СКАНДАЛ ВО БРИТАНИЈА
Разузнавачки документи пронајдени во воз Британската полиција отвори итна истрага откако функционер на британското разузнавање оставил во воз службени документи, означени како строго државна тајна, пренесува „Би-Би-Си“. Портпаролот на британската влада го потврди инцидентот и откри дека документите што се однесуваат на Ирак и на Ал каеда ги оставил висок функционер на британското разузнавање, кој веднаш бил суспендиран од работа. Станува збор за два документа од исклучителна важност, кои биле пронајдени во плик од случаен патник кои ги префрлил во една локална станица на „Би-Би-Си“, од каде што тајните документи ги презела полицијата. Истрагата за инцидентот со губењето доверливи, службени и тајни документи ја презеде одделот за безбедност при полицијата „Метрополитен“. Засега се знае само дека функционерот, чиј идентитет не се соопштува, бил овластен да ги носи со себе документите, но толку долго колку што можело за нив да се смета дека се на безбедно. - Откривањето два тајни документи во воз, во седиштето на британската влада во Вајтхол, е пречекано со гнев и со чувство на засраменост. Тие документи требало да кружат меѓу врвот на британските разузнавачки агенции, военото разузнавање и британскиот премиер - изјави висок владин функционер, објаснувајќи дека станува збор за документи кои едноставно не смее да „излезат надвор“. Разузнавачки и безбедносни експерти сметаат дека сега, пред завршувањето на истрагата, е предизвикана голема штета, која може да има „несогледливи последици“ ако содржината „се најде на улица“ или на интернет, а особено ако Ал каеда дознае кои се тајните и сознанијата што британското разузнавање ги има за нив, за нивните слабости или за вмешаноста на таа терористичка мрежа во пакистанските состојби.