколку имаме сол со сертификат кој гарантира точна јодираност на солта, така да 1,5г од таа сол би требало да покрие 47% од потребите на јодот во организмот, а само 85г бакалар (риба) покрива скоро 87% од дневни потреби на јод, затоа во нашата исхрана најмалку два дена во неделата мора да имаме на трпезата морска храна.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Имав контрола на крв пред 2 дена поради Грип Инфекција според Германците. Испадна дека е се ОК со крвта но на денешните резултати излезе TSH0 - TSH BASAL 6.34. Сега крвта ја пратија на дополнителни тестови и треба да чекам до вторник. Докторката не делуваше како да е нешто сериозно. Па ај реков да прашам тука. Колку е сериозно? Дали е можно единечно да се добие ваков резултат ?

Во прилог цел резултати :

Прегледај го приврзокот 268948
Игнорирајте шеќер итн вечерта пред земање на крв се заборајв и јадов во 11 часот :)
И креатинин, и филтрација ти се далеку од оптимални. Колку години си?
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.098
Поени од реакции
16.298
Што пиеш? Кока Кола?
На велико и знам дека не треба. Докторката ко ми ги покажа ми рече не е опасно ама почни вода да пиеш мн. Ете веќе оваа недела почнав да пијам вода кока кола скоро ич.

Рачунај летово испив мн вода на работа пошто беше во хотелот врело а по 3 блузи менват и пак се осеќав пресушен. Али тоа само на работа (пиењето вода)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.655
Поени од реакции
38.839

Намали малце сокојте, највеќе ради шеќерот, не е убаво дневно 2 литри кока кола да ставиш во тебе. Како што гледам глукозата референтни вредност ти е 60-100, а тебе ти е 103
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.098
Поени од реакции
16.298
Намали малце сокојте, највеќе ради шеќерот, не е убаво дневно 2 литри кока кола да ставиш во тебе. Како што гледам глукозата референтни вредност ти е 60-100, а тебе ти е 103
Тоа се должи дека се заборајв касно вечерта изедов чоколадо и кока кола се напив. (Кај 1 сабајле) а во 8 ми земаа крв.

Иначе ич ама ич не јадам благо никогаш.

Иначе си тотално во право. :)
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
109
Поени од реакции
32
... телото не сака помалку (дефицит) ниту сака повеќе (суфицит) зборуваме за било што, па и за лачењето на жлездите конкретно штитната жлезда! Секоја штитна жлезда кога велиме има пречки во активноста, лачи повеќе или помалку (во твој случај) на тироиден хормон Т4 (тетрајодтиронин- тироксин) и наместо да се третира со ЈОД поради тоа што сме ендемско подрачје со дефицит на јод во храната, земја, вода ендокринологот решил да те третира директно со готов синтетски хормон Т4 внесен вештачки преку уста во вид на таблета токму таа што ја пиеш т.е. Еутирокс,
рековме телото си сака точно хормонче, ни повеќе ни помалку Т4, а кој може секојдневно да ти ја погоди дозата од хормонот? некогаш повеќе некогаш помалку ќе ја имаш во тебе, затоа што твојата штитна жлезда некои денови лачи доволно хормон Т4, додади го и дополнителниот хормон од надвор по вештачки пат како лек Еутирокс ете ти во тој период вишок на Т4 што прави проблеми кои ги чувствуваш како несакано дејство, а телото е збунето и почнува да дава наредба мозокот да се лачи повеќе ТСХ мислејќи дека несакани реакции на телото е поради од дефицит- недостаок на хормон Т4, а всушност ти имаш суфицит- вишок на хормон Т4!
...ете затоа штитната жлезда треба да се третира со јод внимателно, отколку на готово да се даде Еутирокс, ама тоа е долга и макотрпна работа, кој доктор(ендокринолог) ќе се занимава со такви финеси? Никој! барем не кај нас а богами и во поширока околина!

тестирањето со јод на кожата да после 24ч се изгуби или не нанесената јодна флека, укажува на еден домашен тест дали телото „му недостасува јод“ со што ќе го „упие“ од површината на кожата!
Додека земав Еутирокс 25 ТСХ се намали од 6 на 3.2. Докторка ми ја зголеми дозата на 50ка како би го намалиле ТСХ од 3.2 на 2. За 3 недели се искачи на 8!. Сега ми покачи доза на 75.... и ми рече плус јод да сумплементирам, овие резултати можно ли е да се случија поради зголемената доза на еутирокс? Според антителата кај мене веројатно се работи за Хашимото иако до сега никој со сигурност не ми е кажал туку само викаат изгледа е Хашимото.
Автоматски споено мислење:

... требаше да продолжите во подтемата „Здравје“ или барем последните коментари околу автоимуната болест конкретно за Хашимото да се префрлат таму, како и да е многу опасно и неисправно е вакво размислување за Хашимото, може да се има различно мислење, но не вака тотално погрешно мислење да создадената антитела при Хашимото, да биде иста антитела при одбрана од други бактериски и вирусни инфекции, тука не зборуваме за хиперактивен имунитет туку за „збунет имунитет“ кој ги напаѓа сопствените ЗДРАВИ клетки мислејќи дека е антиген (вирус, бактерија или било кој антиген влезен од надвор)... (Ботко и Псисајд точно го искажаа своето мислење во постовите)!

... да се има Хашимото и да се зарази со некоја вирусна/бактериска/инфекција тоа би го споредила исто како телото би било нападнато дупло истовремено нападнато т.е. одбранбениот систем (имун), описно би било да истовремено води „две војни“ една класична војна со надворешен непријател (вирус, бактерија), а во исто време и граѓанска војна со внатрешен „погрешен“ непријател т.е. кон свои сопствени здрави клетки што би било дупло оптоварен таков организам (збунет имун систем), а не пак предност да истиот не може да се разболи и да прошета низ „инфективно одделение“!

...ајде да го разгледаме и фактот дека толку време човек со Хашимото синдром ете и покрај околината каде живее другите се инфицираат, а тој не! па добро, кој вели дека има Хашимото?
односно ај да образложиме дека при Хашимото се создава две антители кои циркулираат во крвта, но не било кои, туку точно се знае :

1. Антитела на тироидната пероксидаза (АTPO).
2. Антитела на тироглобулин (АTg)

што нема врска како антитела против бактериска и вирусна инфекција!

антитироидната антитела продира во штитната жлезда и предизвикува уништување или оштетување на ткивото на тироидната жлезда и тоа е тоа ти се дава „Хашимото“ дијагноза!
... но овие две антители иако имиња се поврзани со тироидната жлезда тие можат да се лачат и да се ИМА висока вредност, а да не биде поврзано со штитната жлезда туку со други автоимуни заболувања како витилиго, ( ова е тоа што кај нас почесто не се внимава и веднаш го дијагностицираат присутво на покачена ТПО анитела како Хашимото - поврзано со штитната жлезда).

... и друго недостиг на Вит Д , а да не кажам дефицит и те како делува на покачена ТПО антитела дури и промена на естрогени хормони делува на покачување на антителата, така да не е баш благодарно да само врз база на покачени износ на ТПО антитела да се етикетира пациентот со Хашимото (мое лично искуство)

...друго околу диета т.е. околу дебелење или слабеење или онака нормална телесна тежина, а со Хашимото многу се важни тиреоидни хормони што не се спомнуваат, значи може да се има Хашимото а Т3 и Т4 да се под референтна вредност - хипотироидизам и особата, добива апетит за јадење, ама и не мора може да јаде исто, а сепак да се дебели? зошто? ...зошто не зависи дебелината од внесот на храната туку од метаболизмот на истата (поспоро е) затоа Вори има бранови на студенило и се тресење поради таа нераспределената енергија од спориот метаболизам!

... сега истата таа особа со Хашимото, а со хормоните Т4 и Т3 под нормални вредности хипотиреоидизам поради Х услови (предозирање на внес на готов хормон како лек) преку ноќ вредностите на Т4 и Т3 од намалени вредности скокаат над референтните вредности и таа иста особа со Хашимото од хипо состојба иде во хипер состојба (хипертиреоидизам) и истата таа особа со исто јадење ете ќе почне да слабее, затоа што тука веќе имаме обратна состојба на метаболизмот кој брзо ја преработува храната и ја троши и затоа веќе добиваме ситуација „на слабеење“ со иста навика и количина на јадење, овие проблеми тешко некој ендокринолог да се посвети да толку се следи пациентот и затоа контролите по месец два, ај пола Еутирокс (хормон) ај зголеми, ај намали...ај сега префрли се на Тироксин!

... метаболизмот дали е зголемен (особата ќе слабее), дали ќе биде успорен (особата ќе се дебелее) !
...дали ќе ги чувствува ладните промени и ќе има спор срцев ритам со намалени Т3 Т4 или обратно со зголемени Т3 и Т4, бранови на потење, тахикардично срцебиење како симптоми на хипертиреоидизам, а во двата случаеви си има покачена ТПО антитела со веќе етикетиран Хашимото!

...јас би препорачила на членот Вори да направи една лабораториска анализа на состојбата на Вит Д во органзимот, доколку не ја направил!
те молам за мислење бидејќи немам конкретен одговор дали се работи за Хашимото или не, ти благодарам однапред
 
Attachments

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom