Шпедиција, шпедитерство

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
Онака заинтересиран за оваа дејност,економистите,шпедитерите сигурно ќе знаат да ми дадат точен одговор. Која е всушност дејноста на шпедитерите и што работа опфаќа ова поле?
 

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
Увозно, извозно царинење на стока, луѓе и пари. Го обезбедуваат и транзитот низ РМакедонија.
Значи,внесува некој камион цигари,јас ги царинам и имам профит од тоа,или пак,некој од Македонија сака да извезува зеленчук и повторно јас ги царинам за излез од државата.
И за обезбедувањето,во случај на сообраќајка или нешто друго за штетата одговара шпедицијата.
Се надевам дека сватив барем малку од малку.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
1. УВОЗНИ РАБОТИ
Позиционирање
Диспонирање
Осигурување
Организирање и договарање на превоз на стока
Прифаќање и предавање на стоката
Царинење
Пресметување на трошоците и фактурирање на комитентот
2. ИЗВОЗНИ РАБОТИ
Организирање на отпрема на стоката
Прибавување на превозни документи
Царинење
3. ТРАНЗИТНИ РАБОТИ
4. САЕМСКИ И ИЗЛОЖБЕНИ РАБОТИ
5. ДРУГИ РАБОТИ
Складирање на стока
Товарање, истовар и претовар на стока
Пакување на стоката
Сигнирање - обележување на стоката
Местен или градски превоз (Loco-transport)
6. СООБРАЌАЈ
Координација и кооперација во сообраќајот
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Следните општи услови се аплицираат за секоја форма на услуга која ја извршува Шпедитерот. Страната која го назначува Шпедитерот за извршување на дејствија и активности се смета за Клиент на Шпедитерот, без обзир на договорениот начин и форма на плаќање.

Овие услови се применуваат без оглед на комплексноста на дејствијата и активностите, како тие на Бродски Агенти, Осигурителни агенти, складиштари, Пакувачи итн....
Сите понуди направени од страна на Шпедитерот, доколклу истата не содржи датум на валидност, се од информативна природа исклучиво.

Сите понудени цени треба да се базирани на тарифи, дневници, трошоци за социјално осигурување и/или законски прописи, возарини и девизни курсеви кои се важечки во време на котирањето или договорот. При промена на некој или повеќе од овие фактори, понудената или договорена цена треба да биде соодветно и ретроактвно променета во време кога настанала промената. Шпедитерот треба да е во можност да ја докаже настанатата промена, на база на своја слободна воља без никаква обврска.

Доколку не е поинаку определено, all-in или фиксните тарифи не треба да ги вклучуваат следните трошоци: царината, такси и даноци, трошоци за издавање на банкарска гаранција и осигурителни премии.

За работа од специфична природа, невообичаена работа или работа која бара посебно време или труд, може да се наплати дополнителен разумен износ.

Во случај на да времето на утовар и/или истовар е неадекватно – без разлика на причината за тоа – сите произлезени трошоци од тоа како лежарини, денгуби и др. треба да ги сноси Клиентот. Трошоците од посебна природа и повисоки дневници кои произлегуваат кога превозниците (на основа на важечки прописи или договори) утовараат или истоварат навечер, сабота или недела, или празници, не треба да се се вклучени во договорната цена, доколку не е поинаку утврдено. Било кој од овие трошоци треба да биде исплатено од Клиентот према Шпедитерот.
Шпедитерот ќе вложи труд да ги вклучи осигурувањата против сите ризици (ААР) или други видови на осигурувања на пратката само во случај ако прими напишани инструкции од Клиентот во потребното време пред испораката да биде извршена од точката на поаѓање. Клиентот во исто време мора да го наведе видот и сумата на осигурување. Шпедитерот не превзема и не гарантира осигурување без да биде истото побарано од Клиентот, освен во случаеви кога клиентот има своја генерална полиса склучена директно со осигурителна компанија и даде инструкции на Шпедитерот да предметната пратка ја вклучи во споменатата полиса. Осигурувањето треба да биде потврдено со цертификат или издадена полиса и ќе биде спроведено само во случај ако е прифатено од страна на осигурителните компании. Ако осигуреникот има недоразбирање во врска со своите права и обврски, настанати поради било која причина, се обраќа до осигурителот исклучиво и Шпедитерот не превзема никаква одговорност во врска со тоа, без разбирање дека пратката била осигурана према издадената полиса во име и на сметка на Шпедитерот или дека премијата согласно издадената полиса не треба да биде платена на Шпедитерот од страна на Клиентот – осигуреникот. Ако од било какви причини предметната пратка е задржана во складиште или на друго место, осигурувањето нема да важи освен ако Шпедитерот не добие пишани инструкции од клиентот. Сите премии и трошоци поврзани со осигурување на пратките се на сметка на клиентот.
Освен во случај кога инструкциите се напишани од страна на клиентот, во секој друг случај Шпедитерот има комплетна слобода во избирање на начин, маршрута и процедура која ќе се следи при манипулирање на пратката, транспорт и финална испорака. Секој совет од страна на Шпедитерот до Клиентот дека определен поединец или фирма е избран да ги врши услугите во врска со превоз на пратката не мора да значи дека истите ќе ја завршат предметната обврска. Во интерес на пратката како и во зависност од Превозникот, Шпедитерот има дискреционо право на промена на еднаш одбраните превозни патишта, маршрути или агенти.

Клиентот треба да биде сигурен дека стоката и документите се презентирани на договореното место и време. Шпедитерот не и обврзан но е надлежен да провери дали доставеното до него е исправно и комплетно. Шпедитетот треба да е овластен, но не и задолжен, по свој авторитет и на сметка и ризик на Клиентот да ги превземе сите акции за кои тој смета дека се потребни а се во интерес на налогодавецот.

Шпедитерот не треба да се работи како експерт. Не треба во никој случај да е одговорен за било која инструкција или уредба издадена од релевантна Владина институција која се однесува на природа или квалитет на стоката, ниту пак треба по било кој основ да е одговорен дека превезуваната стока е иста како узоркуваните примероци.
Шпедитерот е обврзан да континуирано врши следење на сите законски и подзаконски прописи и уредби поврзани со регулирање на правото на увоз и извоз на стоки и услуги. Своите услуги од областа на посредување при увозно-извозно царинење, согласно Законот за облигациони односи и Општите услови за работа на Меѓународните шпедитери во Македонија, Шпедитерот ги пружа врз база на усмен или писмен договор со своите клиенти. Клиентот е должен да ги достави навремено сите потребни информации поврзани со видот на пратката, нејзината вредност и потекло кои се потребни како би се извршило царинењето.

Во ниеден момент Шпедитерот не превзема никаква одговорност во име на својот клиент пред Царинските органи во поглед на точноста на пријавените податоци околу видот и количината на секоја пратка презентирани врз база на добиените документи. Сите трошоци кои би настанале како последица на задржување на пратката од страна на царинските органи поради неправилност при пријавување на пратка, се на терет на клиентот. Истотака, сите последици поврзано со евентуално неправилно декларирање на пратката се на терет на Клиентот. Доколку важечката регулатива утврдува материјално-кривична одговорност на Царинскиот посредник во случај на неправилност од било кој вид со манипулираната пратка настаната без негово знаење и влијание, Клиентот ги надокнадува сите Судски трошоци и евентуално изречени казни. Во вакви случаеви поради заштита на угледот и честа на Шпедитерот, Клиентот превзема обврска за јавно признавање дека Шпедитерот бил вовлечен во незаконско дејствие без негово знаење и намера.

Освен ако не е со договор посебно регулирано, во ниеден момент Шпедитерот не превзема одговорност за плаќање на царинските и други давачки во име на својот клиент. Плаќањето на сите давачки поврзани со увоз или извоз на одредена пратка се исклучива обврска на Клиентот. Плаќањето на давачките може да биде извршено од страна на Шпедитерот само доколку истите авансно се платени од страна на клиентот.

 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Шпедитерот е овластен да избере и ангажира транспортери, субшпедитери, царински посредници, складиштари и се друго што е потребно за да се заврши дадениот налог од клиентот. Пратката може да биде препуштена на горенаведените ангажирани страни под сите услови на ограничување на одговорноста за загуба, штета или задоцнување, без разлика дали ограничувањето на одговорноста е запишана, искуцана или одпечатена на товарните листови или други издадени транспортни документи . Под ниедни услови Шпедитерот не превзема одговорност за штета, загуба или задоцнување на пратката, во случај кога истата е под надзор, припадност или контрола на трети страни избрани за манипулирање на пратката.
Налогодавецот треба да плати на Шпедитерот за договорениот износ и сите произлезени трошоци како возарина, царина и др. трошоци кои произлегуваат од договорот и/или овие улови, при пристигање но пред финална испорака на стоката која е примена или испратена. Ризикот за промена на девизниот курс ја сноси налогодавецот. Договорениот износ и другите произлезени трошоци возарини, права итд, произлезени од договорот и/или овие улови исто така треба да бидат наплатени доколку за време на извршување на договорот настане штета. Ако, во спротивно од Параграф 1 од ово член, Шпедитерот дозволи одложено плаќање, Шпедитерот е надлежен да побара дополнителни трошоци за лимитот на кредитот. Ако Клиентот не го плати веднаш доспеаниот износ во дадениот рок , шпедитерот има овластување да побара законска камата. Во случај на откажување на договорот, сите побарувања на шпедитерот, вклучувајки ги и идните побарувања, треба да бидат наплатени во целост. Клиентот треба секогаш да е обврзан да го покрие Шпедитерот за износ кој ке биде дополнително побаран од надлежните органи во врска со налогот, како и релативните казни против Шпедитерот. Клиентот е исто така должен да ги исплати износите на Шпедитерот доколку трета партија ангажирана од Шпедитерот побара наплата во рамките на Шпедитерскиот договор. Клиентот трегба секогаш да го надомести Шпедитерот за секој износ како и за дополнителните трошоци кои можат да бидат побарани од Шпедитерот во врска со налогот како резултат на погрешно аплицирани возарини или трошоци.

Доколку Клиентот подолго време не си ги подмирува своите обврски, Шпедитерот го задржува своето право за ретенција – задржување на определна пратка се до моментот на исплата на заостанатите побарувања.
Условите (вклучувајќи штрајкови или блокади) за кои Шпедитерот не е одговорен, но кои го спречуваат целосно или делумно во исполнување на своите обврски, ќе го ослободат од обврските поврзани со налозите чие исполнување е попречено од таквите услови, за период колку што условите траат. Во вакви случаи, Шпедитерот ќе може но нема да мора (дури и ако фиксен датум за испорака на пратката бил утврден) да се откаже од договорот, дури и ако дел од налогот веќе бил реализиран. Во вакви случаеви и Клиентот ги има истите права со оглед на тоа дека договорот не може да се исполни. Доколку Шпедитерот или пак Клиентот се повлечат т.е. откажат од договорот поради горенаведените причини, Шпедитерот мора да добие компензација за сите настанати трошоци.
 

Ganimed

La Petite Seduction
Член од
18 јули 2008
Мислења
303
Поени од реакции
18
Shedicijata e shirok poim, sklop na Ekonomski i Pravni regulativi, prosta definicija za toa bi bilo deka e posrednik pomegu uvoznicite i izvoznicite i drzavnite institucii, postojat poveke vidovi na posrednici, i se podeleni vo poveke granki, osiguruvanje, komercija, deklaranti i magacinski rabotnici, zaednichko e na site sho se naogaat vo sklop na edna od najkopleksnite moderni struki koi ja tretiraat usluznata dejnost, ili na zapad gi vikaat Brokeri.
 
Член од
26 декември 2007
Мислења
25
Поени од реакции
0
A za Izvoz ???

Sto se moram da napravam za da izvezuvam vino vo HRVATSKA, znaejki deka mora da imam firma registrirano za uvoz i izvoz i dali nekoj znae kolku e carinata i koi drugi davacki se potrebni za da se izvrsi izvozot na sortno vino vo sisina od 750 ml.
P.S. Hrvatka e vo CEFTA
 
Член од
1 април 2011
Мислења
46
Поени од реакции
0
абе ја колку што сфатив од ова напишаново шпедицијата средува за влегување или за излегување стока од државава ја царинит стоката.

а дали шпедицијата треба да обезбеди превоз камионски.бродски ,авионски и тн, или пак само посредува за увоз и извоз од државава.

???????

точно е или не
 
Член од
1 април 2011
Мислења
46
Поени од реакции
0
шпедитерска фирма

ме интересира како кај нас работат шпедитерските фирми,и
кога би се отфорило таква фирма,дали се ваѓаат пари или само че ги тупнеш.
фала однапред :vozbud:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Абе ти за сто бизниси праша,еднаш зграда ќе градеш,сега шпедеција ќе отвараш...Мој совет,ако те чешаат пари,а гледам појма немаш од ништо,стави си ги парите во банка и чекај камата.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Абе ти за сто бизниси праша,еднаш зграда ќе градеш,сега шпедеција ќе отвараш...Мој совет,ако те чешаат пари,а гледам појма немаш од ништо,стави си ги парите во банка и чекај камата.


:pos2:
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
а дали шпедицијата треба да обезбеди превоз камионски.бродски ,авионски и тн, или пак само посредува за увоз и извоз од државава.

???????

точно е или не
ме интересира како кај нас работат шпедитерските фирми,и
кога би се отфорило таква фирма,дали се ваѓаат пари или само че ги тупнеш.
фала однапред
Се вадат пари, треба многу добра организација и ти треба искуство. Јас барем без искуство не би започнал со ваков бизнис. А Богами треба и да си го имаш по млаку со власта.

Зависи од потребата од клиентот, што значи да.
 
Член од
1 април 2011
Мислења
46
Поени од реакции
0
Се вадат пари, треба многу добра организација и ти треба искуство. Јас барем без искуство не би започнал со ваков бизнис. А Богами треба и да си го имаш по млаку со власта.

Зависи од потребата од клиентот, што значи да.
ok fala
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Руре рече ок.Сега е во потрага по нов бизнис.За два дена нова тема со наслов: Адвокатска канцеларија (прави ли пари?)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom