Шопинг на попуст или на нова колекција?

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Што повеќе практикувате, да пазарувате облека за време на попустите или да шопингувате облека која е дел од новата колекција?

Дел сте од оние кои одвај чекаат да прочитаат на продавниците попуст 50-70% и да го истрошат џепарлакот :). Попустите за вас се шанса за добар шопинг.

Но многумина ќе си речат зашто на крај на август да ги купам чевлите (кои цело лето ги зјапав) и сега ми се достапни и цената одговара, но наместо нив за 1 месец ќе си купам чизми (секако ќе си доплатиш повеќе) но тие веднаш ќе ги носиш, додека за сандалите треба да го чекаш следното лето.
Или често се прескокнуваат попустите зашто многумина ќе речат да не купуваат некоја сандала, зашто истата идното лето ќе нема да е во мода (божемски :))

И така се чека скапата и нова колекција и се трошат пари на парчиња кои имаат многу повисока цена отколку што вредат, па после ни е жал кога ќе ги видиме на попуст. Ама битно први сме ги купиле и сме ги носеле веднаш без да чекаме нова сезона.

Иако мора да кажам дека кај нас често одредена гардероба никогаш не доживува попуст, зашто или некои продавници имаат лажен попуст со накачени па смалени цени или некои парчиња гардароба вечно се на рафтовите за нова колекција.
Тоа е причина плус што ако нешто ми се свиѓа одма го купувам и не ги чекам попустите и ретко ги практикувам.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
На попуст во зимо сандали во лето гузерици.
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Облека купувам, да не претерам ама речиси секој втор викенд. Никогаш не чекам попусти, затоа што како што рече и самата.. кај нас некогаш и не се дочекуваат попусти, а од друга страна она што сакам да го купам би сакала по можност да го купам веднаш.
Кога наидувам на попуст, чудна работа ама нема голем избор и ништо не ми фаќа око. Можеби во одредена ситуација сум купила нешто за повеќе пари, а подоцна поевтинило.. но, не жалам. Пример, имаше еден преубав дуксер во кој се заљубив на прв поглед :icon_lol: и чинеше 2.000 ден. Знаев дека апла ќе му се снижи цената ама не ми се чекаше. И потоа го видов на попуст од 800ден.
Не се водам според: "морам да го имам тоа парче пред сите", едноставно - го купувам она што ќе ми фати око во моментот, евентуално неколку дена подоцна.
За купување облека надвор од сезона.. ми се случило, но ни за тоа не сум чекала попуст. Случајно имам купено јакна во екот на летото само затоа што ми се допаднала, а порано очигледно не сум ја забележала.
 
T

theTinule

Гостин
Тука кај нас еден попуст што го има, просто се е упола цена...

Нема врска, незнам ни кога е сезона -.-
Одиш, шеташ, купуваш она што ќе ти фати око.

Попуст во Солун - од 70 евра, на 15. А не тука кај нас, 50% демек попуст, спуштиле 200 денари само -.-
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Попуст во Солун - од 70 евра, на 15. А не тука кај нас, 50% демек попуст, спуштиле 200 денари само -.-
Најјако минатата недела имаше РАСПРОДАЖБА во Најк заради затварање на продавницата во ГТЦ.
И нели распродажба е се да продадат што имаат за најниски цени, а тоа се мисли и под 70% да се цените.
Јас цела среќна влагам во Најк со мисла дека ќе се изнакупам. И гледам блузичка на прерамчиња 2000 ден првична цена, а на распродажба 1600.
Нека си проверат следен пат во лексикон што е тоа распродажба, па потоа нека лепат плакати на цел излог.

А да и се изненадив од Тејли Вејл. Нели бренд е некој си. Ама битно имаат излог изналепен со попусти, а внатре на неколку парчиња гардароба напишана сума компјутерски, па врз неа со пенкало повисока сума, па одоздола сумата на попуст. Ајдееее бе.

И јас така попусти практикувам во Солун. 70% на излог пишува, значи се од стара колекција е 70% на попуст. Си има дел нова колекција и високи цени.
А кај нас 70% на излог, а внатре 1 ред 70%, 2 реда 50% и останатото 20% попуст. Тоа 70% им е од лани робата не годинешна.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.394
Поени од реакции
2.431
Ако нешто ми се свиѓа не е битно дали е на попуст,си го зимам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom