Шпиони на Балканот и пошироко

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
СКАНДАЛ ВО БРИТАНИЈА
Разузнавачки документи пронајдени во воз
Британската полиција отвори итна истрага откако функционер на британското разузнавање оставил во воз службени документи, означени како строго државна тајна, пренесува „Би-Би-Си“. Портпаролот на британската влада го потврди инцидентот и откри дека документите што се однесуваат на Ирак и на Ал каеда ги оставил висок функционер на британското разузнавање, кој веднаш бил суспендиран од работа. Станува збор за два документа од исклучителна важност, кои биле пронајдени во плик од случаен патник кои ги префрлил во една локална станица на „Би-Би-Си“, од каде што тајните документи ги презела полицијата. Истрагата за инцидентот со губењето доверливи, службени и тајни документи ја презеде одделот за безбедност при полицијата „Метрополитен“. Засега се знае само дека функционерот, чиј идентитет не се соопштува, бил овластен да ги носи со себе документите, но толку долго колку што можело за нив да се смета дека се на безбедно. - Откривањето два тајни документи во воз, во седиштето на британската влада во Вајтхол, е пречекано со гнев и со чувство на засраменост. Тие документи требало да кружат меѓу врвот на британските разузнавачки агенции, военото разузнавање и британскиот премиер - изјави висок владин функционер, објаснувајќи дека станува збор за документи кои едноставно не смее да „излезат надвор“. Разузнавачки и безбедносни експерти сметаат дека сега, пред завршувањето на истрагата, е предизвикана голема штета, која може да има „несогледливи последици“ ако содржината „се најде на улица“ или на интернет, а особено ако Ал каеда дознае кои се тајните и сознанијата што британското разузнавање ги има за нив, за нивните слабости или за вмешаноста на таа терористичка мрежа во пакистанските состојби.
 

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.491
Поени од реакции
1.573
Саркози изјави дека порај тоа што Франција ќе ја намали армијата за 50.000 војници, двојно ќе го зголеми буџетот за разузнувачки активности.

Имено, Франција сака да има разузнувачки потенцијал од ~4000 луѓе, значи e на нивото на Велика Британија.

http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/france/2141167/France-to-double-spy-budgets-and-cut-50,000-troops.html


.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Саркози изјави дека порај тоа што Франција ќе ја намали армијата за 50.000 војници, двојно ќе го зголеми буџетот за разузнувачки активности. Имено, Франција сака да има разузнувачки потенцијал од ~4000 луѓе, значи на нивото на Велика Британија.

http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/france/2141167/France-to-double-spy-budgets-and-cut-50,000-troops.html
Мисир,како си запознаен со нашиве Џејмс Бондови.Што мислиш за УБК дали е доволно силна?
 

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.491
Поени од реакции
1.573
УБК доволно силна за што?... Сепак, на било што да се однесува, не го знам одговорот на твоето прашање.

Овој Американски државјанин подоле е уапсен вчера за да го дадат како пример што ќе им се случи на тие “најситните’’ ако решат продаваат технологија на Кина. Америте одамна немаа уапсено некого за индустриска шпионажа иако истата се одвива на “ангро’’. Контрите мораат да сечат:

http://www.usatoday.com/news/nation/2008-06-18-economic-espionage_N.htm


.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Па дали е доволоно моќна во шпиунска смисла или дали доволно располага со информации луѓе,пари итн ,или таму имаме само шверцери на ракија и цигари.

На интернет нема ништо за нив
 

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.491
Поени од реакции
1.573
Филип, извини, но не знам.


Тајните операции на ЦИА против режимот во Иран добија потврда од Американскиот конгрес во вид на нови средства:

Clandestine operations against Iran are not new. U.S. Special Operations Forces have been conducting crossborder operations from southern Iraq since last year, the article said.

These have included seizing members of Al Quds, the commando arm of the Iranian Revolutionary Guard, and taking them to Iraq for interrogation, and the pursuit of "high-value targets" in Bush's war on terrorism, who may be captured or killed, according to the article.

But the scale and the scope of the operations in Iran, which include the Central Intelligence Agency, have now been significantly expanded, the article said, citing current and former officials.

Many of these activities are not specified in the new finding, and some congressional leaders have had serious questions about their nature, it said.
Among groups inside Iran benefiting from U.S. support is the Jundallah, also known as the Iranian People's Resistance Movement, according to former CIA officer Robert Baer. Council on Foreign Relations analyst Vali Nasr described it to Hersh as a vicious organization suspected of links to al Qaeda.

The article said U.S. support for the dissident groups could prompt a violent crackdown by Iran, which could give the Bush administration a reason to intervene.

None of the Democratic leaders in Congress would comment on the finding, the article said. The White House, which has repeatedly denied preparing for military action against Iran, and the CIA also declined comment.

The United States is leading international efforts to rein in Iran's suspected effort to develop nuclear weapons, although Washington concedes Iran has the right to develop nuclear power for civilian uses.

http://news.yahoo.com/s/nm/20080629/pl_nm/bush_iran_report_dc
 

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.491
Поени од реакции
1.573
Многу интересно, се јави Шабитаи Шавит (поранешен шеф на израелскиoт МОСАД) во лондонски Telegraph: Израел има година дена на располагање да ја реши заканата предизвикана од иранската нуклеарна програма. Доколку не, Израел ќе биде изложен на опасност да биде нападнат. :toe:
 

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.491
Поени од реакции
1.573
Ќе видиме, многу се збори, многу се игра со оружје, но засега се' останува на закани - но Иран заради сето тоа повторно прифати дијалог (всушност попвеќе од тоа, прифати насоки).

National Review денес, “Зошто воопшто се потребни државни тајни?’’:

...But according to Judge Vaughn Walker, there’s no such thing as a state secret when the government’s foreign intelligence operations so much as touch U.S. soil. That’s a huge loophole for America’s enemies. Let’s look at the case that led Judge Walker to his bizarre ruling. The plaintiff is the al-Haramain Islamic Foundation, an outfit that even the United Nations has identified as an al-Qaeda front. This particular branch was located in Ashland, Oregon, and ran an Islamic school, Internet café, and money-transfer business. It also held itself out as a humanitarian charity helping poor Muslims in Africa and Asia. Yet somehow, say diplomats, the alms kept winding up in terrorists’ hands. Money collected in Oregon helped finance terror attacks in Israel, Kenya, and Indonesia, among others, according to Associated Press reports. Their targets were frequently U.S. embassies and Americans. Today, Al-Haramain is all but defunct in the United States. But one thing lives on: Its lawsuit to force federal agents to disclose the most sensitive details about how they were able to uncover its terrorist ties and shut it down. Wednesday’s ruling is a huge step toward making that happen. Once it satisfies a few minor procedural hurdles, the court will lay out the particulars of how it can legally siphon top-secret information from the government and its private-sector helpers — mostly telecom providers like AT&T.

http://article.nationalreview.com/?q=ZDczZjAwMDEyYjdhNmQzNTM3ZGMzMzZjZjk3MmU5Mjk

.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.491
Секој петти руски владин претставник се бавел со шпионирање во Велика Британија


Активноста на руските шпиони во Британија сериозно ја загрозуваат борбата против тероризмот поради што ќе биде една од темите на која ќе разговараат Британскиот премиер Гордон Браун и рускиот претседател Димитриј Медведев на самитот Г8 во Јапонија – тврдат британските разузнавачки кругови на кои се повикува „Сандеј телеграф.“ Весникот го наведува податокот дека руските рзузнувачки служби кои биле осомничени за убиството на екс агентот на КГБ, Александар Литвинено во Лондон, во Велика Британија имале мрежа од 30 шпиони.
- Британија прашањето за руските агенти го подигна на дипломатско ниво, но наиде на ладен одговор. Британската влада разговараше со владата во Москва и побара од неа да ја прекине таа активност, но нивниот одговор беше дека „секој го шпионира секого“,- рекол висок британски функционер.
Ова предупредување следувало по објавените информации од минатата недела дека Русија се смета за трета најголема опасност која и се заканува на Велика Британија, додека на прво место била Ал каеда, а веднаш по неа иранскиот обид за произвоводство на атомско оружје.
Познат е фактот дека тие агенти, секој петти човек од официјалните претставници на руската влада, го следат движењето во детали на руските емигранти и протвнивниците на режимот, но нивна мета мета се и бизнисмените и научниците од кои се обидуваат да ги украдат комерцијалните и државни тајни, тврди весникот.
 

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.491
Поени од реакции
1.573
Oд kajgana насловна:


“Кртот’’ на МОСАД во Иран осуден на смрт

Иранската телевизија објави дека Али Аштари, човекот кој што беше фатен и обвинет за шпионажа во корист на Израел, е осуден на смрт. Аштари бил врбуван од тројца израелски разузнувачи кога престојувал надвор од Иран.

Во специјалното интервју со Аштари за државната иранска телевизија, тој ги опишува методите и инструкциите на МОСАД како да ја пенетрира иранската влада. Аштари вели дека МОСАД ја искористил неговата професија како продавач на компјутери и специјалист за електроника, а неговите клиенти биле највисоките ирански воени раководители.

“Офицерот за врски ми даде лаптоп за да можам да комуницирам со него преку шифрирана електронска пошта, а исто така ми даде две специјални шифрирани направи кои што требав да им ги дадам на моите клиенти за да ги тестирам’’ рече Аштари.

Офицерот за врски од МОСАД исто така му сугерирал на Аштари да постави прислушни направи како и направи за лоцирање во електронските уреди кои што Аштари ги продавал или поправал за клиентите во иранското Министерство за одбрана. Специјалните GPS направи за лоцирање им овозможувале на агентите на МОСАД не само да знаат каде се наоѓаат иранските воени лица, туку и што имаат на себе и што прават!

Од посебен интерес за МОСАД биле тројца ирански офицери за набавка на оружје. Според Аштари, преку добивање информации од нив, МОСАД сакал да дознае детали за ракетната програма на Иран. “Офицерите за врска на МОСАД ме инструираа да ги изнесам тројцата ирански офицери за набавка надвор од Иран под било кој изговор - туризам, специјални семинари, или изложби.’’

Очигледна е намерата на Иран преку смртната казна за Аштари да ги уплаши своите граѓани да не потпаднат под напорите на Западните разузнувачки служби. Истовремено, Иран сака пропагандно да поентира и да покаже дека тој ја има предноста во разузнувачката војна.

Од интервјуто и според изгледот на Аштари, може да се заклучи дека тој не бил подвргнат на физички и психички измачувања, својствени во вакви случаи.

Од своја страна, Израел одби да коментира и даде кратка и крајно лаконска изјава дека не знае за постоењето на таков случај.

 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.924
Поени од реакции
131
Ocigledno...ovaa ke bide golema.
 

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.491
Поени од реакции
1.573
Ocigledno...ovaa ke bide golema.
Така изгледа. Сега пак излезе во јавноста "Реза Халили", човекот кој што за потребите на CIA влегол во врвот на структурите на Иранската Ревилуционерна Гарда и открил замешаноста на Иран во неколку терoрстички напади.

Во секој случај, многу интересно да се прочита:

http://pajamasmedia.com/blog/former-cia-agent-in-iran-comes-in-from-the-heat/


Ќе се обидам да го ставиме ова на kajgana насловна, иако тука прво го постираме.
 

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.491
Поени од реакции
1.573
Новодсти на другиот фронт, Грег Бергсен од Пентагон е осуден на 5 години затвор за давање дверливи информации на кинескиот агент Тај Шен Кјо...

http://newsinfo.inquirer.net/breakingnews/world/view/20080712-148009/Pentagon-worker-gets-5-years-for-aiding-China-spy

Тоа е неверојатно лабава пресуда, претпоставувам има некаква зделка тука.

Се поставува прашањето, кога нашиве говеда продадени на Грците ќе попијат пресуди, па макар и од 5 год. затвор?!
 

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.491
Поени од реакции
1.573
Затворена Американската контраразузнувачка агенција CIFA

Пентагон ја затвори Американска воена агенција за контраразузнување - Counterintelligence Field Activity (CIFA) создадена во 2002 год. од тогашниот Министер за одбрана, Доналд Рамсфелд.

Овој потег е повлечен од сегашниот Мининстер, Робер Гејтс, кој стравуваше дека CIFA можеби ги пречекорила уставните овластувања во својата работа и надгледувала Американски државјани. Еден од поконтроверзните програми на CIFA e тнр. база на податоци “Taлон’’ (Threat and Local Observation Notice) во која се складирале податоци за Американски државјани кои претставуваат опасност за мирот. Талон беше укинат минатата година заради реакцијата на јавноста.

Активностите на СIFA ќе бидат превземени од нова организација Defense Counterintelligence and Human Intelligence Center, под патронат на Defense Intelligence Agency. Целта на овие промени, според Гејтс, е да се постигне интеграција и поголема ефикасност на работата на армиските служби.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom