Штеди само со помош на копче – Rinspeed 500 Abarth Е2

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Швајцарската тјунерска компанија која се занимава со интересни откритија во областа на автомобилизмот, традиционално во Женева се претставува со по еден модел. Оваа година, покрај концептот iChange, тие ќе го претстават и 500 Abarth E2.
Но не очекувајте ова да е некоја ултра спортска тјунирана верзија на популарната 500-ка. Rinspeed отиде во друга насока со овој автомобил – стандардно, тој развива 163 КС, кои, како што може да се претпостави, се и повеќе од доволни за многу адреналин и задоволство зад управувачот. Сепак, не секогаш сакаме да се тркаме, нели? Решението за ова на Rinspeed е копчето Commuting, со кое силата на моторот се снижува на само 61 КС, која треба да е доволна за возење низ град. Покрај намалувањето на силата, со притискањето на копчето, просечната потрошувачка се намалува од 7 литри на 100 km во модот Highway, на неверојатни 4 литри на 100 km во модот Commuting.
Интересната идеја на Rinspeed се постигнува само со ре - мапирање на електрониката на моторот. Затоа, од Rinspeed порачуваат дека овој систем без проблем ќе може да се вгради во моторот на секое возило! Не сакаме да помислиме дека вакво нешто не им текнало на големите производители, но оваа идеја и тоа како ни се допаѓа!


извор

Ова изгледа навистина многу економично решение .
се надевам дека е економски исплатливо и неговото вградување во сите мотори:)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Не ми е јасно како може да се вградува кај сите модели? Па тие модели веќе имаат мапи кај кои моторот е подесен на оптимум т.е. да троши што помалку.

Ова кај Абарт сваќам дека моторот има мапа која е програмирана за спортско возење, а тие вградуваат една "цивилна" мапа со што се конторлира работата на моторот да троши што помалку гориво. На кој начин мислат уште помалку да ја намалат потрочувачката кај сериските модели незнам. Да беше така лесно сите ќе вградуваа такви "мапи"
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Лесно е, ама тешко да се подесат како што треба. Ти треба динамометар, ретко кој го има дома :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Битното го заборавиле... Возилото треба да има Еlectronic Controling Unit (ECU), и да е со директно вбризгување (EFI) за да може чудово да профункционира.

Како би го вградиле да речиме на Мерцедес 230 бензин со карбуратор?
 
Член од
3 мај 2008
Мислења
601
Поени од реакции
7
еј исто така ваква опција има и кај BMW M5 во наормален режим има 507кс а со оваа опција има 400кс и нормално помалку троши
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Битното го заборавиле... Возилото треба да има Еlectronic Controling Unit (ECU), и да е со директно вбризгување (EFI) за да може чудово да профункционира.

Како би го вградиле да речиме на Мерцедес 230 бензин со карбуратор?
Токму така и плус потребно е ECU единицата да има повеќе разгранувања (можности за поденсување). Има и Југовци со EFI и други постари коли ама единицата е доста ограничена и неможе нешто многу да се репрограмира
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Токму така и плус потребно е ECU единицата да има повеќе разгранувања (можности за поденсување). Има и Југовци со EFI и други постари коли ама единицата е доста ограничена и неможе нешто многу да се репрограмира
Абе да претпоставиме дека ставаат нова единица во сите ЕФИ возила, која ке ја замени постоечката, единствено треба моторот да има такво чудо.

Но земајки предвид дека во европа возниот парк им е стар во просек 10 години, сите бензински возила ја имаат единицата. Дизелките, почнаа со вградување на чип малку покасно.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Абе да претпоставиме дека ставаат нова единица во сите ЕФИ возила, која ке ја замени постоечката, единствено треба моторот да има такво чудо.
Па пак нема да може да се вгради новата единица бидејќи се потребни повеќе сензори за оптимална работа што постарите мотори ги немаат:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom