Шпагети Вестерни

Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Со оглед на тоа дека ни доаѓа нов шпагети вестерн од Тарантино во облик на Џанго (иако не е снимен во Италија да бидеме искрени...тоа е) отварам посебна тема за нивна дискусија.

Италијанските вестерн филмови се поделени на два вида филмови, шпагети и макарони.

Попознатите се шпагети вестерни во кои сите ликови се сурови и се покварени до срж, нема црно или бело со нив тука преовладува едно сивило. Јунакот во овие филмови ке го препознаете по тоа што само тој нема да сака да украде од сиропиталиште или црква (доколку го начекате во добро расположение и на добар ден) и најчесто во повеќето филмови "добриот" лик се открива на пола филм како во Добар, Грд и Лош. Други примери од овие филмови се Џанго, Запата, Дијамантниот Волк и За Шака Динамит ред други.

Од другата пак страна ги имаме макарони вестерните во кои преовладува повесела атмосфера и за разлика од шпагети вестерните ретко кој тука умира и иако повеќето од карактерите во филмот очигледно имаат оружје и се прикажани како го вадат и нишанат со него заканувачки, на крај се завршува со неколку боксови и клоци и скршени столици по глава. Границата помеѓу добрите ликови и лошите е добро зацртана и дејствието најчесто се сведува на тоа дека лошите украле или киднапирале некого и добриот момак оди да им ја крши кичмата. Ама без многу насилство бидејки сепак ова се фамилијарни филмови. Искрено на срце повеќе овие филмови ми лежат бидејки може со пиво да си седнеш да ги гледаш и да се смееш како зелен. Пример за овие филмови се повеќето филмови со Теренс Хил и Бад Спенсер кои се незаборавно дуо.


Малку непознат факт, дел од италијанските вестерни се снимани во поранешна Југославија и може да се приметат голем дел "наши" луѓе како Мексиканци ама со опинци. Исто така и Србите имаат снимено неколку шпагети вестерни (лесковачки вестерн?) во кои имаат глумено актери како Чкаља, Павле Вујишич и Гидра.

Еве ви го инаку Хер Жика во еден еден од безбројните продолженија на Џанго кои воопшто немаат никаква поврзаност со првиот филм. Баш да видам дали ке го познаете :) .



Мои омилени филмови од овој жанр

The Good, the Bad and the Ugly


БЕЗВРЕМЕНСКИ КЛАСИК. Епски филм почнувајки од приказната, музиката(сеуште се потсмевнувам кога ке ми текне како Мориконе ги терал лугено да вијат како којоти по студиата за снимање) па се до ликовите. Дејствието е сместено помеѓу граѓанската војна во Америка во кое еден бандит, eден ловец на глави и еден...Ли Ван Клиф (сериозно не ми текнува што беше он, let's just say he was bad) по сплет на околности тргнуваат во потрага на закопано злато за кое секој од нив тројца поседува одредено знаење каде е тоа закопано но никој не сака да дели. Кинематографијата е неверојатна, како денес да е снимен филмов а не пред 40+ години. Секоја сцена и после кој знае колку време од кога ми е гледам филмов сеуште ми е врежана во глава. Почетната сцена кога Туко изрипува од прозорот, пукањето во бесилката, патот низ пустината, правењето нов револвер од други револвери, бомбарирањето врз хотелот(If you want to shoot, shoot. Don't talk), минирањето на мостот па се до мексиканскиот обрачун на крајот. Филм за сите времиња.

Доколку се гледа немојте продолжената двд верзија да ја земате. Ги натерале Ели Валах и Иствуд да дојдат и да снимат нови гласови за своите ликови и.... не звучи воопшто добро. Поготово Валах кој е човек од 100 години. Блоооонди ахајајајајахајајајаја. Мислев човекот ке ми цркне на сред гледање.

Инаку поголемиот дел од филмот е сниман во Шпанија. За сцените кога се борат јужнаците против северњаците се користат Шпански војници како статисти. Кога требало да се крене мостот во воздух, војската погрешно го минирала и експлодирал кога камерите не снимале. Од срам на филмската екипа им изградиле нов (поубав!) мост кој после пак го кренале во воздух ама овој пат за среќа камерите биле уклучени :) .


They call me Trinity



Бад Спенсер и Теренс Хил :cuc: . Цареви. Италијанските Стенлио и Олио, со екстра млатарење. Едниот пука, другиот шамара. Сите филмови нивни во кои и двајцата глумат ми се гледани а меѓу нив овој ми е најомилен.
Не можам сцената со тепачката во барот да ја најдам па еве ова нека послужи како пример.

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Каде ја најде поделбата на Шпагети и Макарони? :)
Јас за Макарони вестерн прв пат слушам, а прочитав само дека Шпагети вестерните се позати како Макарони вестерни во Јапонија.

Еве ја старата тема за вестерни , плус имаме нешто и во водичот.

Бад Спенсер и Теренс Хил се најјачи :)
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Каде ја најде поделбата на Шпагети и Макарони? :)
Јас за Макарони вестерн прв пат слушам, а прочитав само дека Шпагети вестерните се позати како Макарони вестерни во Јапонија.

Еве ја старата тема за вестерни , плус имаме нешто и во водичот.

Бад Спенсер и Теренс Хил се најјачи :)
Така ги делат барем како што знам залуденици (меѓу кои сум и јас) по вестерни што се па така и ги пишав.

Бад Спенсер е звер. Појава од човек. Башка звукот кога мава некого во сите филмови му е ист. Твоумп! :ROFLMAO:
--- надополнето: 31 декември 2012 во 11:14 ---
Инаку животна желба ми е ајвар вестерн да видам. Со се опинци, фесови и колт нејви револвери. Dust не го сметам


Шериф Џон Тасе, Шериф Џон Тасе! Дер из а тчрабл бруинг ин Охрид Таун. Тхе бандит Абдула Смит киднепд Сара Џејн Мара. Ју хев ту кам енд сејв хр.

Милини.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Првава сцена кога ја гледам како ми се јаде тавче гравче, ненормална работа... :)

И 0:49:00 јака сцена кога мислат дека Бад е Амиш :pos:
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Првава сцена кога ја гледам како ми се јаде тавче гравче, ненормална работа... :)

И 0:49:00 јака сцена кога мислат дека Бад е Амиш :pos:
Значи колку пати и да ми е гледанa, таа сцена секогаш успева да ме пресмее.

А грав и каубојци секогаш на ова ме асоцира.

 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669

единствен филм со Џон Вејн шо го имам гледано
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Така ги делат барем како што знам залуденици (меѓу кои сум и јас) по вестерни што се па така и ги пишав.

Бад Спенсер е звер. Појава од човек. Башка звукот кога мава некого во сите филмови му е ист. Твоумп! :ROFLMAO:
--- надополнето: 31 декември 2012 во 11:14 ---
Инаку животна желба ми е ајвар вестерн да видам. Со се опинци, фесови и колт нејви револвери. Dust не го сметам


Шериф Џон Тасе, Шериф Џон Тасе! Дер из а тчрабл бруинг ин Охрид Таун. Тхе бандит Абдула Смит киднепд Сара Џејн Мара. Ју хев ту кам енд сејв хр.

Милини.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
еј,браво за темава да се потсетиме,на тие времиња,
кога за карта за да гледаш вестерн филм,се чекаше на ред,
понекогаш и тешко се доаѓаше до карта,или ако сакаш да го гледаш во првите денови,мораше да бараш помош од „тапкарошите“. Добро ама ние си ги викавме каубојски филм.
Е се сеќавам дека и на ТВ имаше добри каубојски серии,како онаа уште пред земјотресот со име „Дилижанса“- мислам,но тогаш во мааало имаше еден до два ТВ, но не ни бранеле на нас „малски копиљи“,да гледаме,дури тогаш и ТВ се местело до прозор или во двор. А „Бонанца“ не беше многу одамна.
Сега сме приморани да гледаме туркиш серии,не им текнува да ги репрезираат овие вестерн серии или други.
Е сега дали се шпагети или макарони,Карапанџа подобро знае
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.496
Поени од реакции
80.561
Сега сме приморани да гледаме туркиш серии,не им текнува да ги репрезираат овие вестерн серии или други.
Оф:
Никој не те приморува да гледаш туркиш серии, сега со интернетот можеш да го симнеш било кој филм за 10 минути :).

Он:

Мислам дека веќе изумре овој жарн на филмови, чат-пат ќе се направи еден на 3-4 години ( Овде не го вклучувам овој филм :гомце: ) а богами нема ни актери кои би можеле да одиграат улоги како што на времето тоа го правеле Џон Вејн и Иствуд. Инаку Хил и Спенсер ти се легенди, не ги имам гледано сите нивни филмови, ама нема што, права класика се тие.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Оф:
Никој не те приморува да гледаш туркиш серии, сега со интернетот можеш да го симнеш било кој филм за 10 минути :).
------------------------
------------------------
------------------------Незнам зошто излезе вака.(вториот дел го избришав)
што велиш внучко,интернет
па дали 10% од оние лица кој одеа на кино тие години,кога се прикажуваа овие филмови,знаат воопшто што е тоа а и дали го имаат дома,а и ако го имаат дали знаат да го „симнат“,и ако го симнат па ќе треба превод а има и други пензионерски маки.
Еј, не беа само филмови „ Кул “ - тоа време,
каубојските романи - пишани одеа како алва,и се читаа.Јас ги имав сите „ Вајат Ерп “ од 1 до 300 собрано и прочитано,потоа почнаа да ги „ Репризираат “, исто така и „ Док Холидеј “- подоцна испаднаа и нив редовно ги купував. „Ласо “и нив,можеби беа и најдобри романи,секој со нова приказна,нови каубојски и индијански јунаци.
Еј,кај ми бил паметот,да читав книги 3 факултети ќе завршев,едвај чекав да ја отворат трафиката и наутро во среда и четврток прв ги земав наброените романи.
А колку сме трчале низ маало со пиштоли од багремови гранчиња играјќи „Камај“ да не расправам. Прави каубојци.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Господ простува, Io не!

Ми се допаѓа како звучи ова :)
Шпагети вестерните се снимани во средината на шеесетите години.
http://en.wikipedia.org/wiki/Spaghetti_Western
И кога своевремено се прикажуваа во скопските кина јас од такви филмови бегав како од чума. И ако во кино одев барем еднаш неделно. Имаше други филмови кој тогаш се гледа. Од тоа време се главните филмови со Џејмс Бонд, но имаше и други уметнички филмови. Француски, англиски... ( Клод Лелуш, Франсоа Трифо, Хичкок )
Сега ми е жал... Многу од овие филмови се вистински ремек дела. Многу од нив сум гледал подоцна од кога се појавија видео касети и ЦД
Но на Dio perdona... io no! не се сеќавам дека сум го гледал.
Инаку се согласувам дека името е симпатично
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511

Kajgana Shop

На врв Bottom