Шопи

М

Мартин`

Гостин
Инаку посебно женската стара народна носија е
посебно убава - богата баш на овие Шопи од тие села.
А и за Кривопаланечките села сум слушал-Шопи.
Но повеќе незнам од каде на пример се населиле тука.
може ќе се јават тамошните да објаснат подетално.
Претежно се иселиле барајки подобар живот и да купиле голем дел од имотите на Турците што тогаш си заминувале од Македонија, моите дедо и баба имаат Шопско потекло поточно од Кривопаланечките села. Дека Шопите се Бугари е најголема измислица, ако се Бугари тогаш автоматски и моите претци биле Бугари ? зошто тогаш истите како мал ми кажуваа дека во периодите на војните Бугарите се однесувале лошо кон нив (а нели браќа, ист народ?) и ги ограбувале кога минувале низ селата.. за разлика од нив оние денеска познати “фашисти“ Германци кога минеле со војските воопшто не биле такви.

За носиите што пиша дека биле убави, мислам уште некои се останати треба да ги најдам.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
668
Поени од реакции
176
Шопите се закон во Бугариjа. Престолнината нивна. Па и затоа се толку накурчени. Што да правиш, геополитика.
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
829
Поени од реакции
83
Шоп или на латински напишано Shop изворно означувал припадник на
Епископија Epi SHOP ia .односно Црква со ранг на Епископија.
Припадниците Шопја се оној дел од нашио народ кој бил ангажиран да одработува на имототе што имала Црквата во делот сточарство на ридско планинскиоте области .Географската област наречена Шоповлак,,денес се наоѓа во три држави, Македонија, Бугарија и Србија.
Таа територија отприлика би требало да биде некогашен ИМОТ што некогаш била управувана од страна на ,веројатно не сум сигурен Јустинијана Прима , со седиште во Скопје .
Забележете дека и називот на нашиот главен град е тој
SHOP
h->k
SKOP

Скопје

или кратенка од
Епи СКОП ија

За јaзикот што тие говорат реформаторот Вук Карачиќ пишал дека тоа е тн Торлачки јазик , давајќи и самиот несвесно посоката дека
Торлак е оној што живее во Торла те ТРЛА , а се занимава со сточарска дејност.
Значи не постои посебен шопски народ
не постои посебен шопски јазик
нема посебна шопска култура и литература
Шоп е занимање ,порфесионална дејност
Шоп , офчар во служба на - Црквата .
Види блискости со англискиот
Шоп
shop
Bishop
ShOpard -Shepard
ПасТир
Pastor Денес без причина терминот шоп сеуште е пејоратив кој се употребува за навреди и исмејување .
Некому тој термин служи за надминување и на искомплескираноста
некому за терање шега и мајтапење на сметка на општествените девијации .
Како и да е за сите нас што имаме потеклото од тие тн шопски краишта
поговорката е
“Држ се земјо , шоп те гази ..’’
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.793
Поени од реакции
5.455
Scupi е заведен под тоа име уште пред да има епископии.
Се ти паѓа во вода.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.124
Поени од реакции
32.031
Шопите според своите етнолошки карактеристики делуваат како преодно население помеѓу Бугарите, Македонците и Србите. И географската локација им е таква - Југоисточна Србија, Источна и Северо-источна Македонија и Западна Бугарија до Софија (со се Софија).
Шопите во Македонија се пишуваат Македонци, а во Србија и Бугарија - Бугари.Во Србија, иако се пишуваат Бугари, некои знаат за себе да кажат дека не се Бугари, туку Шопи. Интересно е тоа што Бугари кои живеат, на пример Варна, или други источни краеви, тврдат дека во Софија (или од Софија па на запад) не се вистински Бугари, туку Шопи.


Ако разгледуваме антрополошки, можат да се приметат две групи на Шопи. Едните се со прилично светол тен и коса, а другите со потемен тен и помалку азијатски прабугарски карактеристики. Овие со светол тен се изразито такви и со посветол тен и од Македонците, Србите или Бугарите.

Македонската официјална етнологија учи дека во Шопите има остатоци од германските рударски саксонски племиња, кои балканските средновековни благородници ги населувале тука, како масовна работна сила опитна во рударството.
Оттука имаме и топоними како Саса, Шопско Рударе и други.
Има две теории околу нивното име. Едната вели дека едноставно името е дериват од Саси (Саксонци), а другата дека името им доаѓа од германскиот збор шупен, по кој и ги нарекле. Станува збор за нивните живеалишта - шупи, во кои живееле, а кои ги граделе каде што биле населувани (во рударските краеви).
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
822
Една од верзиите за потеклото на етнографската група Шопи е поврзана со асимилација во бугарска средина на печенежкото племе Tzopon (чопон/шопон).
 
Член од
28 септември 2016
Мислења
25
Поени од реакции
11
Миграцијата си го направи своето, а до пред 20 години чист Шоп можеше да се препознае на 1км. Според сликата: 1 лево: изразиото азијатски карактеристики, ги имаше во помал број, главно потекло имаат од осоговските(паланечките) и пијанечките села во МК. 2 средина: изразито светли (сини, сиви) очи, светол тен, коса, специфична вилица, ги има(ше) насекаде во шопскиот регион во МК. 3 десно: Нај карактеристичен тип во МК. микс од предходните две, темна коса, светли очи, поретко темни, изразито развиен граден кош, и длакни, висока но послабо развиена става, бојата на кожата варира према изложеноста на сонце. Овие се од еден Молдавски бенд, 99% шопска физиономија, не сакав да користам приватни фотографии.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
668
Поени од реакции
176
Иако Софиjа е башка среде нивната област, на Шопите не им успева да формират дефинирано лоби и така да доминират со политичкиот врв на бугарската држава, и некако почесто се прикажуват како обjект на потсмев заради инат и претежен конзерватизам, но сосема добронамерно за воља на вистината.

Инаку во етногенезата на таа група придонес има и некоj средноазиски елемент, наjвероватно од печенешките племиња, за кои се смета дека одкако доселени во околината на тогашниот Средец, каj Ниш во Србиjа и во Македониjа, Свети Николе, го дале името на Шопите - дефинитивно странско, чудно име, тоа еднаш. За додатен доказ се користи одликата на карактеричниот син цвет, односно боjа туркуаз, во дел од нивната носиjа во центарот на Шоплукот долж Софиското Поле.

Шопите погрешно се сметат за поврзани со шопската салата коjа никогаш не била народно предјадење во Шоплукот, туку потекнува од сериjа рецепти на бугарскиот туристички завод Балкантурист во склоп на поширока стратегиjа за создавање туристички бренд и преку кулинарни стандарти во социjалистичка Бугариjа. Имало Шопска, Тракиска, Родопска салата, и т.н. за различните региони. Секоjа со своjа специфика.

Накраj каj народот се формирал афинитет само спрема шопската салата за таа полека да се претвори во омилен дел од поjадокот каj народот бидеjќи сирењето и другите продукти се присутни ширум целата земjа.
 
Член од
28 септември 2016
Мислења
25
Поени од реакции
11
Војници во Варшавскиот пакт од (лево кон десно) : Полска, Латвија, Чехслов.,Бугарија - Јордан Димитриев од Дупница, Унгарија, Германина ДДР.
 

Attachments

  • 120,1 KB Прегледи: 32

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.124
Поени од реакции
32.031
Kaква бре Латвија, тој може да биде само советски војник.
 
Член од
28 септември 2016
Мислења
25
Поени од реакции
11
Да советски, од Латвија. BTW контра стереотипот кон шопите за конзервативни и не ин, тука го гледаме Јордан со новата камуфлажна униформа, Нато војник да му завиди.
 
На врв Bottom